Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Спорт

Бостон останува главна приказна во лигата

Кошаркарите на Бостон и натаму се главна приказна во НБА-лигата. Вчера ја совладаа Атланта со 102:90 што е нивна 12 победа во низа.

И покрај големиот број повредени што ја обременуваат мисијата на селтикси, сепак, големата тројка (Кевин Гарнет, Пол Пирс и Реј Ален) е здрава и приредува извонредни партии. Гарнет забележа 17 коша и 14 скока, Пирс додаде 15 плус 10 асистенции, а Ален го заврши мечот со 18 поени. Кон нив се придружи Глен Дејвис (18 поени), па воопшто не се почувствува отсуството на целата центарска линија (Шекил О’Нил и Џермејн Нил) и првиот плејмејкер Рондо. Марвин Вилијамс беше најефикасниот играч на Атланта, екипа што лани победи во сите четири средби со Бостон во регуларниот дел од сезоната.

Сан Антонио славеше кај Денвер со 113:112 во меч во кој човек за одлука, како и против Милвоки, беше Емануел Џинобили, само овојпат во дефанзивна акција против Кармело Ентони на кого му скрати кош за триумф на нагетси. За спарси ова е 22. победа и сега, со скор од 22-3, се најдобриот колектив во американската професионална кошаркарска лига во моментот.

„Знаев дека Кармело ќе се обиде да го нападне рекетот. Едноставно не сакавме да му дозволиме отворен шут. МекДајс му додаде, а јас бев во вистинско време на вистинско место. Се обиде да изнуди прекршок, кога скокна знаев дека ќе го добијам дуелот со него, бидејќи бев надвор од кругот“, го опишува Џинобили клучниот момент во мечот. Мислење, секако, има и МекДајс, но неговото е поинакво од она на Аргентинецот.

„Тоа што јас го мислам и тоа што тие го досудија се две различни работи. Мислам дека јас одиграв извонредно. Го искористив начинот на кој Џеферсон ме чуваше и нападна. Подобро од тоа не можев да сторам“.

Покрај Џинобили се истакна и Тим Данкан со 28 коша, 16 скока и четири додавања, Паркер постигна 24 поени. Лидер на Денвер, кој го одигра вториот натпревар без Чонси Билапс, беше Ентони со 31 уфрлување.

Резултати: Њу Џерси - Вашингтон 97:89, Бостон - Атланта 102:90, Денвер - Сан Антонио 112:113.


#
Статијата е прочитана 462 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Мекејлеб играч на колото во Евролига
Интер против Баерн во реприза на ланското финале во ЛШ
Интер и Пандев го искачуваат светскиот врв
Црногорките ја запреа забревтаната Данска
Кројф разочаран зашто Барса го „продаде“ дресот
Македонија во втор шешир во ждрепката
Атлетико Мадрид надвор од трката за одбрана на трофејот
Победа и пораз на Георгиев во Банско
Маринова 34. на СП на 400 м слободно
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks