Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Емоциите настрана

Димитар Чулев

Работното место премиер е функција, а функцијата сама по себе нема емоции. Оттаму, изјавата на премиерот дека кога ќе се случела „една ваква работа“ (извисувањето од НАТО во Букурешт), три-четири дена не донесувал никакви одлуки додека чувствата не се смират, не влијае ни најмалку смирувачки. Напротив, влијае дополнително разочарувачки сознанието дека оној што ги има на располагање лостовите на власта и го држи кормилото на државата во моменти на силна бура си го дозволува луксузот да не дејствува. За лични работи тоа можеби има оправдување, но за државни приоритети е несфатливо.

Тоа е, ќе простите, спротивно на здравата логика и на народната поговорка, ако сакате, дека железото се кове додека е жешко. Грција, иако ја доби битката со Скопје, за добивањето и на војната веќе подготвува „аранжман“ во спорот со името како посредник да ги вклучи Франција и пријателот Саркози. Буш ни порача побрзајте и веќе ги одредува дипломатите кои ќе менаџираат во следната фаза во преговорите за името, Албанија која доби „џек-пот“ во Букурешт се нуди да се вклучи во спорот, Робин О’Нил, поранешен посредник за името, укажа на три работи кои мора веднаш по Букурешт да ги сработи Македонија... Во вакви услови и по 17 изгубени години без вистинска стратегија како да и' се контрира на Грција и како да се амортизираат нокаут-ситуации од ваков вид, веќе не смее да има слободни денови за да се размислело.

Нацијата ќе мине низ процесот на емоционална консолидација за која се грижи премиерот само доколку првите луѓе на државата излезат со јасен став кој ќе демонстрира цврстина и зрелост не само да се дочекаат на нозе ударите на судбината туку и привидниот пораз да се претвори во предност.


Статијата е прочитана 1062 пати.

Испрати коментар

Од: Normalen
Датум: 07.04.2008 00:34:30
Dosta veke so vakvi psihoanaliticki raspolozeni eksperti.
Од: Goce
Датум: 07.04.2008 00:38:58
Ako prodolzime da go odolzuvame resenieto na sporot samo poradi partiski interesi (izbori letovo), togas vo igra nema da bide samo Grcija, tuku kje se vkluci i Francija, Bugarija, Albanija, a mozebi i Srbija. Zatoa treba mudro da se postapi. Sekoj izguben den, znaci usloznuvanje na problemot. Namesto da se ceka od Grcija, mislam deka sega treba NIE da trcame i ponudime resenie za imeto. Republika Nova Makedonija - e mojot predlog, koj i Grcite go prifatija.
Од: Od Kicevo
Датум: 07.04.2008 03:12:39
Ti Goce,sram za Makedonija si,pak uste Goce,ke trcas da im go dades imeto Nova Makedonija,ej nejkat,ne bese toa ime znaes sigurno ili ne citas,REPUBLIKA SKOPJE/MAKEDONIJA/,toa bese gospodata politicari sto go krieja kako macka lajno,ama smrdi,pa Dora gi kaza.Smena na cel politicki predavnicki blok,nosenje na novi ludje makedonci po dusa i srce-narode makedonski dosta ne spij.Ti trcaj Grkot saka i nesto drugo ke pomines...........poznati se po toa deka sakaat momcinja neznam dali si ubav.
Од: Graf Ignatiev
Датум: 07.04.2008 04:12:11
A bre ljuge, Velika Rusija 70 god bese Sovetskij Sojuz , pa vie edna sepa ljuge Makedonija i pak Makedonija. So inaet nisto nema da dobiete.
Од: Јован
Датум: 07.04.2008 06:43:21
Само надмоќно суштество нема чувства : Груевски е граѓанин на Република Македонија како и сите други. Има чувства меѓу кои и гнев, разочарување, инает, љубов и омраза. Му се случува да се разболи и да се излечи и тоа како на сите граѓани. Фактот што е медијатизиран заради тоа што е избран од народот нема да му ја одземе човечката димензија и, НОРМАЛНО, како на секој ЧОВЕК, и нему му треба време да се соземе од шлаканицата од Букурешт. Или мислевте дека ако некој е на власт автоматски станува бесмртен? Анализата не е смешна, не е жална туку крајно патетична : пробајте да мудрувате додека имате воспаление на мозокот и видете го резултатот - ќе Ви стане јасно зошто!!!
Од: carski delcevo
Датум: 07.04.2008 08:02:09
so vnimanie gi citam tvoite tekstovi.mnogu od niv me odusevile,me pottiknale da procitam dodatni informacii.No,ovoj pat mislam deka se obiduvas da solis pamet,preterizam.kako samo da cekas da najdes povod,da doturis maslo na ognot,zajadliv si ne e arno taka.Ima vo mojot kraj edna poslovica : Ne trcaj kako prle pred magare
Од: Snezana
Датум: 07.04.2008 09:25:35
Ovoj spor so imeto posto ne se resil ovie 15 godini so pomos na medijatori nema ni sega da se resi. Ovoj spor treba da se resi vo megjunarodniot sud za covekovi prava i na sudot treba da se dostavat site potrebni dokumenti od istorijata, bukureskiot dogovor od 1913, pa se do svedoci makedonci koi bile proterani od svoite domovi od Egejska Makedonija. I na kraj da se bara Grcija da si plati osteta za genocidot sto go vrsela nad makedonskiot narod i da si plati za izgubenite imoti na makedoncite od Egejska Makedonija. Na vakov nacin da se stavi kraj na toj dolgovecen spor.
Од: Mihail Stojkovski
Датум: 07.04.2008 11:12:25
Neogovornata i krajno stetna politika na Gruevski ne dovede do vetoto vo Bukurest. Toj so svoite glupavi provokacii veke podzaberavenoto prasnje za imeto vo Grcija go izdigna na prvo mesto kako prasnje koe bese edna od klucnite temi na izborite vo Grcija. I papandreu i Karamanlis vo kapmpanjata na izborite najavija veto, ednostavno si gi pokazuvaa muskulite. Ednostavno, da ne zaboravime deka i Grcija si ima svoja javnost na koja nivnite polticira i vetija veto. Na kraj, se nadevam deka Gruevski koga ke se osvesti, ke sfati deka politikata ne za sekogo.
Од: pameten
Датум: 07.04.2008 11:42:21
Goce i Dame se borile za Makedonija i Odrinsko (MiO) Ako Turcite se sogflasat deka toa ne znachi da imame teritorielni pretenzii kon niv, mozhe nego da ponudime!:-)
Од: doktor
Датум: 07.04.2008 14:58:44
Nisto loso ni nevistinito nema vo izjavata na premierot deka ceka nekolku dena da mu se smirat emociite i posle da deluva.I toj e covek i toa relativno mlad i sekako deka ima emocii.I toa e dobro!Ne e dobro sto vasiot novinar ja stava vo negativna konotacija negovata izjava.Ne znaete veke kako da go napadnete Gruevski!A za imeto ima samo eden ishod:prekinuvanje na pregovorite(toa Grcite go isprovociraa so tavanje ad akta na privremenata spogodba) i formaliziranje na na ustavnoto ime preku svetskite institucii.Mislam deka toa go ocekuvaat i Grcite i SAD,iako malku izgleda kontradiktorno.Grckite partii ne mozat da prifatat nikakov kompromis so nas poradi kasata koja tie ja varat site ovie godini.Zatoa,ako si go dobieme ,formalizirame,naseto ustavnio ime preku mafunarodnite institucii,grckite politicari ke recat:nie ne napravivme nikakov kompromis,duri veto stavivme,no po praven pat Makedonija si go dobi ustavnoto ime.I Amerika,koja ne priznala pod ustavno ime mislam deka ni ja preporacu
Од: Sar planina
Датум: 07.04.2008 15:10:50
Mislam deka Republika Nova Makedonija e dobar predlog pa mora da go prihvatime. I drugijot predlog ne e bas tolku los - Republika Skopije (Makedonija), ama ovoj e podobar.
Од: Патрик
Датум: 07.04.2008 19:58:05
Четири дена да се соземе премиерот а имаше скоро две години пред него ,но тој се занимаваше со реклами и градење рејтинг и дојдовме таму кај што сме .На дното.Инфлација двоцифрена ,инвестиции никакви, ама затоа пак народните пари безмилосно се трошат а народецот секој ден поисплашен за свјојата иднина без можност да излезе од државава(се разбира само ако имаш бугарски пасош и си голем „патриот“ ).Доста веке со популизам ,проблемот со името треба да се реши најбрзо што може , за да не го испуштиме и „пролазниот воз“.Да мислиме на нашите поколенија!!!
Од: anonimen
Датум: 07.04.2008 22:43:34
Pa dobro kako ne ti e sram be. Ti ne si normalno covecko sustestvo ako ne svakas deka e najnormalno na premierskoto mesto da ima silni emocii vo ovakov istoriski znacaen moment za cela Makedonija i deka e najnormalno da si dade pauza od 2-3 dena malku da se sozeme i da gi promisli site alternativi za naoganje na najdobro resenie otkolku izbrzan emocionalen refleks. Od vakvi kao ti nema u Makedonija edinstvo, za 2 denara dusata si ja prodadeete

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Зденко
Името ќе се реши за време на Буш
Наместо пензионери, технолошки вишоци
Карикатура
Груевски денес почнува нова рундa одделни лидерски средби
Сини очи балкански
Експертите порачуваат_ Македонија да ја бара правдата во Хаг
На Македонија никако да и' тргне
Како до уставни закони?
Политичката елита очекува расправа во Собранието
Буш и Путин направија „попис на сработеното“
Да не провоцирате Грк, а да кажете дека сте Македонец
Verbatim