Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Сведоците ги потврдуваат трите убиства на Лазе Радевски

Семејствата на тројцата убиени дилери со девизи најавија дека ќе бараат отштета

Симон Илиевски

ОХРИД - На продолжението на главниот претрес против обвинетиот серискиот убиец Лазе Радевски, во Основниот суд во Охрид, вчера сведочеа членовите на семејствата на жртвите, кои тврдат дека Радевски ги убил дилерите со девизи Ракип Раим, Спиро Ставревски и Трајче Цоцевски. Нивните искази беа идентични со оние дадени пред истражниот судија, а дополнително побараа и отштета. По завршувањето на главниот претрес, претседателката на Кривичниот совет, Милка Таневска, дополнително ќе го закаже продолжението на судскиот процес. Според досегашниот тек, се совпаѓаат исказите на сведоците со наводите во обвинението и се очекува доказната постапка да заврши бргу, по што ќе следува донесување пресуда.

На вчерашното судење, ќерката на убиениот дилер Ракип Раим, Љахе, рече дека Лазе често доаѓал во нивната куќа и му барал пари на татко и'. Подоцна, татко им, им објаснил дека тие се знаат со Лазе, дека му зајмувал пари без камата, и не требало да се вознемируваат, зошто давал пари само на познати лица. Таа спомна дека по исчезнувањето на нејзиниот татко, Лазе во близина на нивната семејна куќа, на мајка и' понудил да ја вработи како хигиеничарка во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Синот Ракип Мехмед Бајрам рече дека татко му на пазарот излегувал околу седум, а се враќал околу 10,30 часот за да им донесе појадок. Дента не се вратил во вообичаеното време, тие го чекале, па дури вечерта го пријавиле исчезнувањето во полицијата. Младиот Мехмед Бајрам пред судот потврди дека по инцидентот му се зголемиле епилептичните напади и дека постојано е под силни лекарства.

За убиството на Спиро Ставревски вчера сведочеа сопругата Живка Мојсовска и нејзиниот девер. Сопругата Живка детаљно опиша дека Спиро се знаел со Лазе, зашто порано заедно работеле, а продавницата во која се случени злосторствата се наоѓа во зградата во која живеат. Таа пред судот рече дека подоцна дознала дека последните три повици на мобилниот телефон на Спиро се упатени од Лазе и дека во домашната документација нашла потврда на која стоело дека Лазе му должи на Спиро 3.000 денари. Таа го пронашла бројот, му се јавила и тој и' ги вратил парите.

Во сведочењето на семејството Цоцевски, во кое беа сопругата Воскре и синовите Влатко и Гоце, клучно беше тоа што тие никогаш од убиениот Трајче не слушнале дека е пријател со убиецот Лазе Радевски. Потенцираа дека Трајче бил тежок од 90-95 кг, висок 175 см, исклучително здрав човек, велејќи дека тешко кој ќе можел во рамноправен судир да го легне и да го убие. Со тоа ја негираат тезата на Радевски дека убиството го извршил во самоодбрана.

Обвинетиот 60-годишниот убиец Лазе Радевски завчера ги негираше убиствата на Ракип Раим и Спиро Ставревски, а за Трајче Цоцевски рече дека го убил откако бил нападнат од него.


Статијата е прочитана 1046 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec od cel svet
Датум: 05.09.2008 21:07:06
Edno ne mi e jasno, kako moze prodavnicata kade se slucuvale ubistvata seuste da raboti i nekoj da kupuva od taa prodavnica, stvarno Ohrigani se perverzni.....
Од: од мене
Датум: 06.09.2008 09:12:45
Навистина незнам зошто никоj не ги редактира текстовите и се обjавуваат полни со глупости. Што е важно во контекст на целиов текст и информациjата што jа пренесува, дали на детето му се зголемил броjот на епилептични пристапи и е на "силни"лекарства. Полна глупост.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Татко и син се борат за живот, напаѓачот во бегство
Потпорен ѕид затрупа струмичанец
Полицаец претепан во Сарај
Кривична за возачот чиј камион го предизвика пожарот кај Дојран
Во 320 пожари се уништени 4.000 хектари шума
Пожарникар почина на Градешка Планина

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.