Хороскоп
Овен
Некој ќе ве онерасположи, но само на кратко. Ве очекува страсна ноќ. Добро завршената работа ќе ви го зголеми угледот. Некој во додворувањето ќе ви понуди работа и соработка. Внимавајте на зглобовите. Не карајте се со постарите.
Бик
Ако се обидувате своите ставови да ги наметнете на своите блиски, ќе предизвикате неред. Надополнете го она што сте го пропуштиле во текот на минатата седмица. Вашето тело бурно ќе реагира на стресот. Избирајте зборови.
Близнаци
Воздржете се од љубовната акција. Би можеле погрешно да ги процените околностите. Работата ќе ве ослободи од напнатоста и негативната енергија. Не влегувајте во илегални активности. Ослободете се од напнатоста и нервозата. Вложете во образованието.
Рак
Можеби не ви цветаат рози во љубовта, но не очајувајте. Кризата брзо ќе мине. Ќе напредувате побавно од вообичаено. Ќе ве улови мрзеливоста и поспаноста. Добро ќе ви дојде медитација и антистресна терапија. Немојте да се инаетите.
Лав
Со кокетното однесување, од ден во ден ќе создавате нови прилики, но ништо нема да дотуркате до крај. Поработете на концентрацијата и водете сметка за временските рокови. Внимавајте на желудникот и карлица. Не избегнувајте ги обврските.
Девица
Ќе се најдете во љубовна дилема. Послушајте го гласот на срцето и не обрнувајте внимание на туѓите коментари. Во извршувањето на работните обврски ќе запознаете интересна личност. Здравствените проблеми ќе ги санирате со природни лекови. Чувајте се од лажговци.
Терезија
Би можела да ве налути себичноста на партнерот или неговите егоистични постапки. Разговарајте за тоа. Околностите ви се наклонети за работа. Можни се добивки и награди. Внимавајте на мочниот меур. Пробајте си ја среќата на наградни игри.
Скорпија
Ситуацијата ќе се менува од ден на ден. Вашиот партнер ќе наидува на проблеми во желбата да ве усреќи. Една работа ќе се искомплицира. Некој нема да го почитува договорот. Чувајте се од инфекции и алергиски реакции. Немојте да трачарите.
Стрелец
Ќе бидете забавни, духовити и дружељубиви. Ќе заведувате личност, од која подоцна ќе се криете. Ќе ве инспирира еден разговор. Можна е добивка од хонорарна работа. Внимавајте на прстите и ноктите. Подобро слушајте што зборуваат другите.
Јарец
Партнерот ќе ви предложи нешто што нема да ви се допадне. Ќе одбиете еден додворувач. Ќе ви се отворат нови можности на планот на заработувачката. Работата ви дава самодоверба. Внимавајте на тенот и косата. Контролирајте си ја лутината.
Водолија
Ќе блескате од задоволство. Вашата љубовна приказна ќе напредува од ден во ден. Со личната харизма и шармот ќе ги освојувате своите соговорници, партнери и шефови. Подложете се на масажа на грбот. Избегнувајте неморални понуди.
Риби
Ќе решавате љубовни проблеми на еден близок пријател. Можна е интересна љубовно-финансиска соработка. Ќе ги криете своите вистински намери. Ќе играте некоја игра. Не потценувајте ги своите можности. Ве исцрпуваат заткулисните игри.
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Облачно
|
Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -1°C
|
Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 10°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|