11.03.2012, 16:51 Фотографии на Александар Гаревски во „Мала станица“
Вечерва во „Мала станица“ во 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од Александар Гаревски, насловена „Монохроматик интро“
Изложбата е во рамки на Проектот за промоција на креативните индустрии на Министерството за култура, а фотографиите претставуваат сликовит пресек на долгогодишниот голем интерес и исклучително умеење на авторот да се изрази во овој медиум. Новинарката и фотограф Ивана Тасев, која ќе говори на отворањето, ги опишува како „широко безвремени и раскошно имагинативни“. (К.Б.) |