Триесет и осумгодишниот Ацо Ѓорѓиев од Струмица, раководител на тимот за брза интервенција на Дирекцијата за заштита и спасување, почина вчера попладне во опожарениот терен кај Валандово. Ѓорѓиев заедно со уште триесетина луѓе од Струмица вршеле увид на теренот откако пожарот на Градешка Планина бил ставен под контрола. Струмичанецот седнал да се одмори по што му се слошило и починал на самото место. (Е.П.)