Интер против Баерн во реприза на ланското финале во ЛШ
Барселона во осминафиналето го доби Арсенал, а Милан ќе се судри со Тотенхем
Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите во Нион режираше реприза на минатогодишното финале во Мадрид, во кое Интер под водство на Жозе Мурињо славеше со 2:0 против Баерн. Овој пат картите малку поинаку се сложени и шансите на баварскиот гигант се многу поголеми.
Во репризата, пак, на финалето 2006 година ќе се сретнат Арсенал и Барселона, а тоа наедно е реприза и на ланското четвртфинале во кое Барса по лондонските 2:2 на „Ноу камп“ победи со 4:1 (сите четири гола беа дело на Меси).
Жозе Мурињо и Реал М го добија Лион, тимот кој лани исто така во осминафиналето ги елиминираше мадриѓаните. Сега е шанса за реванш, вели контроверзниот Португалец.
Натпреварите оваа сезона ќе бидат развлечени, па така термините се 15/16 и 22/23 февруари 2011 година, додека реваншите се на програмата на 8/9 и 15/16 март.
Шеснаесетфинале Лига Европа
Наполи - Вилјареал, Ренџерс - Спортинг, Спарта Прага - Ливерпул, Андерлехт - Ајакс, Лех - Брага, Бешикташ - Динамо Киев, Базел - Спартак Москва, Јанг Бојс - Зенит, Арис - Манчестер Сити, ПАОК - ЦСКА Москва, Севилја - Порто, Казан - Твенте, Лил - ПСВ, Бенфика - Штутгарт, Бате Борисов - ПСЖ, Металист - Леверкузен. |