Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
08.03.2012, 17:47

И без НАТО му е удобно во Владата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, навреме ги расчисти сите комбинаторики за можно рекомпонирање на власта



Два месеци пред самитот во Чикаго, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побрза да ја подготви јавноста да не очекува потреси во Владата поради новата пропуштена можност за влез на Македонија во НАТО.

Откако претставници на меѓународната заедница јасно кажаа дека, без решение за името, шансите за зачленување во алијансата се рамни на нула, Ахмети деновиве се изјасни дека не верува оти исходот од престојниот самит ќе предизвика политичка криза во земјава. ДУИ, рече тој, нема да ја напуши владејачката коалиција, бидејќи е сериозна партија која не дејствува во еуфорија, туку ги разбира реалните околности.

„Работиме секојдневно за зачленување на државата во НАТО и во ЕУ. Работевме вчера, работиме денеска, ќе работиме и утре и нема да се повлечеме од тој голем проект во интерес на стабилноста на државата,“ рече Ахмети, расчистувајќи ги дилемите, што подолго време се присутни во политичките кругови, за можно рекомпонирање на власта, по Чикаго. Тој уште кажа и дека интегрирањето на Македонија е обврска и одговорност на секоја политичка партија, независно дали е на власт или во опозиција.

Истата вечер кога Ахмети ја даде изјавата се случија инцидентите во градски автобуси во Скопје. Овие настани се ставаат во контекст на меѓуетничките односи, што беа ставени на тест за време на искричењата меѓу Струга и Вевчани, каде што градоначалниците се од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ, за дополнително да зовријат по убиството во Гостивар.

Две компоненти ја издигнаа ДУИ во централна точка околу која се вртат сите комбинаторики за евентуална промени во политичката констелација: Распоредот на силите во парламентот по последните избори ја става ВМРО-ДПМНЕ во понеудобна ситуација, во споредба со позицијата што ја имаше до лани. Кога ДУИ би излегла сега од коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ би останала без мнозинство во законодавниот дом. Втора работа се постојаните инсистирања на интегративците за забрзување на евроатланското интегрирање на Македонија, како предуслов за стабилност на земјата и на регионот во целина.

„Проблемот со имет�� треба да се реши до Самитот во Чикаго, бидејќи секое одлагање на зачленувањето на Македонија во НАТО ги поттикнува деструктивните елементи во земјава и во регионот да произведат нестабилност, како што и растечкиот евроатлантски скептицизам предизвикува нетолерантност меѓу заедниците“, изјави Ахмети во ноември минатата година, по една од средбите со американскиот амбасадор Пол Волерс.

ДУИ издејствува да ги добие челните места во владините ресори за европски прашања и за одбрана, но ни нејзините кадри, очигледно, не можат да ги поттурнат закочените интеграциските процеси. Опозицијата, пак, постојано ја потсетува владејачката партија од албанскиот блок дека не може да се исклучи од одговорноста за загрозените евроатлантските перспективи на Македонија.

Но ни опозиционерите веќе не веруваат дека ДУИ е подготвена да ги напушти удобните позиции во Владата, во име на основните приоритети во платформата на партија. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, изјави деновиве дека нема илузии дека, по Чикаго, Ахмети ќе повлече чекор со кој ќе предизвика паѓање на Владата. „Убеден сум дека ДУИ нема со ништо да придонесе за скорешно евроатланско интегрирање на Македонија“, изјави Тачи.

Многу настани по последните парламентарни избори упатуваа на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се' подобро се разбираат, и покрај впечатокот дека меѓу нив има судири. Затворањето на хашките случаи и усвојувањето на новите закони за употреба на знамето и јазикот на заедниците го сигнализираа тоа уште пред формирањето на нивниот втор владин кабинет. Впечатокот дека „соживотот“ на „Илинденска“ добро функционира, деновиве, се надополнува со листата за одбележување годишнини на значајни настани и личности, во која влегоа многу датуми од историјата на Албанците, како и со преименувањето на училиштата во Чаир, составувањето на списокот со нови имиња за скопските улици...

Познавачи на приликите во ДУИ сметаат дека за оваа партија се многу важни локалните избори во 2013, откако во 2009 и' ослабнаа позициите во неколку општини, а ги изгуби и градоначалничките места во Тетово и во Гостивар. За ДУИ е важно да учествува на изборите од позиција на власт и при тоа да има монопол во албанскиот политички блок. На Ахмети, велат наши соговорници, не му одговара да ја дели власта со Мендух Тачи и со Руфи Османи и затоа упорно со држи до принципот дека владата треба да ја составуваат победничките партии во двата политички блока.


Статијата е прочитана 4499 пати.

Испрати коментар



Тужењето стана национален спорт
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица користи државни простории без кирија
ВМРО-ДПМНЕ влече на една, а ДУИ на друга страна за Чаир
Филе
Атина пак се жали на негативни изјави од Македонија
Се бараат оставки од врвот на МВР
Три инциденти за едно деноноќие
Јанкулоска бара смиреност



jovan, 09.03.2012 00:13:20
DUI se prikaska za sebe, i toa dosta dolga, a nema tuka mesto za da ja preraskazeme. Vo sekoj slucaj, igraat smireno i mudro vo ovoj haos koj ne zafaka, iaka mnogumina sakaat da bide poinaku. Samo da napomenam deka od Yugoslavia edinstveno sto ostana do den denes e UDBA, i e se podobro i podobro organizirana. Site nejzini upravi denes se dosta dobro kordinirani i organizirani, zapocnuvajki od Dravskata uprava(Slovenia) pa Savsko-Primorskata(Hrvatska)... pa se do ovde Vardarskata(Makedonija).Del od Kosovsko-Metohiskata e i tuka involvirana. Tokmu preku DUI. Duri i ako nastane nesto, toa ke bide koordinirano i ispalnirano kako del od nekoj posirok plan.
aleksandarmkd, 09.03.2012 00:17:58
Abe Ali zvani Ane ne e budala lapanje bespare vozenje bespare setanje bespare sve toa da frli u voda lapaj bateee eden den kogaj ce dojdes pred vratite na Alah ekspresno ce bides ispraten kj sejtanot
nacional-patriot, 09.03.2012 01:36:44
Sto sakaat opozicionerite?Da se vratat na vlast bez izbori so rekomponiranje na parlamentarnoto mnozinstvo.E ne moze taka.DUI rado bi ja napustila koalicijata so VMRO i toa potajno go saka,no onie vo DUI znaat deka osven sto ke go vratat SDSM na vlast bez izbori drugo nisto ne mozat da napravat.Znaat deka tie vo koalicija so SDSM ne mozat da se osmelat da smenat ime,poradi jasniot stav od narodot da ne se menuva imeto i poradi stravot od gnevniot narod na ulica dokolku koalicijata SDSM i DUI ja napravi taa budalastina.Zatoa DUI nema da ja raskine segasnata koalicija.
Predavnik, 09.03.2012 01:37:57
Kako predavnik ne sum so patriotite, ama pushtete gi ednash neka si go zavrshat mandatot. Posebno shto momentno ne se gleda vistinska/dobra alternativa, iako mislam deka predavnicite ja podobro chuvaa i vodea tatkovinata. No izborite drugo pokazaa i toa mora da se pochituva.
jimmy1, 09.03.2012 04:16:54
Zosto da ne mu e udobno, namesto vo Sutka ili vo Idrizovo sedit vo toplite i udobnite fotelji vo vladata, kako ke mu teknit taka go pucit Gruja, sto ke posaka toa ke dobie, go vozat besplatno kako slepec, zema plata od nasi pari za terorizmot sto go pravese protiv Makedonija, so pecat na celoto e amnestiran , i zosto da ne mu e udobno. Duri ovie ne bidat kazneti za vojnata Makedonija ne mozi da krene na podobro zost boza kazna e teroristi da bidat vo vlada i da zavzemaat vidni ministerski mesta, posebno za odbrana. Covek sto nekogas gi napagase nasite odbrambeni sili sega da im bide BOS, kade se culo videlo takvo nesto vo druga drzava, ali kaj nas sve e mozno.
pameten decko, 09.03.2012 06:07:32
abe Ali ne e budala. toj podobro da e vo vlada koja ja unistuva drzavata ekonomski i na site polinja. tuka najmnogu moze da dade pridones. a koga ce kolabira drzavata toj ce zi go zeme delot za koj se bori. makedoncinjata ce ostanat so prstot vo usta posto ce gi lapne majka bugarija na celo so milososki i ostanati blgari od dpmne. jadan e onaa drzava koja zavisi od ovaa faca. a ali ce igra onaka kako mu svirat kaubojcite.
Makedonec, 09.03.2012 06:29:20
Ne se sekirajte nie denonokno rabotime za golema Albanija ...
аналитичар, 09.03.2012 07:29:10
едно е јасно,бц големиот политичар,сите го искористија за свои интереси и го украдоја народот и сета вина ја фрлија на бц бидеки тој изигруваше голем политичар а го направија голем арамија и лажго.НЕ дека тој не не оплачка ама знам директори што ги украдија фирмите во време на сдс и сега како вмровци се најкритични кон овај бц,а и си го бара бидеки најаве борба против октоподот а тој излезе октопод.
оставете, 09.03.2012 09:14:51
Оставете ги ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на власт. Оставете ја Македонија да тоне се подлабоко и подлабоко. Колку подолго на власт ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, толку полошо во Македонија. Колку полошо во Македонија,толку подобро за Македонија. Само така може да се свести овој македонски народ заблуден од Груевски.
pile, 09.03.2012 11:07:15
G-din Jovan,potpolno ste vo pravo,poslednite emisii vo Centar, na alfa TV od Vasko Eftov vredi da se poglednat.Koga poziciskata albanska politicka partija DUI na Sobraniskata odluka glasase za, policiski sili od sosedna Srbija da prevzemaat merki na podracje na R.Makedonija, ne me iznenaduva i da se slozji da se realizira vtoriot del od referendumskoto prasanje, ,,..so pravo da vleze vo sojuz so nekoja od poranesnite JU Republiki.Pred nekoj den liderot na DPA rece deka ke pobara pomos od sosedna Albanija, dokolku sostojbite po bezbednosta vo zemjata ne se sredat.Jas licno baram pomos od R.Grcija, ne samo zaradi faktot deka so nejzina podrska R.Makedonija ke stane clenka na NATO Alijansata so sto regionalnata stabilnost znacitelno ke se podobri, tuku i zaradi faktot deka, vo bezbednosnite strukturi na sosedna Grcija ima poveke gragjani koi se cuvstvuvaat kako Makedonci otkolku sto ima Makedonski albanci vo silite na sosedna Albanija.
Ana, 09.03.2012 11:13:16
Koj saka da rasturi koalicija so najgolemata i najmoknata partija vo Makedonija odgovorot e jasen NIKOJ.I da na vlezeme vo NATO,VMRO ostanuva na vlast i vednas po samiitot da ima izbori povtorno VMRO KE POBEDI.OVOJ NAROD NE E ZA PROMENA NA IMETO I SITE VEKE ZNAEME DEKA SO NAS EVRPOA SE PODIGRUVA I NE UCENUVA ,NO NIE NEMA DA POTKLEKNEME NA NIVNITE UCENUVANJA KAKO STO GRCIJA IMA SVOJ STAV TAKA I NIE IMAME SVOJ.
Македонец, 09.03.2012 11:22:14
И на мене ми е удобно без НАТО, а богами и без ЕУ... си ги засукав ракавите, си работам и си имам пари... кој чека пари од НАТО и ЕУ грдно се излажал.
xcdfghjkl, 09.03.2012 11:25:51
Albert Musliu ne za prvpat dava tocna dijagnoza na socijalnite slucuvanja da ne recam bolesti.Znaci sdsm i donese dvojna nevolja na Makedonija i kako rezultat na toa NEDOVERBA VO SISTEMOT. Problemot ne e vo stranskite sluzbi iako i tie imaat vlijanie. Ovaa kriza e cist domasen produkt made in Bihacka by sdsm. Prvo, avtokratskiot diktat vo sekoja vlada AP i vtoro,ekscesivnata agresija vrz policijata. Terapija-lek,veke kazav:DUI nadvor od vladata a sdsm nadvor od sobranieto. Inaku katastrofata cuka na vrata i na povidok e totalen haos,anarhija i humanitarna katastrofa. Dokolku DPMNE ne saka da ucestvuva vo scenarioto za ozdravuvanje na opstestvoto, potrebno e samoorganiziranje vo nova alternativa vinaku veke rekov trgnato e kon provalijata.
abdula-turk (kaymakam), 09.03.2012 11:34:33
Gosp.A.Ahmeti-neka go iznese svojot stav okolu integriranjeto na RM vo NATO, problemot so ustavnoto ime nema pravo toj da diskutira bidejki (toj samiot ne go podrzuvase referendumot na 8-mi septevri za nezavisn.na RM).Opozicijata ne moze da se pomiri bidejki na dva pati gi gubi parlamentarnite izbori ako ima novi pak ke gi izgubi.Opozici.treba da ponudaat resenie kako ke go resaat sporot so Grcija?(koja ima spor so site sosedi pa i RT)-Ne sum siguren dali Ali ahmeti e so idea obedinuvanje na site albanci na balkanot koja idea ne odgovara nitu na evropa nitu na SAD nitu na nas kako multietnicka zaednica-resenieto e slednoto:Da se obedinime site zaednicki vo interes na RM bez razlika na nacionalnata pripadnost.Besbednosnite sili na RM-dosega ucestvuvaat vo site mirovni akcii vo imeto na NATO(avgan.irak).Mozno e deka ovoj komentar nema da im odgovori na gospodata od Albanskiot blok no redno e ednas da izleze Ali da kaze deka vo RM-ima turska multietnicka zaednicza.
isto ramniste, 09.03.2012 12:43:11
Zar nekoj veruvase deka DUI saka vlez na zenjata vo NATO? Toa bese samo edna providna taktika. Poslednata izjava na Ahmeti znaci deka se sto kje pobara, DPMNE kje mu dade. Znaci, i dvata koalicioni partneri se na isto ramniste, so isti interesi. Tepackite se znak da se skreni vnimanieto od drugite zeski problemi. Vprocem toa e isproban recept.
xhemo, 09.03.2012 13:05:22
do abdulla,turk. ali ahmeti nema potreba da kaze deka ima turci vo r. m. zatoa sto turcite isto kako i vo vremeto na komunizmot se izmekari na makedoncite. so niv sekogas idat vo koalicija. zatoa vie ste milenicinja na makedoncite,uste vi tapkaat po ramo, kako kulturen demek poslusen narod.Osvestete se turci.
Mark, 09.03.2012 13:57:30
Aleksandar Antic (a.k.a.Ali) se vari na dva ogna-i od Sluzbite ama najpojke od Vujce od Amerika, ne mu e lesno da znaete! A sto toj izjavil za dnevna potreba e vazno kolku sto mu e vazno namiganjeto od Ivanov na Obama he he...
меанџијата, 09.03.2012 17:35:34
Колку е народов слеп.А колку го потценуваат народот и политичариве.Никој жив од нас не верува дека Нато и ЕУ,зависат од нас.И пак упорно си лафиме,демек Ако не е ДУИ,биде друг,Ако не е ВМРО,биде друг,ќе ја биднело работава.На сите ни е јасно како бел ден во што била реаботата,и пак,и даље си тресиме зелени.Ах,колку е далеку времето,кога ќе сватиме дека нашите сегашни непријатрели,биле нашите пријатели.Молчеле сиротите заради сопствените маки,врзаните усти,и кашата во која западнале од џамбазлокот на нивните големи пријатели.Но,ако,ќе ја поместиме ние планината.Царот ќе се роди.Ихи,уште колку рупи има ременот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Магла

Недела
Грмотевици со дожд
Макс: 8°C, Мин: -1°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 7°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |