Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
06.03.2012, 18:22

Едиторијал

Менаџерски црковен бизнис

Билјана Ангеловска

Половина Скопје, речиси цел Охрид, половина Битола, ливади, пасишта, шуми, плажи, хотели... Ова е само дел од имотот кој и' припаѓа на Македонската православна црква. Цело богатство. Затворен капитал од кој Црквата може ��ногу да профитира. Ама, има еден мал проблем, свештените лица не знаеле да менаџираат со својот имот. Така, барем се пожалија.

Сепак, јавна тајна е дека МПЦ е еден од најдобрите менаџери во државата чии бизниси, а кои немаат никакви допирни точки со религијата, работат повеќе од добро. Згора на се', Црквата е ослободена од плаќање данок на имот и воопшто, од сите давачки кон државата. Зарем тоа не е резултат на добро менаџирање?

Од друга страна, пак, ослободувањето од обврските кон државата никако не ја ослободуваат МПЦ од обврските кон верниците. Напротив. Црквата е таа која треба да им помага на своите верници, но и на сите останати што имаат некаква потреба. На пример, Црквата треба да дели бесплатно храна, да нуди преноќиште на секој што ќе дојде пред нејзините порти, да донира дури и пари онаму каде се потребни. За жал, денеска речиси да не остана црква во која има народна кујна каде најсиромашните граѓани можат да добијат барем еден оброк во денот. Со мали исклучоци, како што е на пример црквата „Св. Петка“ во Црниче, каде народната кујна е практично составен дел на секојдневните црковни обврски.

Наспроти тоа, и оние што со сите сили се борат против било каква индоктринација, па дури и верска, но и самите верници не можат да не забележат дека Црквата постојано бара некакви донации. За жал, за себе, не за граѓаните. Само колку за илустрација може да послужи Бигорскиот манастир за чие обновување по големиот пожар кој зафати дел од манастирскиот комплекс пред повеќе од две години МПЦ не даде ни денар. Се' што е вложено во обновата се донации. Но, Црквата постојано бара уште, а никако да брцне во сопствениот џеб. Како да е тоа најголем грев.

На толку вратен имот МПЦ нема пари да вложи во обнова на своите објекти. Иако услугите кои ги пружа дебело ги наплатува. Денеска стана неисплатливо човек ни да се венча во црква, ни да се крсти, па дури ни да умре! Во денешно време е сосем нормално свештените лица да имаат своја „солена“ тарифа за секој вид услуга. За разлика од минатото кога црката му служеше на народот, па луѓето плаќаа онолку колку што можеа.

Веќе одамна немаме слушнато дека МПЦ изградила нова црква, особено не со свои пари. Се' што е изградено како православен верски објект е со донации. Но, и покрај тоа Црквата е незадоволна. Постојано се жали дека имотот со кој располага се распаѓа, бидејќи немала доволно средства за поправки, реставрации, реконструкции. На тој начин повторно упатува апел до граѓаните за помош. Затоа, пак, црните џипови се сосем нормална појава пред храмовите. На црковните великодостојници очигледно не им личи ништо помалку вредно од „Мерцедес“, оти тие се научени на луксуз. Веројатно затоа и' се малку парите што ги добила од денационализираниот имот. Не стасуваат и за нови цркви и за нови коли. Па, упорно се кажува дека имотот вредел неспоредливо повеќе, дека Црквата добила стотици илјади евра, а тој се мерел со милиони. Можеби. Тоа никој не го спори. Но, нели црквата е на народот! Зарем и имотот што го поседува не е, исто така на народот? Тогаш, каде е проблемот? По се' изгледа МПЦ, сепак, знае да менаџира со имотот. Иако Црквата не е бизнис компанија па да и' пропадне бизнисот ако не менаџира добро. Можеби и религијата навистина е бизнис. И тоа многу вносен.


Статијата е прочитана 878 пати.

Испрати коментар



Галии за роденден
Хронологија на духовната беда
Што научија студентите на ФОН во НАТО и во ЕУ



jovan, 07.03.2012 00:19:15
Koga go ima steknato ovoj imot crkvata i pod koe ime?
Љупчо, 07.03.2012 09:34:13
Знаеме дека во ова време е крајно засилена трката по материјалните богатства во сите сегменти на опшеството.Дали обраќаме внимание на духовните и моралните вредности? Колку ние самите имаме стекнато духовен капитал? Треба ли да бидеме насочени кон лошите работи што ги прават другите а да забораваме на нашите грешки и слабости?
Ateist, 07.03.2012 10:41:48
Barat i penzija od drzavata, a da pri toa ne placaat penzisko-invalidsko osiguruvanje. A nivnite uslugi debelo se naplacaat. E kade go ima toa?
Osvetenie, 07.03.2012 10:50:23
Ostavete go biznisot na MPC i g.g Stefan. mene me interesira, dali AArhiepoiskopot ce goi osvetuva bibliskite arki na Koce?
Ајван Доктор®, 07.03.2012 15:47:28
Најинтересно е што постојано се жалат дека немаат пари и дека сето она што го поседуваат,Џипови,Куќи (како палати)„лаптопот у глава“,е сопственост на Господ!Гревчиња!Кутрите лоп...упс,попови!Џебовите преполни,а душите очајно празни!
Goran, 07.03.2012 16:00:00
Pak, istoto istoto, dzipovi, pari, soleni taksi, pa zarem vie rabotite za bez pari, dodeka vaka pisuvas trkni do nekoj tvoj sosed sto e siromasen i pokazi milost! Ako Crkvata ima tapija, ima pravo na sopstvenost i tocka! Ako 3000, 6000 ili 2500 se mnogu za edna krstevka, vencavka ili pogreb sto sigurno fala mu na Boga ne go pravime 100 pati vo zivotot, vo sekoj slucaj mnogu sturi informacii, sto pati povtoreni i vo ovoj tekst, samo za da se pali narodot na loso. Koj na drug mu gi broi parite, toj za taa strast pati! Ne ti stiska za IVZ mnogu da pisuvas!? Samo tamu , tvoite kolegi od islamskata vera znaat da si ja cenat verata, duri i koga ima anomalii kaj onie sto ja propovedaat. I valjda web-masterot ova kego objavi!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Облачно

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |