Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Во 320 пожари се уништени 4.000 хектари шума

Повеќе од 320 шумски пожари избувнаа во текот на летниот период во кои околу 4.000 хектари шума и пасишта се уништени. Најголеми штети претрпе околина на Македонски Брода, каде што пламените јазици уништија 750 хектари шума. Поради пожарите, кои во теков на летово се закануваа да уништат и цели градови, како случајот со пожарот што избувна кај Нов Дојран, Дирекцијата се одлучи да го зголеми бројот на противпожарни возила. Место 10 противпожарни возила за градски услови и две за шумски пожари, Дирекцијата ќе набави 15 за градски услови и 10 возила за борба против шумските пожари. Формирана е и Комисија за набавка на опрема откако претходната се покажа како неуспешна, по двата пропаднати тендери за набавка на возила и авиони.

„Во летниот период во Македонија избувнаа 660 пожари, од кои 320 се шумски. Најголема штета има кај Македонски Брод каде што беа опожарени 750 хектари мешана шума“, информираше вчера директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.

Поголеми штети претрпеа и Струмица со околу 500 хектари, потоа Скопје со 600 хектари и Куманово со 360 хектари шума. Процената на нанесените материјални штети е започната и се очекува до крајот на овој месец да се знае колку штета предизвикаа пожарите. (Ј.К.)

 


Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар

Од: sumar
Датум: 06.09.2008 20:08:05
Gospodine Saliu, da sum na vase mesto prvo sto bi napravil bi gi sobral site relevantni faktori vo drzavata i bi pobaral da se izjasnat sekoj od sopstven agol i aspekt koi se pricinite i motivite za namerno podmetnuvajne na pozari. Toa e vazno bidejki na toj fenomen morame da se sprotivstavime so site sretstva. Sekako deka ima problemi i od strana na drzavata koi ke mora da se resat. Ne mozam da se slozam deka se pali samo poradi dobivajne na evtino drvo ili za pasista. Problemite se dalekusezni i imaat ogromno i dlaboko znacejne.Na kraj nisto ne ni vredi koga jas, Vie i poveketo gragani go osuduvame namernoto palejne na sumite, predvideni se sankcii, a znaeme deka izgorenite sumi so nisto ne mozeme da gi vratime i nadoknadime ednokrato. Potrebno e dolgo vreme pa duri i desetici godini.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Сведоците ги потврдуваат трите убиства на Лазе Радевски
Татко и син се борат за живот, напаѓачот во бегство
Потпорен ѕид затрупа струмичанец
Полицаец претепан во Сарај
Кривична за возачот чиј камион го предизвика пожарот кај Дојран
Пожарникар почина на Градешка Планина

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.