Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонски состојби

На Македонија никако да и' тргне

Манчо Митевски

По преспаното разочарување, нашата политичка елита треба да се соочи со реалноста

Конечно, дојде и помина денот „Д“. Се одржа толку очекуваниот самит на НАТО во Букурешт. Многу нови работи се случија, само со нас се' е по старо. На Македонија, и по 17 години самостојност и транзиција, никако да и' тргне! Останува и натаму во чекалницата на НАТО, иако ги исполни сите формални услови поставени од Алијансата кои важат за сите други држави во светот. За жал, не ги исполни византиските услови на Грција коишто самата таа ги поставува и ги разбира и кои немаат никаква врска со меѓународното право, а уште помалку со правдата. Против таквите услови останаа немоќни и највлијателната земја во НАТО, САД, и авторитетот на најмоќниот државник во светот, Буш, и пријателската логистика на повеќе земји и нивните лидери. Меѓутоа, правдата и вистината, макар и бавно, секогаш пристигнуваат. Соседот можеби извојува победа, но не за името, туку само за суетите и фрустрациите на своите политички елити зашто, нели, „немало парламент во Грција кој би изгласал ратификација“ на покана за прием на Република Македонија, па макар и со референцата БЈРМ, што е доказ дека не е за решение! Политичарите во Грција можат и да слават, но и самите се свесни дека станува збор за Пирова победа извојувана со силата на ветото, а не со установените правила и со поддршка на другите членки на НАТО. Ќе дојде време кога владејачките елити во Грција ќе се срамат од арогантниот и насилнички однос кон Република Македонија, но и поради „јонусовиот“ пристап кон своите партнери во НАТО и во ЕУ.

Откако ќе спласне првиот бран реакции на ветото за прием на Република Македонија во НАТО, во земјава треба да престане преокупацијата со непријателскиот гест на јужниот сосед, зашто тоа е веќе работа на Грција, на грчките политичари и на грчкиот народ. Разочарувањето на македонскиот народ во овие моменти е сосема разбирливо, но не го решава проблемот. Веќе утре, по преспаното разочарување, македонската политичка елита, партиите и институциите тр��ба да се погледнат во огледало и да се соочат со реалноста во земјата. Да ги анализираат своите политики, стратегии, потези, грешки и пропусти. Сосема е на место ставот на претседателот Црвенковски за редефинирање на стратегијата на државата во сообразност со новата реалност, без притоа да се поместуваат стратегиските цели и определби. Но, такво нешто ќе мора да оди заедно и со рекомпонирање на власта.

Македонија ја чекаат тешки, долги, но и историски шест месеци за кои најсоодветна е Хамлетовата: да се биде или да не се биде. Прво, да се дојде до компромисно решение со Грција околу името, кое нема да засега во националниот идентитет, за да се активира поканата за влез во НАТО. Второ, да се исполнат условите за добивање датум за почеток на преговори за прием во ЕУ. Трето, да се признае независноста на Косово, а со тоа да се забрза демаркацијата на границата. Четврто, да се окончаат обврските од мајскиот договор со ДУИ, без блефовите со некаков мартовски договор со ДПА. Петто, да се стабилизираат економските текови и инфлацијата. Шесто, да се замрзнат идеите за предвремени избори додека не се завршат овие обврски, а референдумот за името да се отфрли, бидејќи ништо не решава.

За олку сериозни обврски во вака кратко време, кога не се дозволени импровизации и грешки, потребна е филигранска политика и стратегија, но и влада со капацитет и компетентност. Бидејќи актуелната влада не се покажа кадарна во водењето на најзначајните процеси во државата, а има проблеми и со внатрекоалициските односи и со мнозинството што стои зад неа, како реалност се наметнува формирање „широка влада за евроинтеграција“ од сите парламентарни партии, која ќе има мандат да ги заврши обврските и да организира предвремени избори кон крајот на годината.


Статијата е прочитана 1127 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe
Датум: 07.04.2008 20:43:25
Se dodeka imame politicari i komentatori za koi im se povazni izborite i vlasta otkolku realnata situacija vo Makedonija i resavanjeto na sobranite 17 godisni problemi,se vaka i ponatamu ke odi. "Cuveniot"Latas denes "voodusevi" so proglasuvanjeto na 101 pobeda,a negoviot vesnik samo pozitivni komentari objavuva za negovoto saltomortale.Abe koe ime,nikoj nemoze imeto Makedonija da go izbrise,toa ne e praviot problem,tuku iljadnici bez rabota,siromastija,beganje na mladosta nadvor.odnaroduvanje so pobugaruvanje,napusteni makedonski sela,bela kuga,proterani lugje od konfliktot,bogatenje so opljackani narodni pari.Kaj se pravite komentatori na Makedonija i za Makedonija?!.
Од: petko
Датум: 07.04.2008 14:29:17
Dodeka ova sto ti go nabrojuvas(obvrskite koi treba da gi zavrsime), ne se ispolni, ti treba da odis vo manastir i da se molis najiskreno sto mozes, za Gospod da ti gi prosti grevovite, a potoa i ti da mozes da gi uzivas plodovite za koi se zalagas.
Од: Goran
Датум: 07.04.2008 13:41:58
Zivela Nova Makedonija!
Од: dusan
Датум: 07.04.2008 11:07:14
Da se obvini premierot za losa politika e isto tolku smesno kako da se obvini Bus deka neuspeal na samitot da ne vnese vo nato.Grcite stavija veto i toa e toa.Postojat po mene samo dve opcii i toa dali sme spremni za kompromis(citaj smena na imeto) ili tvrd stav i ostanuvanje nadvor i od nato i od eu!Po mene problemot e izdignat da se bide ili ne a ne e taka.Treba da ne se brza pa makar se cekalo i 20 godini.Nikoj ne ni dava za pravo da smenime ime a pred toa da ne gi definirame site problemi so grcite kako nivno priznavanje na nasiot nacionalen identitet i crkva pa posle ramnopravno da pregovarame.Vaka ke bideme vo EU i Nato no kako nov identitet bez koren.Ima mnogu drzavi sto ne se vo EU i Nato a se silni ekonomii sto treba da ni e prv prioritet!Tezite ni se loso postaveni kritikuvajte go premierot za ekonomskite propusti za losiot standard zosto na 1-vi ke zemem 200 eur-a plata a so niv ni 5 dena vo Ohrid nemozam da pominam.Pozdrav
Од: enis
Датум: 07.04.2008 11:06:13
За неписмените (или нарачаните,бихаќки) коментатори како хари и остала братија:Името го дадоа г-дата Глигоров и Црвенковски во Њујорк со “Привремената согодба“ со која ја ОБВРЗАА Македонија да прави преговори за сопственото (!!!) име!С е к о ј преговори завршуваат со д о г о в о р,а договорот бара к о м п р и м и с !И сега,Груевски бил крив!?!Сегашнава политичка структура (и позиција и опозиција) работаат на тоа колку е можно да се поправи овој гаф на г-дата Глигоров и Црвенковски!А тоа е многу тешко,да не речам,невозможно!Затоа,драги коментатори,користете ја сивата маса на вашиот мозок(свеста) кога ќе коментирате нешто!
Од: hari
Датум: 07.04.2008 09:23:50
Da ja vneseme zemjato vo nato zosto grujo ne go saka toa bidejki e bugarski igrac pa polse ke go soocime so narodot na izbori!Dole vlada!
Од: jimmy1
Датум: 07.04.2008 08:57:05
Se dodeka prifakame pregovori za imeto Makedonija ke tone se podlaboko, a ne da i trgne na podobro. So tie glupavi pregovori samite begame od vistinata.
Од: Перо
Датум: 07.04.2008 08:56:59
Само ги читам коментарите и не можам да се начудам.Добро бре луѓе кога има време за избори а кога ќе се сработи тоа што треба.Само на избори мислите.Нема да падне Грујо не се секирајте,попрво државата ќе падне!
Од: некого
Датум: 07.04.2008 08:52:12
Не сум партиски определен, и сметам дека и едните и другите направија грешки. Но барем оваа гарнитура иако збунета држеше цврсто. Како да тргне кога во Македонија постојат еден куп на ,,безкичмењаци,, почнувајќи од политичари, професори и новинари и т.н. интелектуалци, додека ова не се смени нема на арно да ни оди. Мекиот став е за дома за постела, а не за водење државнички работи. Ваквото однесување остана за жал од владеењето на СДСМ. Премиерот Груевски да не потклекнува!
Од: Od Kicevo
Датум: 07.04.2008 02:45:53
Grcite pirova pobeda,a nie kardinalna greska sto dozvolivme da ne onadat istite politicari,najozadi i drzavata da ni promenat imeto, i identitetot,a bogatasi gi naprajvme,....ej makedonci stanete neka ve cue Aleksandar,Goce,Dame ,Pitu,....Tose licemeri-Makedonija naviva za vas...pejvte...sramota.....
Од: Toso
Датум: 07.04.2008 02:06:42
Ako gospodinot Mitevski smeta deka ovaa vlast ne e sposobna da ja vodi Makedonija togas ne mi e jasno zosto e protiv novi izbori na koi sto ke se izbere nova vlast. Kako vo site demokratski drzavi narodot e toj sto treba da odluci dali segasnata vlast e nesposobna i narodot e toj sto treba da izbere nova vlast. Osven dokolku gospodinot Mitevski ne zastapuva opcija koja sto saka da dojde do vlast bez izbori zatoa sto poinaku i nemoze zatoa sto nikoj normalen ne bi gi izbral da ja vodat ovaa drzava posle site gluposti sto gi napravija vo izminative 17 godini. Zatoa na Makedonija i trebaat novi izbori posle koi sto ke se formirmira nova postabilna vlada koja sto ke ima mandat od narodot da ja prodolzi bitkata za imeto.
Од: Goce
Датум: 07.04.2008 00:26:20
Ako po neuspesnite 17 godini nasive politicari ne smenat nesto radikalno vo svojot nastap kon prasanjeto za imeto i Grcija, ne uste 17, tuku uste 170 godini nema da ni' trgne. Sekako ako postoime tolku dolgo.
Од: jovan
Датум: 07.04.2008 00:24:51
Kako da i trgne na Makedonija koga Makedonija ja vodat luge koj nemaat poima od diplomatija. Devedesetite gi potrosivme vo spasuvanje na Jugoslavija, od dveiljadata do denes go spasuvame Kosovo, i normalno dojde denot koga nekoj od nadvor ne cukna po ramo i jasno i glasno ne prasa "alo koj ste vie".Sega neznaeme sto da kazeme, pa normalno deka site "prijateli" ke ni sugeriraat da si go resime problemot so imeto, a toa nisto drugo neznaci osven da si go promenime. Vo mnogu gadna pozicija se najdovme i pokraj toa sto se uste si se tesime deka sme "moralni" pobednici so podobrena pozicija. Nevidena glupost. Vo "Vecer" "precedatelot i premier" Latas duri ne ubeduva deka vo Bukurest sme odnele trojna pobeda.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Зденко
Името ќе се реши за време на Буш
Наместо пензионери, технолошки вишоци
Карикатура
Груевски денес почнува нова рундa одделни лидерски средби
Сини очи балкански
Емоциите настрана
Експертите порачуваат_ Македонија да ја бара правдата во Хаг
Како до уставни закони?
Политичката елита очекува расправа во Собранието
Буш и Путин направија „попис на сработеното“
Да не провоцирате Грк, а да кажете дека сте Македонец
Verbatim