11.03.2012, 15:37 Чувствителен на килограмите
Kога австриската репортерка го прашала Џејми Оливер дали малку се здебелил, тој ја нарекол „кучко“
Познат по оригиналниот пристап кон храната и, секако, по рецептите за здрава исхрана, Џејми Оливер знае да покаже заби ако некој го „чепне“ за линијата. Имено, кога австриската репортерка го прашала дали малку се здебелил, тој ја нарекол „кучко“.
Всушност, не беше јасно дали Џејми се шегува или е сериозен. Како и да е, славниот готвач признал дека води сметка за изгледот, дека вежба.
„Навистина многу се трудам, не е лесно да ја задржиш истата става и постојано да готвиш, да пробуваш“, се правда Џејми. „Мислам дека се работи за злонамерни фотографии, не сум здебелен“. |