Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
06.03.2012, 18:17

Анализа

Хронологија на духовната беда

Георги Константиновски

Објектот на ЕВН да го облечете во барокна фасада е исто како голото тело на Ева во рајот пред да го гризне јаболкото да го облечете во народна носија украсена со битови везови изработени на штоф од шајак

Приказна бр. 1

Во 1956 година во Заводот за урбанизам при Околискиот народен одбор во Скопје се завршуваше урбанистичкото решение на централното градско подрачје на Скопје. Беше изработена макета од која во детали се согледуваше секој објект поодделно: неговата височина, неговата форма и волумен, меѓусебното растојание меѓу објектите, широчината на улиците… Се' беше јасно, дури и за обичниот граѓанин разбирливо.

Приказна бр. 2

Во 1979 година словенечките архитекти Штефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Спиндлер и Маријан Уршиќ на југословенски анонимен конкурс ја добија првата награда за Културниот центар во Скопје. На денот на образложението за наградените трудови од овој конкурс еден од членовите на ова еминентно жири ја образложи одлуката на Оценувачката комисија со зборовите: „Овој труд покрај своите ’органски‘ форми коишто со својата брановидност и асиметрична динамичност создаваат исклучителна хармонија помеѓу непосредната природна и изградена околина, има уште поголема вредност што авторите започнуваат со волумените на комплексот со ниски приземни височини коишто постепено оддалечувајќи се од коритото на реката Вардар се издигаат на спротивната страна со цел визуелно и физички да го прошират коритото на Вардар!

Приказна бр. 3

Во 1970 година беше предаден во употреба објектот на ЦК-КПМ изграден на десниот брег на реката Вардар на местото на поранешната Женска гимназија. Резултатот од ваквата поставеност беше комплетното прекинување на пешачкото движење од центарот на градот кон градскиот парк и стадионот. Овој прекин не се јави како последица од стеснување на крајбрежната шеталишна зона, туку повеќе беше плод на униформите што го обезбедуваа објектот. Втора причина беше окупираниот простор на мостот „Гоце Делчев“. Заклучокот е дека граѓаните коишто сакаат да се рекреираат не сакаат да гледаат униформирани стражари. Местото за админ��стративен објект беше погрешно избрано.

Приказна бр. 4

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година покрај силниот градежен зафат во градот Скопје, без сомневање еден од најкапиталните објекти што е досега изграден е регулацијата на реката Вардар и нејзиното двостепено-каскадно формирање на коритото коешто се протега по целата должина на нашиот главен град. Тоа е објект од капитално значење, кој за градот Скопје го изработија врвни светски стручњаци од областа на урбанизмот. Тие беа толку мудри што увидоа дека реката Вардар е подарок на градот Скопје!

Тоа корито и покрај инвентивното решение на заштитните ѕидови не би ја добило својата вистинска вредност без крајбрежната зона како површина којашто се протега паралелно со реката. Таа површина како парковска зона за рекреација на граѓаните заедно со коритото на реката претставуваат единствена целина! Задирањето во една од нив преставува нарушување на тој организам. Оттука произлегува и прашањето: кој беше толку „умен“ да ги сквернави и коритото и рекреативната крајбрежна зона со безумното и агресивно градење на објектот наречен Уставен суд, Архив на Македонија и Археолошки музеј? Ниту еден стручњак од областа на урбанизмот не ќе биде во состојба да ја оправда оваа глупост на глупостите! Ова е нешто што заслужува далеку посериозна опсервација од причина што ја деградира не само стручната фела, туку и целата нација! Со други зборови, ова може да добие значење на урбанистичко злосторство. Ова злосторство расте со засилено темпо пред очите на јавноста. Значи, ова не е сон, туку реалност. Ако е реалност, тогаш не е тешко да се откријат сите учесници.

Приказна бр. 5

Во теоријата на урбанизмот познати се темите за односот помеѓу старите објекти кои постојат на одредена локација и оние коишто треба да се градат до нив како нови објекти, а сепак тие заедно според природата на материјата да дојдат во соодветна меѓусебна хармонија. Нашиве „градители“ не ги приспособуваат новите објекти на постојните објекти, туку обратно – до новите објекти градат објекти коишто треба да ги имитираат старите стилови како што се барокниот, романтичарскиот или неокласицистичкиот?! Браво! Одличен материјал за потсмев на светската стручна јавност!

