Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Наместо пензионери, технолошки вишоци

Долгата транзиција доведе до хаос во правата на вработените, оставени на милост и немилост на газдите

Маја Томиќ

„Кавгите со директорот ме оставија на улица. По 28 години работен стаж, без никаква причина, пред неполни две години бев прогласен за технолошки вишок. А на мое место во меѓувреме се вработени повеќе лица, но со друга квалификација. Што значи дека фирмата има потреба од мене и од моето работно место. Јасно ми е дека немаше никакви ’деловни причини’ за да ме истераат од работа, не беше донесена ниту нова систематизација, а немав ниедна грешка во работењето, ниту прекршок. Но, македонските закони секогаш одат во прилог на работодавците, не на работникот. Таа е вистината“, вели П.К., до пред две години вработен како машинобравар во МЗТ „Хепос“, фирма останата од некогашниот Металски завод „Тито“, кој важеше за голема и стопански значајна компанија за домашни и за пошироки простори.

Незадоволен од својот нов статус, П.К сега правдата ја бара по судски пат. Правна помош добива од матичниот синдикат. Наскоро го очекува уште едно судење, за кое се надева дека ќе биде и последно, дека ќе излезе како победник и ќе се врати на работа во фирмата. Но, тоа за него ќе биде незначајна победа, бидејќи повеќемина работници кои по судски пат биле вратени на своите претходни работни места повторно за кусо време добиле отказни решенија затоа што, наводно, направиле некоја грешка во работењето.

„Ме прашувате како живеам во последните две години. А како може - тешко. Во прво време, со парите што ги добив како испратнина, 1.200 евра, како и со оние што ги земав од Агенцијата за вработување, 5.800 денари, и некако излегував на крај со животните трошоци. Сега дојде време нешто да правам, а што, не знам. Среќа во несреќа, ако е тоа некоја утеха, е што немам семејство, и мислам само за својот гол живот. Секојдневно се прашувам каде да барам работа, кој ќе ме вработи на 55 години“, се прашува П.К .

Тој додава дека до пензија треба да чека уште девет години, а што ќе прави дотогаш, не знае. Редовно се пријавува во Агенцијата, но оттаму досега не добил покана за работа. Не се ни надева на такво нешто, бидејќи неговата струка е специфична. Затоа е тешко да најде и приватна работа, на црно. Сите бараат помлади лица. „Зарем сега, на овие години, кога треба да ги дочекам староста и заслужената пензија смирено и сигурно, да барам работа, на овие години тоа е срамно, и за мене и за државата. Да можам барем да продадам некаков имот и да започнам бизнис, но немам што, куќата ми е заедничка со брат ми. А единствено ако успеам да најдам некоја работа во Словенија или во Германија, каква било, би заминал без размислување“, вели нашиот соговорник.

Тој е гневен на она што го снашло и вели дека, за жал, во таква ситуација се многу други работници. Ниту менаџерите ниту државата не водат грижа за нив. Немилосрдно ги бркаат од работа, посебно ако „ги земат на заб“, или вербално ги прогонуваат докрај, додека самите не решат да си заминат од фирмата. Законите се на страна на работодавците, особено во последниве години, со сите измени во законите што се направија.

„Без пардон се бркаат искусни работници, пред пензија, на тој начин завршувајќи го животот на улица, на мизерен начин. Никаде во светот не е вака“, вели огорчено П.К.

На работниците од фирми каде што постои синдикално организирање матичниот синдикат им нуди бесплатна правна помош ако се загрозени нивните работни права или во случај на губење работно место ако е тоа од законски неиздржани причини. Таа помош вклучува и застапување на судски рочишта.

Во државава има над 62.000 правни субјекти и околу 580.000 вработени, според Државниот завод за статистика. Од нив, околу 120.000 се вработени во државната администрација и буџетските институции. Од јануари до крајот на октомври 2007 година, во Секторот за работни односи во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) побарале правна помош 15.422 работници. Во истиот тој период биле третирани 30.787 предмети за неостварени права од работен однос, што во споредба со 2006 година е повеќе за 17 отсто. Поголемиот дел од нив имале епилог во корист на работниците (околу 25 илјади).

Од речиси 30 илјади третирани предмети од работен однос во правната служба на ССМ, најголем број биле поради неисплатени плати и придонеси, нарушени работни права, поведени стечајни постапки, за откази од деловни причини и од други причини.

Македонија моментно, но и со години наназад, откако зачекори во транзицијата, има висока стапка на невработеност. Таа сега изнесува 35,8 проценти и е највисока во споредба со земјите во регионот и пошироко. На пример, во Србија невработеноста изнесува 22 отсто, во Албанија 13,9, во Црна Гора 30, а во БиХ 31 отсто од населението е невработено.

Најновата бројка од 357.166 невработени во Македонија е намалена за малку помалку од 30 илјади во споредба со 2006 година, но тоа не е резултат на порастот на вработеноста, туку на фактот што Агенцијата ги селектира невработените што се пријавуваат само заради сини картони од оние кои активно бараат работа. Според тој начин на евиденција, 79 отсто од невработените се изјасниле дека активно бараат работа.

Како и во претходните години, структурата на невработените е неповолна. Последните податоци од Агенцијата покажуваат дека најголем број од невработените се неквалификувани лица. Алармантната ситуација со високата стапка на невработеност, најверојатно, ќе продолжи и во наредниот период, бидејќи нема забележително заживување на македонската економија.

Според последните прогнози на Виенскиот економски институт, во следните две години Македонија ќе остане рекордер според невработеноста во Европа. Таа ќе се намалува, но бавно, најмногу по еден процент во наредните две години, што значи дека максимум ќе достигне 33 проценти, што е повторно мошне висока стапка.

Лицата што остануваат без работа остваруваат право на исплата на паричен надомест во траење од најмалку два месеца ако имаат стаж до 2,5 години, а најмногу 12 месеца за стаж над 25 години. Паричниот надомест не може да биде поголем од 80 отсто од просечната нето-плата по работник во земјата објавена за последниот месец.

Во групата невработени лица што стекнуваат право на користење паричен надомест од Агенцијата спаѓаат оние што останале без работа поради стечај, технолошки вишок од работен однос, сезонските работници. Заклучно со 2007 година, вкупниот број невработени што примаат паричен надомест изнесува 25.438. Најголем број од нив, или 16.457 лица, се без работа врз основа прогласување технолошки вишок од работен однос. Дел од таа статистика е и нашиот соговорник П.К.

Интересно е тоа што само девет лица во државава досега се технолошки вишок како резултат на реформите во државната администрација.

П.К. за државата претставува само обична евиденција, регистрирано невработено лице. Каде понатаму П.К. да бара потврда за своето постоење, освен во Агенцијата за вработување. Неговата надеж за мирна, сигурна старост и пензија остана некаде далеку, во халите на МЗТ „Хепос“. И во мечтите.


Статијата е прочитана 1023 пати.

Испрати коментар

Од: Od Kicevo
Датум: 07.04.2008 01:48:17
Vo Makedonija nekoj treba da odgovara za krsenje na Ustavot cl.16,kade e zagarntirano sekoj da raboti, i da ima dostoinstven zivot,da ne mu bidat zagrozeni covekovite prava,ministersot za socijala treba da snosi odgovornost,a tie agencii za vrabotuvanje da se zatvorat,polno sluzbenici politicari,komunalci sluzbenici pojke od cistaci zatoa ulicite se gnasni,prostitucija na maloletnici juzniot sosed vi snimil film vo bitola za devojkite,a na bumbar se javi eden starec rece deka e vistina devojcinja se prostituirale za pari,mislite evropa ne znae grcite im go pokazale filmot,zatoa mislat deka ne sme makedonci,nema takvi,Aleksandar Makedonski se delel so vojnicite i gradjanite,.....pamet vo glava....
Од: b
Датум: 07.04.2008 08:22:50
I kaj nas e taka (prilep).vo edna firma ne e bitno koja, polovina se na 80%, eden mal del tehnoloski vishok (od partiski pricini), i mal del rabotat vo neizvesnost.
Од: ofcata
Датум: 07.04.2008 08:27:45
22% nevraboteni vo Srbija?!?! Pa toa e poveke od 2 milioni nevraboteni?!?! Da ne ti se veruva, so e mnogu mnogu e!!! neli tolku nema ni vo Germanija nevraboteni
Од: Nikola
Датум: 07.04.2008 09:15:40
Drzavata se izbori vo privatiziranata ESM Distribucija noviot sopstvenik da dade nadomestok dokolku nekoj rabotnik spogodbeno go raskine rabotniot odnos. Ndomestokot treba da bide osnova za zapocnuvanje na privaten biznis. No, vmrovcite si zedoa nadomestok i si se vrabotija vo drzavnata ELEM ili MEPSO. primer: vo MEPSO se vraboti Dimitar Hisafov koj zel 12000 evra. I namesto MEPSO da vraboti mladi nevraboteni inzinjeri go vraboti ovoj vmrovec.
Од: Mite
Датум: 07.04.2008 09:17:04
ima Mnogu polosi slucai, lica koj NE bile vo spor so direktorot, proglaseni T.V. na 56g, taka da ne mozea nitu da baraat nadomest 5g pred penzioniranje, duri i invalidi na trudot, pa nitu tuzea nit nisto..preku zavod dobivaa 12 meseci samo po 3200 mesecno bidejki rabotodavacot plakal na minimum, a otpremnina po zakonski minimum ~800 Eu..duri moraa da se tuzat za otpremninata i zaostanatite plati, a stazot go dobija po sudski pat no samata drzava go poprecuva izvrsuvanjeto...PA NIKOJ NE SE ZAINTERESIRA da pisuva za toa..
Од: СИНДИКАЛЕЦ
Датум: 07.04.2008 10:06:56
Им честитам на редакцијата на ``Утрински`` и на авторката на текстот што најдоа простор и време да отворат ено од клучните прашања за државата, економските и социјалните права по основ на трудот. Името ќе го одбраниме ама држава нема да направиме ако не ги менуваме идиотските закони од економската и социјалната свера. Нашите работодавачи мо`ат и по 5 години да не исплатуваат плата, на пр.МЗТ ``ФОП` и никој да не ги санкционира, да отпуштаат од работа кога и кого ќе им е ќеиф, како во предметниот случај, да изрекуваат парични казни, а Фондот за ПИОМ да не им го признава стажот на осигурување како пензиски стаж ако не е платен придонесот, и ако работниците не се обврзници за плаќање на придонесот. Ваков идиотизам не е забележан во историјата на светската цивилизација.
Од: jimmy1
Датум: 07.04.2008 17:22:38
Baravme privatizacija ali se uste nemame dobar zakon za zastita na rabotnicite pa gazdite si igraat kako sto sakaat. Da mu prodademe na Grcite uste nekoja kompanija pa veruvam deke ke bide "podobro" sto velat starite, na kukus.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Зденко
Името ќе се реши за време на Буш
Карикатура
Груевски денес почнува нова рундa одделни лидерски средби
Сини очи балкански
Емоциите настрана
Експертите порачуваат_ Македонија да ја бара правдата во Ха��
На Македонија никако да и' тргне
Како до уставни закони?
Политичката елита очекува расправа во Собранието
Буш и Путин направија „попис на сработеното“
Да не провоцирате Грк, а да кажете дека сте Македонец
Verbatim