Маринова 34. на СП на 400 м слободно
Македонската пливачка Симона Маринова го освои 34. место во конкуренција на 44 натпреварувачки на 400 м слободно на 10. Светско првенство во кратки базени што се одржува од 15 до 19 декември во Дубаи. Марина ја исплива патеката за 4:20,07 минути, што е послабо за повеќе од три секунди од резултатот 4:16,34 мин. со кој дојде на шампионатот.
Во својот прв настап на мундијалот, пак, 16-годишната Маринова заврши 14. меѓу 21 учесник во квалификациите на 800 м слободно. Времето 8:44,52 мин. што го постигна е многу подобро од пријавените 9:00,60 мин.
Единствениот претставник од Македонија на првенството треба да се појави и во квалификациите на 200 м слободно в недела претпладне. (Р.Д.) |