Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
09.03.2012, 18:59

Мислења

Јас не сум папагал – зборувам слободно

Тодор Пендаров

Кампања до кампања, и странците се вклучија во нив, па стануваме кампањска држава

Токму така, поттикнат од кампањата на амбасадата на Соединетите Американски држави, плус владината кампања „Осмели се“ (малку надградена за моја употреба) еве „храбро“ ја пишувам оваа колумна. Сите знаеме дека кај нас кампањите (владини најмногу) станаа наше секојдневие па ако сакате и еден од лостовите на владеењето. Ама се плашам кога една странска амбасада прави кампања, демек, со цел да ја подигне свеста на граѓаните за „владеење на правото“ се' повеќе заличуваме на „кампањска држава“, а кога нешто се прави кампањски знаеме добро каков е крајот.

Како што објави „Утрински“ во американската амбасада истакнуваат дека кампањата има за цел да ја подигне јавната свест на граѓаните за општите начела од владеењето на правото. Понатаму, кампањата била двојазична, а згора на се' во американската амбасада сите се среќни бидејќи кампањата ја поддржува и Владата, а некои министерства, меѓу кои и Министерството за правда, ќе ја промовираат оваа кампања на нивните веб страници!?

Навистина, како граѓанин се чувствувам навреден кога една странска амбасада (па макар тоа била и американската, нашите најголеми пријатели, сојузници и не знам уште што) ќе води кампања за подигање на мојата свест за правна држава. Во исто време сум гневен на мојата Влада која дозволува една странска амбасада да се однесува на начин кој во суштина е спротивен со сите конвенции и меѓународни документи кои го одредуваат однесувањето и работењето на дипломатските преставништва.

И сега да се осврнам на идејните концепти на оваа ступидна и навредлива кампања. Авторите, поаѓајќи секако од нивното сфаќање на уметничката слобода и креативност, се обидуваат преку најразлични животни да ни ја подигаат граѓанската свест. И така ��мате слоган „Ти не си прасе - почитувај го законот!“ За почиста Македонија.

Е, сега, претставете си на пример во Арачиново или во Дебар, во Лабуништа каде што населението припаѓа на исламската вера, да обесите огромно пано или билборд со овој слоган секако на албански јазик. И кога во раните утрински часови верниците муслимани одат на првата молитва во џамија поминуваат крај ова пано, какви се нивните чувства кога ќе прочитаат дека тие не се прасе и дека треба да ги почитуваат законите. Ајде што „генијалците“ од агенцијата „Футура“ немаат поим од исламот и не знаат дека за секој муслиман е навредливо на било кој начин да го поврзуваш со прасе (па макар и во негација) ама изненаден сум од оние во американската амбасада кои го прифатиле овој слоган имајќи предвид дека токму Американците заради вакви ступидни и непромислени потези имале цел куп проблеми со припадниците на исламската вера ширум целиот свет.

И навистина сум изненаден од министерот за правда, кој како што истакнуваат во американската амбасада, присуствувал на промоцијата на оваа кампања зошто, барем дискретно не им шепнал на Амриканците дека неговите сограѓани Албанци нема да бидат баш среќни со слоганот „Ти не си прасе“ (Ti nuk je derr).

Понатаму слоганот „Не криј се како змија! Пријави данок“. Сите знаеме дека за Американците почитувањето на правната држава почнува и завршува со плаќњето на данокот. Сите знаеме дека неплаќањето односно затајување на данок за нив е најголем грев, а богами и казните се тешки. Арно ама за христијаните, барем за оние кои го почитуваат и Стариот завет, змијата е симбол на изворниот грев кој го сториле Адам и Ева и човекот е избркан од Рајот.

Замислете, сега одите во Соборниот храм во Скопје и гледате од спротива билборд и читате дека „Вие не сте змија и ќе треба да го пријавите данокот“. А како се чувствуваат свештениците кои ниту фискална сметка не издаваат?