Приказна бр. 6

Што се однесува за употреба на декорацијата на објектите со цел да се долови одреден историски стил, современата архитектура не е лишена од современа орнаментика. Современата архитектура, всушност, во целата своја опфатност е орнамент вграден во самата архитектура. Примената на елементи од историските стилови на фасадите е само евтина маска во однос на изразот на современата архитектура, која се одликува со исклучително висока професионалност не само во проектирањето, туку и во нивната бравурозна изведба. Брилијантен пример на современата архитектура е Музејот на современата уметност од арх. Јо Минг Пеи во Вашингтон, САД.

Приказна бр. 7

На 3.2.2012 беше објавена веста дека објектот на ЕВН (Електростопанство) изграден во 1962 година како првонаграден на анонимен конкурс, дело на арх. Бранко Петричиќ – прв објект на модерната архитектура со стаклена завеса во Скопје, ќе добие барокна фасада! Навистина тешко е човек да се оттргне од помислата дека тоа може најсликовито да се доживее исто онака кога голото тело на Ева во рајот пред да го гризне јаболкото ќе ја облечете во народна носија украсена со битови везови изработени од шајак!

Приказна бр. 8

Во почетокот на февруари 2012 се обелодени веста дека објектот на поранешната зграда на ЦК-КПМ, сега Влада на Македонија, дело на домашниот реномиран архитект Патар Муличковски, првонаграден труд на анонимен конкурс - ќе добие барокна фасада проектирана од арх. Жарко Чаушевски - проектант и на административниот објект на претпријатието „Водовод и канализација“ во барокен стил и на арх. Филип Богатинов автор на Спомен-паркот на Тоше Проевски во населбата Ново Лисиче (голема штета за еден млад и талентиран архитект што си го урива сопствениот авторитет!). Ова предизвика големо негодување во архитектонскиот сталеж, како младите архитекти подлегнуваат на нешто спротивно на она со кое си го трасирале сопствениот пат кон иднината.

Заклучок

Во време кога сите критериуми за естетиката и духовноста се речиси паднати до дното на ништовноста, не обидувајте се да ја уништите светоста на неизградените површини, посебно на оние кои му припаѓаат на целото граѓанство. Оставете ја крајбрежната зона мирно да почива без изобличените објекти на анонимните креатори.

(Авторот е архитект)


Статијата е прочитана 1876 пати.

Испрати коментар



Галии за роденден
Менаџерски црковен бизнис
Што научија студентите на ФОН во НАТО и во ЕУ



