Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Чарлс Купчан

Името ќе се реши за време на Буш

Интервју со директорот во Советот за безбедност на поранешниот претседател Бил Клинтон

Од нашиот известувач
Борис Георгиевски

Оклахома Сити - Чарлс Купчан е актуелен професор по меѓународни односи на Универзитетот „Џорџтаун“ и експерт за европски прашања во влијателната невладина организација Совет за меѓународни односи во Вашингтон. Како поранешен директор за европски прашања во американскиот Совет за безбедност во администрацијата на претседателот Бил Клинтон, се смета за добар познавач на состојбите на Балканот, а во неговото поле на експертиза влегуваат и НАТО и Европската унија.

Како го оценувате Самитот на НАТО во Букурешт од аспект на одлуките што беа донесени во однос на проширувањето на Алијансата и другите актуелни прашања, имајќи ја предвид агендата на актуелната американска администрација?

Мислам дека Самитот беше делумно успешен, затоа што администрацијата на Буш успеа да оствари дел од своите цели, но беше одбиена за некои други прашања. Во однос на Авганистан и зголемувањето на трупите таму, администрацијата успеа да ги оствари своите замисли, исто така и во однос на ракетниот одбранбен систем. Исто така, доживеа два клучни неуспеха. Првиот беше дека Македонија не доби покана, а вториот беше блокадата за приближувањето на Украина и на Грузија кон Алијансата поради блокадата од дел од европските сојузници.

Какво е чувството во Вашингтон по ваквите одлуки во Букурешт и отфрлањето на македонската кандидатура?

Постои разочарување во Вашингтон, не само поради Македонија туку и поради Украина и Грузија. Веројатно и чувство дека НАТО е во фаза на зголемени тензии и поради тоа е потешко да се постигнат истиот консензус и солидарноста кои некогаш постоеја. Не мислам дека одлуката во Букурешт за Македонија беше голем неуспех. Мислам дека тоа беше несреќна одлука, но убеден сум и, ако се погледне реално, мислам дека станува збор само за одложување и ништо повеќе. Оптимист сум дека овој проблем со Македонија брзо ќе се реши.

Македонија не доби покана за членство во НАТО поради грчкото вето. Како го коментирате тоа?

Мислам дека не е добро тоа што проблемите околу името го спречија приемот на Македонија во НАТО. Мислам дека Македонија целосно заслужува да биде во актуелниот бран на проширување со Албанија и со Хрватска и сметам дека е многу важно за регионот во време кога се појавуваат нови нестабилности поради отцепувањето на Косово од Србија и влијанието на тоа отцепување врз српската политика. По таквите настани беше потребно стабилизирање и сметам дека доколку сите три земји добиеја покани, тоа ќе беше некаква гаранција за безбедноста. Сепак, верувам дека прашањето за името ќе биде решено во не толку далечна иднина и дека вратата на НАТО ќе и' биде отворена на Македонија преку тие преговори.

Дали американската администрација ќе остане инволвирана во преговорите за името со истиот интензитет како и пред Самитот?

Да, мислам дека Вашингтон ќе остане инволвиран и ќе продолжи да работи на решавање на проблемот и ќе ги поддржува напорите за изнаоѓање решение. Фактот дека за време на Самитот се говореше за решавање на овој проблем пред Буш да си замине од функцијата сугерира дека постои временска рамка за решавање на проблемот пред да дојде следниот претседател во Белата куќа.

Гледате ли решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција?

Не го следам проблемот доволно одблизу за да знам кои се опциите, но ми се чини дека единствено во прашање е името и тоа не би требало да биде преголем проблем за да се дојде до решение што би ги задоволило обете страни.

Доколку проблемот, сепак, не се реши и Македонија не добие покана, како ќе се одрази тоа врз стабилноста на земјата и на регионот?

Прво, мислам дека проблемот ќе се реши и дека Македонија ќе му се придружи на НАТО и тоа ќе се случи релативно брзо. Доколку, сепак, се случи некое одложување, тоа нема да претставува некој голем проблем за Балканот, затоа што мислам дека регионот се движи во вистинската насока. Единствена непознатост во регионот е Србија и дали изборите во мај ќе ја приближат оваа земја до Русија или до ЕУ. Но, мислам дека Македонија неповратно се движи по западниот пат и само прашање на време е кога земјата ќе влезе во НАТО и во ЕУ.

Американската администрација најави дека ќе потпише билатерален воено-технички договор со Македонија со кој, на некој начин, ќе ја гарантира безбедноста на земјата. Имате ли информации за каков договор станува збор и што можеме да очекуваме од него?

Мислам дека во Вашингтон на овој билатерален договор се гледа како на симболичен чекор за да и' се компензира на земјата поради тоа што не беше вклучена во бранот проширување во НАТО. Моментно нема надворешни закани со кои Македонија се соочува и како резултат на тоа гаранциите од САД би требало да се доволни за земјата да остане на цврста и безбедна позиција до решавањето на проблемот со името и нејзиното конечно вклучување во НАТО.


Статијата е прочитана 3358 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 07.04.2008 00:04:43
Stom treba da se "resi" "problemot" so imeto ,a plus i Bush ne ohrabruval da pregovarame i iznajdeme resenie za imeto so Grcite, toa znaci deka imeto treba da se menuva. Zarem toa ne e jasno? Cela ovaa fama sto ja dignavme nie ,deka site ne ohrabruvale i podrzuvale za da go resime sporot so Grcija, ne e nisto drugo osven promena na imeto. Dali sme spremni ili ne za toa neznam, jas licno ne bi menuval ime.
Од: ramadani
Датум: 07.04.2008 00:28:32
pa chim ne go sledi problemot od blizu jas neznam sto ste go intervjuirale togas. gluposti,coekov pojma nema...
Од: ivica
Датум: 07.04.2008 01:18:45
Ma kakvo menuvanje na imeto, treba da se toa odogovlecuva sto poveke mozeme. Treba da se maltretiraat site grcki gragani sto ke pominat na bilo koj od granicnite premini kon i od grcija.Da oseti malku i grcija i grcite kako ( go pisuvam so mala g zatoa sto nemaat zasluzeno nisto poveke ) e da bide nekoj maltretiran. Treba da go maltretirame sekoj kamion sto ke saka da izleze od grcija, da gi ostavame po 5 dena da sedat na granica zatoa sto "nemaat" odreden pecat. Treba da prestanat lugeto da kupuvaat grcki raboti,, treba da se otkazat od kosmofon, treba da se otkazat od vero.. od site benziski pumpi koj gi snabduva okta.. da pretanat da zemaat krediti od stopanska banka, a uste pomalku i da gi ostavaat svoite pari vo nivnite banki... koga MAKEDONECOT ke se svesti deka ne treba da dozvoli da bide maltretiran, togas ke svati i kako ke go resi problemot. Za seto ova treba da ni pomognat i MAKEDONCITE dod grcija i da se borat za svoite prava. Nov dogovor ne treba da se potpisuva...
Од: Od Kicevo
Датум: 07.04.2008 01:40:16
Kupcan,kakvo li prezime,a da go smeni toj crveni dumdir,za ovie kako sto kazav samo ala udber,sram da im bide vo pravo se muslimanite,a za nas Makedoncite sto se soglasuva, samo jovan i ramadani ne se soglasija,posto dvajca se dodeka pisuvam jas,dobro e a drugite mislam deka dora bakojani ne bara promena na ime bara identite promena,pa neka go promenat i toa na javno glasanje,sekoj sto ne saka da e makedonec,neka se otkaze od makedonsko drzavjanstvo,od makedonija,se,ke se povrzam so grcija,veke poznavam od korint edni grci,a na korint ima dobri ludje koj ja priznavale Makedonija i sega,,,,,dobro a nie sto sme makedonci ke si ja cuvame i Makedonija i identitetot,koga ke vidi dora deka sme hrabri ke si rece po se izgleda ovie se samo makedonmci,.....glupacite zapadnjaci ne gi slusajte,podobro ako veke vie sega imate izbor,cekajte albanija vo eu,bugarija vie tuka ete pasosi krsete glava da ne se vratite nikoj vo makedonija sto e prodavate,a gledam i politicarite isti se...........
Од: Nevrokop
Датум: 07.04.2008 02:23:50
Ne treba da prifatime Grcko ime pod sugestija na luge od nadvor. Samo Republika Makedonija, nisto drugo.
Од: Snezana
Датум: 07.04.2008 08:49:26
Site zboruvat deka imeto treba da se smeni, a ustvari koga doagjaat so predlozi za imeto ni nudat celi paketi. Znaci ne se raboti za imeto tuku se sto e makedonsko. Nie toa ne go prifakjame zatoa sto na takov nacin se zagrozuvaat nasite covekovi prava. Postojat megjunarodni zaednici koi gi zastituvaat covekovite prava, a kade se tie da kazat sega nesto..?Zosto postojat tie megjunarodni zaednici za zastita na covekovite prava, koga nie nemame pravo da bidime makedonci sto sekogas sme bile. Karamanlis sakal da ima nekoja dodavka pred imeto na Makedonija, PA NIE VEKJE IMAME DODAVKA PRED IMETO NA MAKEDONIJA, REPUBLIKA MAKEDONIJA. I nema povekje sto da se razgovara za toa. Zatoa sto Republika Makedonija e vekje razlicno od nivniot severen del t.e. nasiot juzen del koj denes se vika samo MAKEDONIJA.
Од: Aleksandar
Датум: 07.04.2008 09:58:26
Доста е! Има ли некој во жална Македонија што еднаш за секогаш ќе пресече - ги прекинуваме преговорите или го менуваме името.Со векови македончето се нешто чека.Време е да се фатиме за работа сите неопходи реформи да се спроведат.Алоо,шивотот ни помина во чекање!!!
Од: Jasmina
Датум: 07.04.2008 11:08:29
Pocituvani, Problemot so Grcija ce se resi koga ce se IMENUVA VISTINSKIOT PROBLEM. A toa e otstetata sto Grcija treba da ja plati, t.e. da gi plati (ili vrati) imotite na Makedoncite proterani od Egejska MAkedonia. Sumata (spored Grcki izvori) se proceniva na nad 10 Milijardi dolari!!!!. Zatoa spored mene, drzavata treba da se angazira preku davawe na pravna pomos ili pomos pri angazirawe na advokati i na megunaroden sud da se otpocnat soodvetnite postapki nezavisno od tekot i ishodot na pregovorite.
Од: Ivan
Датум: 07.04.2008 11:50:13
Sami t.e. nasata vlada ni ja vlosi situcaijata na megunarodnata scena...Gruevski so ngoiviot populizam i sebicnost. Sega dozivuvame ponizuvanja edinstveno poradi nego
Од: daco
Датум: 07.04.2008 13:14:25
Naseto ime e reseno pred povece od 5000 godini i necemoze nekoja Dagojani od Atina sega da ni kumuva.
Од: AP
Датум: 07.04.2008 14:36:21
ne e problemot so imeto, tuku so SODRZINATA na imeto, t.e paketot sto go nudat, akoj go nudi toj paket, da ne se toa nasite "PRIJATELI" od SAD kako Nimic, koj istite predlozi i istiot paket sto bile prethodno odbieni ni gi vraka za pregovarawe, problmot e vo paketot , GORDO MAKEDONIJO treba da se izdrzi,
Од: Skender od New York
Датум: 07.04.2008 16:44:56
Koga veke barate podrska, edna informacija za vas. Osven George W. Bush, i Robert Costelo e golem prijatel na Makedonija, bidejki raboti za mene, vo mojata pizzerija vo Brooklyn. Ludje, opametete se. Vo politikata ima interesi. Da li nie ili grcite sme povazni za amerikancite? Koga Bush e tolku golem prijatel na MK, togas zosto ne nepravi vistinski pritisok vrz Grcija. Koj bese specialen gostin vo Belata Kuka na 28 mart? Cija raka bakna Bush. Gostin mu bese poglavarot na Grckata Crkva vo SAD. A vo Vatikan, Bush samo podari, ne bakna nicija raka... Se prasuvate kade e vrskata na ovie licnosti. Pa Teodora, kerkata na popot e mazena za Costello, koj sto pravi pizzi vo mojot restoran. Zatoa opametete se, i ne veruvajte na sekakvi izjavi. Postavuvajte im konkretni prasanja na vasite politicari i barajte konkretni odgovori. Zarem ne gledate deka vi prodavaat magla. Jas sum od Tetovo. Koga zaminav, zemjata se vikase RM. Ne bi sakal da ja najdam so drugo ime. Ne dozvolete da ve ponizuvaa
Од: petar
Датум: 07.04.2008 17:41:50
Denesna republika Makedonija e bila 1000 godini bugarska, taa oblast e bila naselena so bugari do 1945g., a po toa e bila vo Jugoslavia, makedonski narod togash ne postoel. Za toa smetam treba prifattime imeto Bugarska Makedonija. Makedoncite sme Bugari, nasharta istorija e falsifikuvana.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Зденко
Наместо пензионери, технолошки вишоци
Карикатура
Груевски денес почнува нова рундa одделни лидерски средби
Сини очи балкански
Емоциите настрана
Експертите порачуваат_ Македонија да ја бара правдата во Хаг
На Македонија никако да и' тргне
Како до уставни закони?
Политичката елита очекува расправа во Собранието
Буш и Путин направија „попис на сработеното“
Да не провоцирате Грк, а да кажете дека сте Македонец
Verbatim