Потпорен ѕид затрупа струмичанец
СТРУМИЦА – Билал Асанов (39) од Струмица, завчеравечер го загубил животот кога потпорен ѕид паднал врз него и го затрупал. Тој заедно со својот зет копал темели за нова куќа, при што го поткопал темелот на потпорниот ѕид од соседната куќа. При паѓањето на ѕидот, зетот успеал да се извлече, додека Билал останал затрупан под паднатиот ѕид. Помош се обиделе да дадат и соседите, но тие не можеле да извлечат Асанов од уранатините. Веднаш била повикана екипа на брза помош, но таа само ја констатирала смртта кај струмичанецот. Увид извршила и полицијата, која констатирала дека се работи за несреќен случај. (Е.П.) |