|
|
Кројф разочаран зашто Барса го „продаде“ дресот
Барселона со години одбиваше да стави реклама на својот дрес. Последните години на скапото место стоеше УНИЦЕФ. Се разбира светската организација за заштита на децата не го плати тоа. Напротив Барса секоја година донира средства во УНИЦЕФ.
Но, пред неколку дена каталонскиот клуб објави дека е постигнат договор со катарска фирма, чие име ќе стои на дресот на актуелниот шпански првак и ќе биде присутно до сезоната 2015/2016. Договорот е вреден 30 милиони евра по сезона и е рекорден. Барселона со овој потег ќе го промовира Катар како домаќин на СП 2022 година. Ушрвата е задоволна од дилот, но не и легендата на клубот Јохан Кројф. „Секогаш сме се држеле до слоганот: „Поголеми од клубот“, но со овој договор станавме само еден од многуте клубови. Бев убеден дека Барса никогаш нем ада посегне по такво нешто, но за жал, сум се излажал“, вели Кројф. |
#
|
Статијата е прочитана 911 пати.
|
|
|
|
|
|
|