Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
09.03.2012, 19:03

Едиторијал

Автобусот наречен ризик

Александра М. Митевска

- Сакам да ризикувам, се возам во автобус!

- Осмели се !

Вака се одвива дијалогот на една од социјалните мрежи, како алузија на последните инциденти што го потресоа главниот град на државата, навестија политички потреси и добија меѓуетничка димензија, поради деликатната клима во која подолго време преживува соживотот. Да не беше ситуацијата доволно сериозна, можеби и ќе се насмеевме на ироничните коментари, кои, сепак, ја отсликуваат реалноста - во Скопје и во целата држава.

Во најновата скопска безбедносно-политичка разгледница, нетрпеливоста меѓу различните етнички заедници се „превезува“ во модерните автобуси на јавното сообраќајно претпријатие - од едниот до другиот крај на градот. Од Кисела Вода до Ѓорче Петров, од Автокоманда до Бит-пазар.

Вирусот што се појави во Струга допатува и во Скопје, преку Тетово и Гостивар. Од него страдаат оние што најмалку се виновни. Оние, пак, кои се најповикани да се грижат за безбедноста на граѓаните и да дадат најголем придонес во градењето на довербата меѓу заедниците, имаат други приоритети. Како, на пример, рекламите од типот „Осмели се“.

Десетина момчиња, кои по игра на случајот се најдоа во погрешно време на погрешни автобуски станици, потешко се повредени во инцидентите што последниве денови се случија низ скопските булевари. Нивната етничка припадност во овој случај станува неважна. Поважно е дека биле претепани од нивни врсници. Дали некој ги поттикнал и како дошле до идеја да демолираат автобуси и да напаѓаат патници засега е мистерија. Може само да се претпоставува дека ги понела општата клима на недоверба која подолго време се создава во државата, додека коалициските партнери во Владата градат паралелни светови на двете страни на Вардар. И при тоа најважно е дали некој сокак на десниот брег ќе се вика „Голи оток“ или „Жртви на комунизмот“, а на левиот „Тирана“ или „Жртвите на Блаце“. Безбедноста на улиците стана проблем од второстепено значење!

За волја на вистината, претставници на Владата побрзаа да ја смират ситуацијата по инцидентите. Еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на пример, изјави дека такви работи се случувале и во други држави. И скопјани веднаш се почувствуваа поспокојно, откако сфатија дека може да биде уште понесигурно. Во други држави се случуваат граѓански војни, терористички напади... Кај нас работата не е отидена дотаму. Тука ситуацијата, веројатно, е под контрола, а кој ја контролира се' уште не знаеме?

Една пратеничка на ДУИ не случајно се посомнева дека станува збор за смислено сценарио. Но, не соопшти кој и зошто би го смислил, како што и не кажа кој треба да понесе одговорност поради тоа што во Скопје почна да се живее многу ризично.

Многу настани го потресоа соживотот за кратко време, за последните инцидентити во главниот град да може да се издвојат од општата перцепција дека нешто не штима во релациите меѓу заедниците и меѓу политичките фактори во државата. Меѓуетничките односи секогаш биле добра основа за собирање политички поени и за прикривање одредени политички поместувања. Како што и стравот кај граѓаните отсекогаш им бил добар сојузник на политичарите.

Жителите на Скопје веќе се доволно исплашени!


Статијата е прочитана 1270 пати.

Испрати коментар



Cif? Не, благодарам!
Коронарен капитализам
Јас не сум папагал – зборувам слободно
Премиере, врати се!



jovan, 10.03.2012 01:01:55
Ova bese samo generalna proba. Predstavata premierno ke ni ja prikazat drug pat.
uplašen, 10.03.2012 07:48:57
Iskreno se nadevam, deka situacija ke se smiri, deka policija i država 100% ke si ja (s)vrši svojata rabota. I pred sé deka zdrav razum ke pobedi i kaj mladite, kaj koi obično pogolema sila imat vlijanie na grupata, momentalno raspoloženie, čustva i hormoni. No koga ke se potsetam na ratot, što zbuvna vo početok na 90. godini na teritorii na bivšata Juga, si velam so strav: sé e možno. Roditeli, pogotovo tatkovci (od site nacionalnosti), oti i vie ste ušte mladi, ako imate mladi sinovi: apelirajte na niv a samite vo sebe razmislite dobro, što sakate. Pred sé, verovatno, sakate site da gi živeete dolgi i srekni životi, neli? Nesakate spomenici, grobovi... Tie, što ke preživeat, pak ke živeat, ama mnogu životi, pred sé na mladi zdravi momci, koi treba da si gi gradat životite i da stvarat familija, može da gi odnese smrtonosen konflikt - so NULA NULA NULA dobivka!
komunjar, 10.03.2012 11:11:58
Tie postarite dali se sekavaat na bezbednosta na Jugoslovenskata drzava na cela teritorija.Sega ne si bezbeden aku iskocis na trotoar,kakoli da se osmelis na drugo mesto.
ован, 10.03.2012 12:45:42
Зашто премиерно? Видено и во околина и кај нас повеке пати...
Ајван Доктор®, 10.03.2012 18:30:31
Очигледно е дека инцидентите веќе се прелеаа од автобусите на улиците!Она што всушност се случува е подбуцнување на малолетниците да се тепаат!Тепачките започнуваат од бес!„Ајде да натепаме Албанец“,ми раскажа средношколец идеја на неговите другарчиња!„Има такви и кај нас“,се приклучи средношколец Албанец кон муабетот!„Немаат што друго да прават,па бираат Македонци кои ќе ги натепаат,а претходно ќе ги навредуваат“,продолжи!И двајцата сведочат дека освен вакви тепачки,постојат и „МЗТ-Работнички-Шкендија“тепачки,во кои малолетните испрани мозочиња се тепаат против другите навивачи!Карактеристично е што нивното „јунаштвото“е всушност тежок кукавичлук!Тие,не се тепаат,ако противникот е помногуброен,или посилен!Не се тепаат ако се сами,туку својата машкост ја покажуваат само,ако нивниот број изнесува над 4,а противниците се двајца!Ако се малку,а не можат да ја зголемат својата бројност,тогаш бегаат подалеку!Машкоста, не се докажува,ако натепате послаб од вас,најмалку -ако натепате девојче!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |