12.03.2012, 10:44 Лазаров со Атлетико Мадрид го освои Кралскиот куп
Нашиот репрезентативец со седум голови беше најдобар стрелец во финалето против Барселона (37:31), со што го освои и признанието МВП
Ракометарите на Атлетико Мадрид ја одбранија титулата во националниот Куп, откако во финалето ја совладаа Барселона со 37:31.
Предводникот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров со своите седум погодоци (три од пенал) беше прв стрелец во финалниот меч, со што го освои и признанието МВП за најдобар играч.
Покрај Лазаров, кај старо-новиот освојувач на Купот се истакнаа Агинагалде со шест, додека Кањелас и шведскиот репрезентативец Калман постигнаа по пет гола. Најефикасен во редовите на Барселона беше Ентрериос со шест голови.
Атлетико со победата над Барселона стигна до четвртата титула во купот, откако претходните три ги освои како Сиудад Реал.
|