11.03.2012, 15:36 Евровизиската песна плагијат?!
Песната на Жељко Јоксимовиќ предизвика силни реакции на сите социјални мрежи. Евровизиските фанови велат дека „Љубав није ствар“ уште од прво слушање потсетува на многу песни
Во саботата вечерта, во специјалната емисија насловена како „Евровизиска песна“ што се емитуваше на РТС, Жељко Јоксимовиќ ја изведе песната „Љубав није ствар“, која ќе ја претставува Србија на „Евросонг“ во Азербејџан. Но, иако енергична и со неколкуте силни аранжмански решенија, песната предизвика силни реакции на сите социјални мрежи. Евровизиските фанови велат дека „Љубав није ствар“ уште од прво слушање потсетува на многу песни, и на „Лане моје“ и на „Сањам“ на Кики Лесандриќ. Сепак, најмногубројните се оние што констатираат дека првиот дел од песната потсетува на „Рај” на британскиот бенд „Колдплеј“.
Вистинска дилема е дали на Јоксимовиќ ќе му се случи скандалот од Евровизија 2004. Имено, неговата „Лане моје“ потсетуваше на инструменталната песна „Ти не дојде” на азербејџанскиот музичар Аликан Самедов, а таа песна се наоѓаше на компилацијата „Буда Бар“. Како �� да е, со „Љубав није ствар“ Јоксимовиќ во свој стил изјавува како ќе го надмине пласманот на „Лане моје“ (второ место) што го имаше во Турција на евровизискиот фестивал од пред осум години. |