Ама да ги оставиме верските чувства кои се дел од интимата на секој поединец. Ако сте поминале барем еден ворк-шоп за кампањи, посебно за кампањи кои се намети за менување или надградба на јавната свест на граѓаните за одредено прашање (во овој случај владеење на правото) тогаш морате да знаете дека кога правите вакви кампањи морате да земете предвид еден цел куп фактори кои грубо можете да ги сведете на она што се вика политичка култура. Секој социјален психолог ќе ви каже дека треба да се биде максимално претпазлив кога во ваква кампања правите паралела помеѓу човек и животно. Секој комуниколог ќе ве предупреди дека ваква кампања во средина како што е нашата ќе има негативен фидбек.

Ама за агенцијата „Футура“ кој храбро смислила слоган „Ти не си прасе“ или „Децата не се телиња, запиши ги во училиште“ ти останува само да коментираш онака уличарски во нивен стил - „Абе, пушти ги, гледаш дека се волови“.

Сите ќе се сложиме дека кај нас владеењето на правото и функционирањето на правната држава е далеку од стандардите во многу европски држави. А со тоа и свеста кај нас граѓаните е далеку под свеста на граѓаните на овие држави. Зарем има поголема и поуспешна кампања за јакнење на свеста на граѓаните за владеење на правото од фактот дека министер во ?ладата на Шведска си даде оставка само затоа што заборавил еден месец да плати ТВ претплата. Со право американските граѓани се горди на владеењето на правото кога еден општински судија му нареди на претседателот Никсон да ги предаде материјалите од аферата „Вотергејт“ што доведе до негова оставка.

Верувам дека амбасадорот Волерс ќе се сложи дека до таа свест не се дошло со кампањи, а уште помалку со кампањи кои ги правеле странски амбасади во Вашингтон. Убеден сум дека тоа го знае и актуелната Влада, како и сите оние политички елити кои досега се изменија во власта. И што сега? А, што утре? Ништо, освен да очекуваме некои нови кампањи.

(Авторот е државен службеник и изразува свои лични ставови)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1654 пати.

Испрати коментар



Автобусот наречен ризик
Cif? Не, благодарам!
Коронарен капитализам
Премиере, врати се!



jovan, 10.03.2012 00:58:44
Isto taka za mene e *navredlivo* koga go nosam deteto vo uciliste, a tamu pokraj zvanicnata/drzavna tabla so imeto na ucilisteto, grbot/znakot na drzavata i minist.za obrazovanie, stoj i tabla deka ova uciliste e renovirano od Norveskata Vlada/Ambasada. Neznam dali ne sme sposobni ni da go okrecime skoloto, pa moralo za toa da se pogrizi nekoj drug, ili pa taka ni odgovara. Isto e sega i so reklamive. Nekoj drug ni plaka reklami i ni kazuva sto i kako, ama ovojpat pa ne ni odgovara. Sega na red e nasava Vlada da ne osvezi so edna nova reklama na reklama. Inaku so dusa gi cekam da se vratat od Indija i Malezija i da ni pustat edna reklama na TV da vidime kolku investicii donele, kako gi primile so voodusevenost, a i da ni se pofalat kako si pominale. Za razlika od Americanskata reklama, ovaa sami ke si ja platime, no zatoa nema da ima svinji, telinja i zmii, nego palmi, plazi, tadj mahal....
P.Petar, 10.03.2012 06:10:11
Postojat drugi formi na megjunarodna sorabotka vo oblasta na izdignuvanje na svesta,etikata i estetikata vo edno opstestvo!Ova e klovnovska prezentacija za edna prepoznatliva sostojba! Zamislete koga bi se postavil plakat na Kale:Ovaa diplomatska zgrada go narusuva istoriskiot imidz na nasiot grad!Kolku i da sme bliski prijateli so Amerite tie so pravo bi se nalutile! Nasata vlada trebe da e osposobena preku solidna regulativa i efikasni izvrsni organi da efektno gi realizira predlozenite od kampanjata sostojbi.Bidejki nemoze sekoj da dobie dobra domasna i skolska edukacija potreben e nametnat drzaven sistem na kontrola kako sto e vo USA
Igor, 10.03.2012 07:39:36
I papagalot zboruva slobodno. Koj mu zabranuva na papagalot da go povtoruva toa sto go slusnal?
dobar den, 10.03.2012 08:36:34
Na 1. mesto: perfektno, vi čestitam na komentarot!! Što se tiče do kampanjata na Amerikanskata ambasada: se slagam potpolno, deka primerite se upotrebeni nesrekno!! (voopšto kampanjite se diskutabilna rabota, oti - sé što e mnogu, vekina posle ne go primetuva). 2. Si mislam: vie, Amerikancite, neznaete so kogo imate rabota, vie neznaete što na Balkanot znači INAT! (možda pravilen zbor e inaet - sorry). 3. Nekoite potrefeni guski se izjasnile, deka Amerikancite treba da si ja gledat svoja rabota, oti kaj niv vo USA ima sé i sešto, a ne da im ja solat pamet na žitelite na MK! Pa - sekoj neka pravi dalje kako misli, stranskite turisti ke gi oslepi sjaj od Alexandar na konj i nema da gledat ama baš ništo drugo!! Oti site stranci, nie Makedoncite znaeme, se i taka samo trubi. A ubavi, čisti, mirizlivi, lesno dostapni javni vecinja na nekolku mesta (barem) vo centarot na metropola Skopje - gi ima li konečno?? Ili pak ke se stegam, dur ke dojdam do doma? Ete ti, izmešav svešto... Pozdrav :-)
jimmy1, 10.03.2012 15:15:38
Prvo amerikancite se tuka za da e zastapuvaat nivnata drzava kaj nas a ne se tuka za da se mesaat vo nasite vnatresni raboti. Ova nee nikakva kampanja, ova e navreda za site nas a i posiroko, zosto so toa amerikancite jasno kazuvaat deka sakaat da go kontroliraat svetot. Amerika neka si gi resava nivnite problemi, za kaj nas netreba dase sekiraat. I tie ne se zivotni ama ubivaat luge niz cel svet, nasekade predizvikuvaat voeni zarista i toa samo za glupost, boreki se protiv nekakov si terorizam, a na site im e jasno deka toj terorizam go sozdade taa istata amerika. Pa dosega Amerika nema imano nitu eden zdrav i asolen predsedatel, site se bolni i sekoj od niv ima predizvikano po nekoe vojno zariste. I tie li dojdoja da solat pamet na drug, neka prvo samite se opametat pa posle ke pak ke razmislime dali treba da gi poslusame. Nee e budala Rusija sto gi brka vakvite netovetni ambasadori, koi se mesaat vo nivnite vnatresni raboti. Toa treba i kaj nas, ama koj moze toa da go napravi, nikoj
Трпе, 10.03.2012 16:08:51
А што да кажеме за рекламата Ти си Македонија .Да ние сме Македонија,обичните смртници кои едвај поврзуваме крај со крај.А овие кои имат пари без разлика како ги имат заработено, тие не се Македонија за нив светот е отворен,со полни куфери може да заминат каде сакат.
Не е баш така!, 10.03.2012 19:39:47
Можеби авторот не е папагал, но смее ли да мисли слободно?Од напишаното,не би рекол!
Vesna, 10.03.2012 20:21:06
А како се чувствуваат свештениците кои ниту фискална сметка не издаваат? Hahaha, ova veke me iznasmea. Ako kampanjava gi zaduma svestenicite tokmu zatoa sto ne izdavaat fiskalni smetki, celta e pogodena! Ne znam zosto da se socuvstvuvam so tie svestenici?
vesna, 11.03.2012 18:18:42
zasto se cuvstvuvate navreden? pa toa e celata vistina za nas kako nacija. Da ne ni go frlaat amerikancite gjubreto na site strani samo ne tamu kade sto treba? a svestenicite hahha e pa neka dadat fiskalna smetka i neka gi istaknat cenite na nivnite uslugi. sto se tie porazlicni od drugite luge sto plakaat i danok idavaat fiskalni smetki? Taman si e reklamata pogotovo taa so praseto

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 8°C

Петок
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (23)
Леонид Брежнев и Хрватската пролет. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Армстронг одново на столбот на срамот
Антидопинг агенцијата на САД тврди дека седумкратниот победник на Тур де Франс ги терал да се допингуваат и колегите од ...
Како да се спречи крвната одмазда меѓу Албанците?
Голем број семејства, 500 во Албанија и околу 140 во Косово, живеат во домашен притвор...
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |