Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
08.03.2012, 19:27

Едиторијал

Нови имиња за нова историја

Билјана Ангеловска

Народот има нова забава. Нови имиња на улиците, булеварите, на училиштата. Денеска во Македонија се' помалку се разговара за животот, за скапотијата, немаштијата. За тоа како се' потешко се поминува месецот, како се' полесно се останува без работа, за несреќата што ќе го снајде човек ако се разболи и ако не може да ги купи лековите.

Како се приближува самитот на НАТО во Чикаго, јавноста се замајува со други работи. А, бидејќи исходот од Чикаго е лесно предвидлив, разбирлива е намерата да се одвлече вниманието. Се продуцираат нови проблеми, афери, конфликти, инциденти. Се менуваат имиња на училишта, се прават протести, горат знамиња, се кршат излози, избиваат тепачки во автобуси. Системски разработена стратегија за колективна манипулација.

И обичниот човек одамна разбра дека во Македонија нема живеачка без политика. На сите им е јасно дека наметнатото менување на имињата на улиците не е потреба, туку тактика. Па дури и да е потреба, граѓаните се прашуваат зошто за новите имиња да одлучува „кумот“? Нели таквата традиција остана во историјата? Зарем не треба за тоа да се праша народот, тој сам да реши што сака, а не во негово име да одлучуваат партиите во власта.

Додека расте напрегнатоста меѓу граѓаните, коалициските партнери живеат во хармонија. ВМРО-ДПМНЕ за да го сочува „бракот“ ќе му дозволи се' на партнерот ДУИ, па дури и улиците да ги именува со Хасан Приштина, Жртвите на Блаце, Илирија, Приштина... Ќе го премолчи и поништувањето на одлуката на Инспекторатот за локална самоуправа за стопирање на преименувањето на училиштата во Чаир. Тоа што еден министер и главен инспектор од едно исто министерство, но од различни партии различно толкуваат еден ист закон, секако не е нешто околу кое би се карале брачните партнери.

Во меѓувреме граѓаните ќе се занимаваат со предлозите за нови имиња на улиците. Кого го интересира НАТО, ЕУ, инвестиции, егзистенција? Сега е ред на улиците. Имињата на улиците во Скопје не се сменети речиси 50 години. Сепак, се сеќава ли уште некој дека главниот плоштад и пешачката улица се' уште се викаат „Маршал Тито“? Пред неколку години имаше иницијатива да се пре��рстат улиците. И, бидејќи некому му досади да живее на булеварот „ЈНА“, или на улицата „29 Ноември“, реши да „се пресели“ на „Св. Климент Охридски“, на „Костурски херои“. Истите тие кои се родија, се школуваа, па и се збогатија во бившата држава, одеднаш не сакаа да се потсетуваат на маршалот Тито и се ослободија од неговото име прекрстувајќи го плоштадот во „Македонија“.

Сега Градот Скопје повторно ќе пишува историја. И, додека на Французите воопшто не им пречи што еден од главните булевари во Париз повеќе од 50 години се вика „Сталинград“, нам ни пречи името „29 Ноември“! Тоа што за Французите ја симболизира победата над фашизмот, за нас значи да се заборави датумот кој остави трага во создавањето на македонската држава. Ние ќе се откажеме од имињата кои се дел од нашата историја, од македонското национално и културно битисување, но затоа ќе им направиме чест на Ана Франк, Павароти, Глигораш Диницу, Давид Бен Гурион, Жељу Желев, на косовската област Гора. Ќе ги крстиме улиците по епопеи, жртви на заговори, заседи, битки, по странски кнезови, принцови, филозофи, политичари, пејачи, па дури и по песни и ора.

Ако го прашате народот дали сака нови имиња на улици, ќе одговори не. Не зашто сегашните имиња му се допаѓаат повеќе, туку од едноставна, прагматична причина, да не се изложува на нови трошоци, да не вади нови лични документи заради новата адреса. Но, кој за нешто го прашува народот.


Статијата е прочитана 1525 пати.

Испрати коме��тар



Татковината ќе не' препознае сите
Сезнајко
Индија како Тајван



jovan, 09.03.2012 00:48:21
Ja pegla istorijata koj kao ke mu tekne.
ангел бг, 09.03.2012 06:05:36
Не е добро улица да се крштава на жив човек. Станува збор за Жељу Желев. Јас и не сфатив зошто ќе ги менувате имињата на улиците.
David, 09.03.2012 06:13:45
Малку по малку, работите изгледа неизбежно се движат кон обезличување. Ова не е шминкање на историјата, туку хируршки зафат по што ќе се соочиме со непрепознавање. И тоа, не на улици и плоштади, туку на региони, па на крајот, и на државава. Се менува иконографијата - некои нови лица. Имиња на училишта, топоними. Одродници,џелати, предавници, негатори на македонскиот национален идентитет, на државните и на народните интереси, ни се подметнуваат како херои, големи мислители. Под нозе се ставаат основоположници на нашата преродба, на првоучители, втемелувачи на нашето национално профилирање, но и на државници кои ги ставија знаците на нашето државно препознавање и опстојување. Ова е доказ дека нашата судбина во моментов е во раце на шупливци, волунтаристи, на дневнополитички профитери.
Ljubotan Trade Namel, 09.03.2012 06:38:38
Site svetski - megjudrzavni patista imaat brojki i imina ,sto mislete?: Megjunarodniot pat Makedonija- Kosovo; Teovo- Kosovo se vika ;Jefrem Janjkovic Tetovac!
citatelka2, 09.03.2012 09:14:53
Да, читам и не верувам на очите, Ана Франк (секоја чест) има повеќе значај за нас во Скопје од 29.ноември, кога си добил држава, од ЈНА која (иако подоцна озлогласена) го расчисти овој град на солидарноста а сиротите војници од цела ЈУ во својата младост се соочија со најцрни слики....и помогнаа на овој народ. Што е тоа освен бришење на историја? Просто да не веруваш дека е само човечка глупост.
kumanovec, 09.03.2012 09:40:23
Vo posledno vreme se povekje se sramam shto sum Makedonec.Sega mi e jasno zoshto nikogash ne sme imale drzava.Ovoj neblagodaren narod i ne zasluzuva da ima drzava.Nie denes go slavime 8-mi septemvri kako den na drzavnost a go izbrishavme od istorijata 29-ti noemvri den koga navistina za prv pat vo nashata istorija ova parche zemja se nareche Makedonija.Ako gresham neka me ispravi nekoj i nekami kaze koga vo istorijata sme imale drzava so ova ime .So vekovi ovoj narod se borel da stvori drzava no nikogash vo toa ne uspeal i pokraj ogromnite zrtvi koi gi dal vo taa borba,se do NOB po koe bash na 29Noemvri i so pomosh na Josip Broz TITO i na bratskite narodi dobivme drzava.A sega se najdoa nekoi skoroevci i seto toa go pogazija.Ovoj neblagodaren narod so kratko pametenje i ne zasluzuva da ima drzava ,a kako odat rabotite i ova shtogo imame ke go izgubime.
Oskar, 09.03.2012 11:19:39
Napolno se slagam so avtorot vo odnos na promena na iminjata na ulici mostovi, skoli i dr. Neka izgradat novi ukici, skoli pa neka stavaat iminja po svoi vkus. Posebno sum iritiran od negatorskiot odnos kon se ona sto go sozdade prethodnata generacija po II svetska vojna. Smetam deka e neprimerno, neblagodarno i sramno da se izbrise sekoja traga na tvorecot na RM, kako i negovite zaslugi za obnovata i pomosta dadena na Skopje i Skopjani posle katastrofalniot zemjotres, Josip Broz Tito. Go simnaa negovoto ime od site ulici, plostadi, organizacii pa duri i porakata dadena po povod zemjotresot od zeleznickata stanica. Ova ke ostavi crna damka vrz graganite na Skopje.
Nikola, 09.03.2012 12:18:22
Seta ovaa glupost so promena na iminja na ulici, pravenje na centarot diznilend i sl. se resava ednostavno na slednite lokalni izbori.Da gi smenime ovie cirkuzanti od vlasta.
Јован, 09.03.2012 15:04:29
Ако се прави ВМРО припадници,како можеа да не дадат улица на некој хрватски великан,бидејќи со Хрватска имаат традиција од 19-век. Предлози :ул. Др.Фрањо Туџман,ул.Анте Старчевиќ,ул.Стјепан Радиќ (кој го нарекол ВМРО свето и го поздравил братскиот бугарски народ, тогаш народот на овие простори така се осеќал и изјаснувал, сега се македонци),ул.Анте Јакиќ(каде е печатен зборникот на браќа Миладиновци на бугарски јазик) итн.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Недела
Локални грмотевици
Макс: 9°C, Мин: 1°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 6°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |