Полицаец е претепан завчера напладне во скопски Сарај од двајца жители на скопското село Глумово. Тепачката, како што информираат од МВР, почнала по кратка расправија меѓу полицаецот О.М. (32) и Е.Џ. (36) и М.С. (43) од Глумово на улица во Сарај. Е.Џ. прв го нападнал полицаецот кој, за да се одбрани, го удрил напаѓачот со рачката од пиштолот по главата. На полицаецот му се нафрлил и М.С., по што полицаецот испукал еден куршум од пиштолот кој завршил во автомобилот „ровер“ на еден од напаѓачите. Од МВР велат дека нивниот колега по нападот бил пренесен во Ургентниот центар, каде што му е укажана лекарска помош. (Ј.К.)
sramota ova samo vo Makedonija moze da se sluci da se tepa policaec, ova veke stauva obicna pojava za zal tia sto go cuvat narodot od zloto se napagat od zlostornicite bidejki sudskiot sistem ne funksionira ,cesto pati se slucuva policajcite da gi uhapsat kriminalcite i posle nekolku dena ili nedeli kriminalcite so pari si ja kupuvat slobodata