Да не провоцирате Грк, а да кажете дека сте Македонец
Синоличка Трпкова
Непреговарањето е рамно на самоубиство. Тој што не мисли така - не сака да ја види Македонија во Европа
Го изразувам моето огромно жалење поради настаните во врска со нашите НАТО-аспирации. Верувам дека овој тажен момент го делам со уште два милиона граѓани на Република Македонија. Како дел од нив чувствувам лична одговорност поради нашиот „неуспех“ во смисла на мојата (нашата) неможност да влијаам врз какви било случувања. Сите сме лути, емотивни и фрустрирани.
Имам две причини поради кои го пишувам ова: првата, се чувствувам како дете без родители во раната фаза од својот живот кое треба да ја понесе одговорноста за својата иднина; втората, од моментот на моето враќање секојдневно сум конфронтирана со неактивност, индиферентност, чекање да се случи чудо, игнорирање на тоа што е многу прогресивно и бара многу ангажман. Овие карактеристики како да станаа синоним за нашата живејачка.
Јасно е дека Македонија постои само и само благодарение на трпеливоста, кроткоста, толерантноста и цивилизираноста на македонскиот народ. Тоа е неспорно. Јасно е дека сите сакаме ЕУ и НАТО- интеграција. Јасно е и важно, исто така, дека сме единствена мултиетничка земја на Балканот, во вистинска смисла на зборот. Во контекст на ова, сите наши двоумења и стравови од Албанците треба да ги оставиме зад себе. Моето лично чувство ми вели дека кај некои од вас тоа се' уште го има и дека народот го чувствува тоа, но и рефлектира. Вие сте како родители – децата нема да го прават она што им го велите вие, туку она што вие го мислите и правите. Вие сте како на рендген- апарат. Камерата ги бележи сите ваши мисли, дури и оние најскриените. Затоа повеќе од пожелни се вашите добри актерски способности.
За почеток замислете дека немаме повеќе никаков проблем со Албанците (што е и вистина). Од таа позиција да им се обратиме на Грците. Ќе видите колку поедноставно ќе ви биде да комуницирате.
Мојата најголема забелешка до вас е (ако смеам да си дозволам) немање проактивен став во однос на прашањето за името (македонскиот идентитет). Пасивноста, кроткоста и малиот знак на добра волја што беа покажани при последниот предлог на Нимиц од ваша страна се само мала појдовна основа за оние вистинските преговори што треба да се случат допрва.
Сега ВИЕ треба да ја започнете „војната“ за зачувување на нашиот идентитет, зашто вие сте родителите, а децата чекаат на вас. Офанзивата треба да се насочи кон Грција и светот со сите аргументи и факти за нашето постоење. На секое грчко НЕ да имате најмалку десет прашања и одговори кои веднаш, директно, непоколебливо, но пријателски ќе ги адресирате до нив. Да не им дадете простор да земат здив и да смислат контраудар. Таквиот став ќе ви даде уште повеќе сила и моќ, а најважно од се' – вашите деца ќе гледаат во вас со верба, респект, воодушевување!
Гледајте ги право в очи и не покажувајте никаков сомнеж за она што го правите и кажувате. Сомнежите го потхрануваат непријателот и го делат народот. Никој не сака да види сомнеж во вашите мисли – велам мисли оти тие се читаат (на камерата) повеќе одошто вие можете и да замислите.
Јас не сум експерт по историја и не сум преговарач. Тоа сте вие. Потсетете се на светската поговорка која вели: „Ти нема да го добиеш тоа што го заслужуваш, туку тоа за коешто ќе преговараш“.
Само едно оружје има 21 век – медиумот. И тоа е најсмртоносното оружје досега. Треба да знаете добро да го употребите - тоа е во ваши раце. Грците го направија тоа со застарени техники и методи, но им успеа. Зашто немаа сомнежи кои камерата прва ги регистрира. А кога немаш сомнеж во мислата, дури и најзастарената актерска техника изгледа уверливо.
Добра стратегија, една цел и консензус. Добра подготовка со добар тренинг. Амбиција - десет пати поголема од грчката. Први почнете- тоа е многу важно. Така ја водите работата. Вие бидете тие што даваат насоки и предлози. Подгответе одговори на сите невозможни прашања од Грците. Подгответе контраудари на сите нивни напади. Ако сакате „ова нека остане меѓу нас“- замислете дека сте чедата на Александар Македонски! Има сто и еден начин да не провоцирате Грк - а да кажете дека сте Македонец.
Никако немојте да се однесувате како „предавници“ на македонскиот народ, затоа што преговарате за името. За да се осигурате во тоа, разгледајте ги сите опции на непреговарање. Дали тоа нам ни помага? Во 21 век непреговарањето е рамно на самоубиство. Тој што не мисли така – или не сака, или не може, или не умее да ја види Македонија во Европа. Ова не е ниту турско, ниту античко време, а најмалку време на локални херои. Ова е време кога светските очи се вперени кон нас преку медиумите и чекаат чудо од потомците на Александар!
Многу вештина и нерви ќе бидат потребни за да ги „смириме“ Грците, да разувериме дел од светот и да излеземе како победници. Но, не заборавајте дека „никогаш не ти е дадена само желбата, а истовремено да не ти е дадена и моќта за нејзино реализирање. Меѓутоа, за тоа ќе мораш добро да се помачиш“ (Ричард Бах).
Ние сме Македонци, зборуваме македонски и ја сакаме Македонија! Искушението, маката и истрајноста се нашите сестри, а просперитетот, мирот и стабилноста се нашите зачнати деца: „дозволете да ги доносиме, да ги родиме и да и' ги дариме на иднината на Македонија“.
(Авторката е доцент на Факултетот за драмски уметности )
vo NATO i Evropa samo so intident makedonski i makedonci, ako ne sme so toa togas nisto ne sme , samo ke slusaat za nas vo vicevite kako go prdadvme nasiot intidet na nasite pretci, sekoj moze da si go smeni imeto a i za toa ima procedura ali imaeto na negoviot mrtov tatko toa nemoze da go smeni i kolku toa da go saka i posakuva i sekoj ke se preispita i prasa dali e toj covek normalen sto saka da mu go smeni imeto na negoviot mrtov tatko, za imeto ne treba referendum treba samo dobro poznavanje i custvo za makedonija i makedonec i hrabrost , zasto na hrabrite i gospod im pomaga zasto se hrabri i ne go molat.
Од: Vasco Beleski
Датум: 07.04.2008 01:09:22
Vaka , imam edna izreka; se sto ke se sluci loso e za nesto dobro, vesta za sojuznistvo so SAD e za mene nesto sto mozevme da go vidime samo na film. Vo onoj moment koga ova ke se ostvari Grc ke popusti i omenke, a vo isto vreme Makedonija ke se najde na listata na sigurni zemji za investicija. Videte politickiot Vrv nikogas ne bese taka sploten kako sega, a duri i so nasite sogragani albanci posle ova ke se razbirame uste podobro, sega site znaat imame idnina i sega site znaat zosto da se soedinime, na site pesimisti im poracuvam podobro e da pojdete vo nekoja kafana , buvnete po nekoe pivce i zapalete edna ama nemoj ve molam nemoj da im go odzemate prosotorot na optimistite. Denovive razgovarav so edna Svajcarka Doris Berger, ke objavam i intervju ako mi dozvoli vesnikov, znaete sto znaci doaga taa kaj mene i mi veli g-ne od utre imam nova frizerka, jas mislev so i ne g-ga kakva frizerka ...ja menuvam grkinja bese.ah boze mi gi napolni srcevo...a svajcarka e pozdrav do site
Од: RR: Makedonija da se storit OK
Датум: 07.04.2008 01:15:08
Taka ja razbrav poentata na Vashata kolumna,pochituvana Sinolichka.I se e jasno kazhano i prifatlivo za mnozinstvoto gragjani na nashata drzhava.Samo edna rabota e ushte pojasnai, za zhal,vo momentov pretstavuva golem hendikep za naporite i na site drugi,sjto razmisluvaat slichno na Vas.Toa e nesrekjata,shto za Premier go imame Gruevski i negoviot Karamanlisovski stremezh za zgolemuvanje na svojot rejting,koj e prioritet nad prioritetite vo ovaa drzhava.Se drugo mozhe da bide vo vtor,tret i n-ti plan,no rejtingot na Grujo treba da se nadgraduva postojano i po cena na stavanje "vo miruvanje" na site aktivnosti za prodolzhuvanje kon NATO i EU integraciite.Dali kje stanat pojasni za povekjeto tuka koi se vistinskite motivi za pogubnata politika shto ja vodi i ne dovede do zid so iskluchivosta i inaetot?Najverojatno,kako na primerot so Ljpcho Vojvoda.I po nekoja godina vistinata kje ja znaat tie shto kje ostanat ne samo Makedonci po rod,tuku i samo so makedonski pasoshi,bez rezervni drzavi
Од: Skopjanec
Датум: 07.04.2008 02:23:11
Sinolicka, zaboravas deka i nepregovaranjeto e pregovaranje, isto kako sto i molcenjeto ima svoja poraka i zboruva. Nemoj da brzash so ocenki, napustanje na pregovori e samo edna od taktikite vo pregovaranjeto, koja se pravi so cel da donese poeni pri podocneznoto vrakjanje na pregovarackata masa.
Од: beti-detroit
Датум: 07.04.2008 04:50:39
vnimatelno go procitav vasiot tekst i vo dobar del se slozuvam.nie kako poedinci mozeme samo vaka,komentari da davame no zatoa pk izbravme polticari,nasi zastapnici koi treba da ja sproveduvaat voljata na narodot.e sega,ocigledno e deka greski ne napravija,velam istorijata pokazuva kolku nepravdi se napravija kon mk i niedna pouka ne izvlekovme.vo ova vreme treba mediumski da bideme superaktivni a toa ne go gledam,barem ne ovde vo sad.a sega e momentot za doobjasnuvanje zosto ne go menuvame imeto i kade e poentata na grcija.znaci mladite makedonci se na poteg preku internet mediumite so sto ke dadat podrska i na nasite politicari
Од: starwars
Датум: 07.04.2008 08:43:19
Sınolıcke, dete mlado, tvojata statija e COOL. Sto znaci toa? Good but not ready. yet. Call me when you are? OK? Bıdejki ne si pregovarc da ti otkrijam nekolku mali tajni od kujnata na iskusite pregovaraci: Prvo, sekogas pregovaras za da zemes nesto sto e tugjo, nikogas za da dades nesto sto e tvoe. Razbra? vtoro, sekogas pregovaras od pozicija na sila a ne obratno. OK? Nemoj da zaboravis deka ishodot na sekoe pregovaranje vo dobra mera e resen od vleznata pozıcıja na pregovarackite strani. Gledas İzrael? prvo ke te napravi popara posle ke pregovara koga znae deka ti nemas mok, i moras da prifatis se. Sinolicke,Sila Boga ne moli. Samo siromasniot- nemokniot klecat vo crkva i se molat a bogatiot-mokniot so parite ke zeme platenici i ke te bombardira do smrt. Gledaj go İrak. Tamı kade silata e gospodar, pravdata e sluga. No nasite politicki oximoroni, gazot ke go dadat za da ostanat na vlast.
Од: makedonija
Датум: 07.04.2008 08:52:56
Sinolicka!. Cenam lugje koi imaat jasni stavovi. Ne samo zaradi toa sto moite stavovi vo potpolnost se soglasuvaat so tvoite, tuku i zaradi toa sto gi izrqzuvas na eden poseben nacin umetnicki i principielen.
Ova treba sto pobrzo da se resi. Ovaa agonija ne e samo 17 godini. Zapocnata e vo 1913. Dosta e!Nie sami treba da i ponudime (so svedoci, se razbira) na Grcija resenie koe nema da moze da go odbie. Posle seta ovaa galama na svetska scena okolu Makedonija, ke se najdat istoricari, areheolozi, lingvisti od svetot za koi ke bide predizvik proucuvanjeto na minatoto na Balkanot. Grcija se plasi od svoeto minato kako od avet. No sega e vreme, koga i ona sto golemite dogovaraat zad zatvoreni vrati, se doznava. Evropa ja zastiti Grcija, kako bespomosna majka sto bi go zastitila svoeto razgaleno i bezobrazno dete. No, takvite majki se sramat od svoite deca . Na Grcija i pretstoi vojna so naukata i vistinat
Од: heh
Датум: 07.04.2008 08:57:09
smenite li go imeto - smenate identitetot.
nema da go slavite Aleksandar Makedonski tuku Todor Aleksandrov :))
Од: Albanec
Датум: 07.04.2008 09:23:22
Mislata mi se svigja. Se e vo red, nie Albancite veke so god. prakticno vikame na glas deka so nas nema problemi, no sepak ima problemi! Ne mi e jasno zosto se gubi vreme. Vnatresniot mir na edna drzava znaci razvoj vo taa drzava. Bez politicka stabilnost ne moze da ima ekonomski prosperitet, i zosto se uste ima problemi? Makedonija e nasa drzava, po koj pat treba da ve potsetuvame? Se plasam deka tokmu na aktuelnata garnitura na vladava ne i dogovara stabilnosta na Makedonija, kradele premnogu pa se plasat ako se stabilizira ke gi fatat i ke odogovarat pred liceto na pravdata. Politicki, i inteligentno aktuelnata vlada zaostanuva, ne se za vodenje drzava ednostavno, zivi kriminalci, bidejki so kriminalci sorabotuvat. More mozebi treba da i zablagodarime na Grcija sto ni gi otfori ocite, iako boli da te ostavat na strana pred 100-ici miljoni lugje!!! Da znaete kako se osekjam, hmmm!!!
Од: Snezana
Датум: 07.04.2008 10:17:42
Za da ne se luti nikoj, ovoj spor so imeto treba da se dade na megjunaroden sud za covekovi prava. Treba Grcija da se tuzi sto vrsela genocid nad makedonskoto naselenie vo Egejska Makedonija i da se bara da plati osteta na istite tie makedonci. Moe mislenje e ako pobarame da ja tuzime Grcija na megjunaroden sud, taa odma ke smeni mislenje za sporot so imeto, zatoa sto ke znae deka nejzinata tajna sto ja krie od javnosta vo svetot vo vrska so genocidot ke izleze na videlina i mislam deka ke prifati se zivo i divo samo da bi pominala poeftino.
Од: coraddo
Датум: 07.04.2008 10:23:12
NEMAS NI TI,NI KIKOJ DRUG ni da pomisluva da go smeni imeto na ovaa zemja.dokolku(bi lazel koga bi te narekol DRAGA MOJA),TEBE I NA DR.NE VI SE DOPAGJA,IMATE MNOSTVO NA DR.ZEMJI
Од: "imav eden son"
Датум: 07.04.2008 10:37:32
Cesto pati koga vo mojot grad gi gledav albanskite veselbi ,nivnoto zname zaedno so amerikanskoto, se cuvstvivav dosta mizerno..No deneska mozda imame sansa site tri znaminja da bidat zaedno zatoa sto nasata idnina ce bide kolektivna ili voopsto nema da postoi za nikogo.
Ako medju albancite ima pragmaticni i vizionerni politicari a istite treba da se baraat i od nasa strana togas bi mozele site da sonuvame za vistina podobra idnina za Makedonija i nasata pozicija bi bila mnogu pojaka vo idnite razgovori so grcite
Од: Makedonec vo EU
Датум: 07.04.2008 10:49:19
Dragi Makedonski politicari... (1) Otidovte vo Bukurest so neresen spor znaejki deka Grcija ke Vi stavi veto. (2) Go reklamirate prijatelstvoto so Bush, koj i doma ima katastrofalen rejting i site cekaat da si zamine. (3) Istoto toa prijatelstvo poteknuva od isprakjanje Makedonski vojnici na Bliskiot Istok, sto e totalno osudeno od strana na EU. (4) Zaboravivte deka site EU clenki poprvo ke poddrzat svoja clenka, otkolku USA koja, bombardirajki kogo stigne, ja izgubi ekonomskata vojna so EU. (5) Zaboravivte deka Makedonija e vo Evropa, a ne vo Amerika. (6) Ne go osudivte Makedonskiot nacionalizam, so sto jasno bi dale do znaenje deka vie ste "dobrite". (7) Najvazno i najtazno od se, pak ke go promenite imeto, samo vo uste polosa varijanta.
Од: bojan perin
Датум: 07.04.2008 11:04:28
bravo be noli :) valjda nekoj od nasive politicari kje te skonta sto zboris! taka treba! te poddrzuvam!
Од: pameten
Датум: 07.04.2008 11:12:10
Mora da se pregovara, no ne so Grcija, toku so Bugarija!. Po shto nema strav deka ako go menuvame ineto kje se pogrchime, doku deka kje se (re)bugarizirame. Stravot od Bugarshtinata ni tera da se konfrontirame so Grcite! Paradoks! Strategijata deka svetot kje gi natera gnasnite Bugari da priznat deka Makedoncite nikogash nemale nishto zaednichko so niv se provali. Istorijata e na nivna strana, a i ne se tie vo izolacija, tuku nie! Ako tie ni priznat za poseben narod, (a tie kje ni priznat ako nie prizname zaednichkata, do 20 vek istorija) togash lesno kje se spogodime i so Grcite!
Од: Realen Realist
Датум: 07.04.2008 14:21:56
Prav e Pameten. Ako se prizna zaednickata istorija so Bugarija do 20 vek, togaj ne ke imame problemi i so Grcija. Pa i so Bugarija.
Од: arschloch
Датум: 07.04.2008 15:01:10
Јас моето име не го давам, а ти синоличке мени го твоето име, ако не ти се допаѓа. Ако некој со ��ила и со предавство ми го смени името, јас веднаш ќе се откажам од мојот сегашен пасош на кој што сеуште пишува Република Македонија, и не сум спремен да носам во џебот туѓ за мене пасош. ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, и ве молам престанете да ме негирате...
Од: 007
Датум: 07.04.2008 17:15:22
sakam edno da vi kazam me isprvocira naslovot...ziveam u germanija i najdobar drugar mi e grk,so nego nemam nikakov problem i so cela negova familija ziveam mnogu ubavo,nemam nikakov problem da kazam makedonija(mazedonien na germanski),nitu pak toj ne vika nekoe drugo ime za mojata drzava osven makedonija....mislam deka toa se politicarite poveke krivi ,dodeka narodot ne e takov...toa e moe mislenje.......
Од: Ne za apologeticite
Датум: 07.04.2008 18:37:03
Nema potreba od paniki i pravdanje. Sojuznistvoto so SAD, Ukraina i Rusija e povazno od clenstvoto vo NATO ( Ako veke ne sme svesni ili pak uslovite ne dozvoluvaat da bideme neutralni).
Dajte da ja napravime Makedonija CENTAR na Finansiite vo Evropa ( kako Svajcarija na Balkanot), no oslobodete se od aramiite (zbogateni vo grabezot narecen privatizacija) koi ni ja sramat drzavata.
Од: Stavre
Датум: 07.04.2008 20:01:27
Se raboti za slednovo. Koga go menuvas imeto treba kako obrazlozenie da gi navedes pricinite za toa - klasicna procedura vo celiot svet.
Edna od najupotrebuvanite pricini e deka okolinata, prijatelite , kolegite te oslovuvaat so novoto IME (prekar) koj ti smetas deka e dobro i go prifakas za novo zatoa sto okolinata go zaboravila tvoeto pravo ime.
Jas ne se sekavam deka Grcija vo poslednite 20 godini ni se obraka so FYROM ili pak so NOVA MAKEDONIJA ili pak so REPUBLIKA MAKEDONIJA (SKOPJE). Ako mene ne mi se bendisuvaat iminjata so koj nekoj me oslovuva imam pravo da ne mu vratam vo korespondencijata/razgovorite ili pak voopsto da ne razmisluvam da go prifatam kako novo ime - sto znaci imeto ostanuva vo racete na MAKEDONCITE. Jas ne poznavam ni edna druga nacija vo SVETOT deka go saka naseto IME za nivno novo ime. Nitu Grcite nitu Bugarite nitu pak Srbite sakaat da se prekrstat vo Makedonci i nivnata zemja/drzava da se vika Makedonija - ne sum cul, sto znaci...pamet u glava
Од: mene
Датум: 07.04.2008 20:34:41
sinolicka, pa i sama velis deka makedonja e multi-kulti...znaci nie nemame problemi so nikoj...TIE IMAAT PROBLEMI SO NAS....