jovan, 07.03.2012 00:17:41
I bez diploma za psihologija moze da se zakluci kakvi luge se na vlast. Dovolno e samo da gledas i slusas.
USA, 07.03.2012 00:32:31
И Обама беше анонимец до 2007, ама сега пали гаси низ цел свет. Не е прашање дали некој е анонимен, туку дали има поддршка од народот. Колку што гледам, проектите имаат поддршка од мнозинството. Наспроти проектите на Обама.
melbourne, 07.03.2012 03:08:44
Bedotija nevidena, za zal.Koga ke se zastane so ova LUDILO.
cane sokolovski toronto, 07.03.2012 04:39:54
USA, ne znachi deka mnozinstvoto e vo pravo.
Дејан, 07.03.2012 07:23:09
Доста со вакви стручњаци од комунизмот, кои паметат што се случило во 1950-та година.
Hari, 07.03.2012 07:57:47
Profesore, selskite tvorci na kiceraj go unistija moeto Skopje, na koj moze da mu se voodusevuva nekoj si USA koj e verojatno ist kalibar kako ovie stetocini. No se blizi krajot na ova ova nevreme, svedok na seto ova ke bide unakazanoto Skopje, kako opomena da ne se povtori.
Stipjanec, 07.03.2012 08:24:24
Ne znam dali ova se sto se slucuva e eden son od vidot na Alisa vo zemjata na cudata, ili pak REALNOST? Da go gradat t.n Arhitekti, koi ucele kaj Vas Profesore, za soodnos na proporciite, okolinata, materjalite, stilovite itn e prosto neverovatno. Da se nema minimum-minimorum SENS za estetika, i toa kaj diplomirani Arhitekti, prosto e neverovatno. TIE t..n Arhitekti se dolzni da go informiraat NARACATELOT t.e Investitorot, sto moze a sto ne da se pravi vo najosetlivoto gradsko podracje-centarot na Skopje. Tie se mnogu poveke odgovorni za ovoj ZLOCIN kon gradot, odosto NARACATELOT! No, Partiite ke se menuvaat, edni ke doagaat-drugi ke si odat, AMA ovoj UKRAS na naseto SKOPJE ke ostane da bide VECEN, kako spomen na zlatnoto vreme na prerodbata - od vidot Slatkiot son na BAROKOT!
Луда Мара, 07.03.2012 08:29:29
Прецизно,аргументирано и датирано!Сонувале капетанот Коцкица Кука и Гwујо Спеwоу како слават родендени на брод,па решија сплавови да градат,а воЗемјата на Чудата,дури и „реномирани и славни“фЛизери почнаа да проектираат сплавови,па по грешка ни никнуваат гемии!Најверојатно и Тинчето-економист,заедно со Вангелчо си играла во песокот правејќи го Аце-воинот,па потоа ни никна онаа лудорија на коЈн!Вангелчо во меѓувреме го смислил барокот и му го пришил на Ацета кој-отсекогаш-бил-голем,a они—ситни и мали!Сите заедно отсекогаш сакале да бидат како Луј XIV,па веднаш се здадоа на градење „барокни“палати!Што да пра’име,луѓето се родени во Версајската палата и отсекогаш јаделе во златни лажици и порцелан (пајнци и лајци),па,ете,оттаму го стекнале и софистицираниот вкус за уметноста—шчо пошарено,то’ поубо!Така ги учеле нивните дадилки и приватни учители!Тие,знаеле сè,уште од тогаш,и,додека раснеле,дури и да Винчи почнал да им завидува на умот и на сезнаењето!Кој вели,дека немаме најуба’а власт?
miki-do USA od PAljurci, 07.03.2012 08:39:39
A be od site najanonimen bese Hitler a i vidi pa toj do kaj dotera? A tek kakva podrska imase od narodot!? Izgleda na tvojov takvi mu se idoli..Loso detstvo-i eve ne!
Nikola, 07.03.2012 08:52:17
Kompleksi, kompleksi,..kompleksi! A moze li kompleksiran covek da vodi Vlada?
do USA, 07.03.2012 09:47:05
Po sto tvrdish ti daleku od USA deka mnozinstvoto *aplaudira* na ovaa katastrofa od gradbi;onie od levata strana na Vardar i brukata od shminkanje i preshminkuvanje na fasadite na ploshtadot i poshiroko, so sto ni se menuva i indentitetot(na koj bozem drzat) i naseto makedonsko obelezje?!Dojdi si vo Skopje, pogladuvaj so site Makedonci, pobaraj rabota bez partiska kniska, pa ke vidis na koj nacin na lugjeto im se bendisuva ovoj rezil od arhitetura i nekoulturno gradenje. Pa ako poradi *klnishkata* dobies i rabota za koja ne mora da bides sposoben da ja vrshish,i tebe gemiite na Koce Kockica i negovata( ne) kultura, ke ti se bendisaat. A anonimcite nema da bidat poveke anonimci, bidejki ke bidat i po smrtta sram za semejstvoto, arhitektonskata fela i makedonskata nacija. Bruka pred celiot svet koj nemoze da svati kako ovie naracateli , sto kic gradat kradat,a bezsramno se dvizat niz skopskite ulici,bez sram i strav, da se sopnat na nekoj *nadgroben spomenik *i dupki na asfaltot..
k, 07.03.2012 09:53:44
mi gi potekovte m..... so to skopje pa skopje ,bez razlika dali nekoj e vo pravo ili ne.siguren sum deka ke se slozat 90% od zitelite na drugite gradovi vo makedonija a vladata treba da misli malku i na nas ostanatite.
B. Betinski, 07.03.2012 10:14:50
Arhtektura na bedata ili beda na arhitekturata? Na toa prasanje solidno bi mozel da odgovori nasiot mnogutomen esteticar G. Stardelov koj, vo vremeto na soc-realizmot, bese mosne borben dogmatik; vo vremeto na modernizmot isto tolku modernist, za da stane hermenevt po padot na nasiot mek bolsevizam. Se sekjavate li deka, vo vremeto na Lj. Georgievski, tој mu asistirase na Efremov okolu razmenata na teritorii? Se sekjavate li kako peltecese pred V. Evtov vo vrska so Enciklopedijata na MANU? Ima i nekoi skuptori vo taa MANU. Bi trebalo da ima i arhitekti ili, prosto, uceni lugje (kao tandemot Grozdanovi) koi bi trebalo nesto da guknat. Bas bi sakal da cujam nesto od utite im, makar i napad na g. Geogi Konstanitinovki koj so pravo taa beda na arhitekturata ja imenuva kako „glupost na gluposta“.
tomas, 07.03.2012 10:39:14
Tocno taka,duhovna beda.
Mark, 07.03.2012 10:50:45
Ha ha ha, bravo Betinski, kakva karakterna vivisekcija za Stardelov! Takov lukrativen prilagodlivec ne se ragja dvapati-ama ocigledno toa vo ovdesnava mizerija najdobro pominuva! Ako dobro se sekjavam toj bese organizatorot(i vo prviot red) na slavnata magisterska beseda na Ovcarot vo MANU, toj sram za krevkata intelektualna sredina kaj nas!? Toa e MANU, toa sme NIE, zatoa ludite idei pominuvaat...!!!
Parkovi i zelenilo, 07.03.2012 11:13:19
Da katastrofata bide celosna, se gradi i nenormalno troshi na gluposti i raskosh vo ek na ekonomska kriza i beda. Nema se pari za hrana, greenje, lechenenje itn. a za Skopje-2014 mora da ima! Sekoj den nekoj na vrata zvoni i so ochaj i solzi vo ochite moli i prosi. Nema vesti na bilo koja TV, a da ne se vidat traumatichni sliki od beda i vapaj za pomosh. Kolku li koncerti i humanitarni akcii se sprovedoa da se spasi nechii zivot, a vladata ni da trepne. Nejze i se bitni spomenicite, ne ludjeto i decata. I ushte se najde nekoj netaman da go seto ovaa fali i brani, posebno so izborite. Pa ne se belkim izbrani da pravat gluposti i da gi zadovoluvat vlastite hirovi i kompleksi. Ili se tokmu za toa izbrani i od tokmu takvi izbirachi. Aferim! Neka ni e gospod na pomosh.
Gargamel, 07.03.2012 11:41:01
Налудничаво изживување на искомплексираните фрустрирани патолошки умови,на недокваканите деца во развојот,лечење на последиците од депресирање во развојот,незадоволство од себе,своето его,потисната сексуална изопаченост и прикриен дебилитет со факултетски дипломи,маѓистратури,докторанти и слични титулари на кило,на 150 до 220 грама е скенот на скопските сељачишта вклучени во урбанизацијата на нашето секојдневие и опкружување.Навредливо?Не помалу од силувањето на моите и наши естетски,урбанистички,професионални а и човечки норми,на моето чувство за прогрес,напредок,развој,21 век,македонец,потомок на татко ми и дедо ми,кои ги знам и познавам,но и на македонците ВМРО-овци од 1911 кога во дописот до „великата Русија„барале помош за славо македонците,читај го оригиналот.
tihi, 07.03.2012 12:45:36
Hronologija za egoistichna duhovna beda.Jas sum najpametniot.
Денис, 07.03.2012 15:37:17
Професоре колку и да се трудите урбанизмот да го претставите како наука тоа нема да ви успее. Урбанизмот и архитектурата се пред се уметност а според тоа и предмет на вкус. Мнозинството граѓани го поддржува менувањето на ликот на главниот град и затоа ве молам теоријата задржете ја за себе.
mene, 07.03.2012 16:14:13
Profesore so siot respekt i pocit kun vasata hrabrost. Tocno duhot ni e temen-malogragjanski....
otog, 07.03.2012 16:17:27
Pocituvan profesore, odmorete ne od Vasite kritiki i prikaski. OStavete gi mladite da tvorat bez Vase tutorstvo. Ostavete go opstestvoto da odi nagore bez Vasite sidra i zivejte si gi penzionerskite denovi bez nervozi. Od avion se gleda deka ova sto go pisuvate e pristrasno kon edna politicka opcija vo Makedonija. So seta pocit kon Vaseto tvorestvo, no mene licno Vasite natur betonski tvorbi (studentski dom Goce Delcev, univerzitetot) ne mi se dopagjaat. Kritiki od starcite na koi vremeto im pominalo imalo i ke ima. Vprocem i za Guggenheim muzejot vo NYC se potpisuvale peticii od najgolemite umetnici na toa vreme da ne se gradi bidejki e kic, masina za perenje, torta, a denes se smeta za cudo na modernata arhitektura i go posetuvaat okolu milion posetiteli godisno. Sto se odnesuva do Skopje 2014 i mene ne mi se dopagjaat nekoi raboti, no nekoi mislam deka se dobri. A Vie i Vasata politicka opcija veli deka 100% od objektite se promaseni. Plus kritikuvate so omraza i ponizuvanje.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Облачно

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |