Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Татко и син се борат за живот, напаѓачот во бегство

Благоја и Александар Јовановски беа ранети по бизарна расправија во Ченто во Скопје

Таткото и синот кои завчеравечер беа ранети во оружен инцидент во скопската населба Ченто се борат за живот во скопските болници. Нивната здравствена состојба е сериозна, информираат од Клиничкиот центар и во Градската болница каде што се хоспитализирани. Полицијата се' уште трага по Муртезан Кадриев (58), кој пукаше во Благоја (48) и во 18-годишниот Александар Јовановски, револтиран што таткото и синот претходно ги искарале неговите деца.

Инцидентот се случи во четвртокот околу 18 часот пред продавницата „Баже комерц“, сопственост на семејството Јовановски, што се наоѓа на улицата „Алија Авдовиќ“ во близина на ОУ „25 Мај“ во населбата Ченто. Според информациите од МВР, инцидентот се случил откако група деца фрлале камења кај продавницата „Баже комерц“, по што Благоја ги предупредил да не прават бели, а тие отишле дома и им се пожалиле на родителите. Муртезан Кадриев дошол да ги расчисти сметките, но по кратка расправија, извадил пиштол и со него стрелал во продавницата, погодувајќи го Александар. Таткото и синот се обиделе да го спречат напаѓачот, но тој испукал уште два куршума и побегнал. Александар со тешки повреди итно бил префрлен во Клиничкиот центар.

„Пациентот има прострелна рана во пределот на градниот кош, скршеница на градниот прешлен и крвавење во градната шуплина. По извршената операција, пациентот е префрлен на Клиниката за реанимација и интензивно лекување“, велат од Клиничкиот центар.

Таткото на Александар е сместен во Одделението за интензивна нега и реанимација во Градската болница. „Неговата здравствена состојба е критична“, информираат од болницата. При увидот, полицијата пронајде три чаури. Бил извршен и претрес во куќата на Муртезан Кадриев, но не бил пронајден ниту пиштолот, со кој пукал. По него се трага. (Г.А.)


Статијата е прочитана 968 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 06.09.2008 05:03:16
Demokratija bre lugje... demokratija...skaraj se i pistolot bam...bam...
Од: Nikola
Датум: 06.09.2008 13:00:07
10 godini zatvor za Murtezan i kraj na prikaznata.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Сведоците ги потврдуваат трите убиства на Лазе Радевски
Потпорен ѕид затрупа струмичанец
Полицаец претепан во Сарај
Кривична за возачот чиј камион го предизвика пожарот кај Дојран
Во 320 пожари се уништени 4.000 хектари шума
Пожарникар почина на Градешка Планина

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.