Број 2808  петок, 10 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Скај нет плус и Наша ТВ ќе се борат за „Јади бурек“ на суд

Од Скај нет велат дека го заштитиле името на проектот, а Наша ТВ тврди дека правата ги има Јанко Илковски

Катерина Шекеровска

Популарната емисија „Јади бурек“, која веќе е одомаќинета кај гледачите, моментално се емитува на националната и сателитска Наша ТВ со водителот Јанко Илковски, а од средината на ноември ќе почне да се прикажува и на новиот сателитски канал Скај нет плус. Најавата за старт на емисија која веќе е присутна во етерот внесе огромна забуна кај гледачите. За што, всушност, станува збор?

„Името на ТВ-проектот ’Јади бурек‘ е заштитено од ТВ Скај нет во Државниот завод за заштита на индустриската сопственост. Секое негово користење од друга телевизија или продукција претставува кршење на Законот за авторски и сродни права и во врска со тоа веќе работи нашата правна служба“, вели Бране Стефановски, портпарол на Скај нет и на Скај нет плус.

Одговорните во ТВ Скај нет одлучиле дека во оваа фаза е потребна промена на емисијата и внесување нов, пософистициран имиџ на проектот во целина. „Оттаму произлегува и потребата за нов водител на ’Јади бурек‘“, објаснува Стефановски, негирајќи каква било врска меѓу Скај нет и Наша ТВ, која во последниов период се промовира како континуитет на Скај нет.

„Меѓу овие две ТВ не постои никаква допирна точка. Скај нет, како што знаете, е многу добро позната скопска телевизија која постои веќе 12 години. Соработката со ’Арт улица 26‘ ја прекинавме поради кршење на договорот за деловно-техничка соработка од страна на таа продукциска куќа. ’Арт улица 26‘ беше најмена продукција за програмските потреби на Скај нет во изминатите две години“, вели Стефановски.


Ристо Гоговски

„Јанко Илковски ја работеше емисијата ’Јади бурек‘ и како радиоемисија уште во 2005 година, пред Скај нет ТВ, и за неа има освоено и награда. Јанко Илковски никогаш нема потпишано директен договор со Скај нет за емисијата, туку со продуцентите што ја емитувале емисијата на Скај нет. Во сите договори стои дека автор, уредник и водител на емисијата е Јанко Илковски. Јас, исто така, склучив договор со Јанко како автор, уредник и водител“, вели Ристо Гоговски, прв човек на Наша ТВ. „Меѓу другото, емисијата се вика ’Јади бурек со Јанко Илковски‘. Може ли некој да ви го заштити вашето име и вие да немате право да го користите. А поимот бурек е невозможно да го заштитите. Тоа е генерички поим. Логото за ’Јади бурек со Јанко Илковски‘ е производ на ’Арт улица 26‘ и тоа е заштитено, а единствено можеш да заштитиш симбол со графичко решение. Жал ми е што сопствениците на Скај нет се во очајна состојба и не можат да направат нови проекти. Случајно да не измислат нов Јанко или сакаат да им го клонираме? Во меѓувреме, и јас разбрав дека сопственикот на Скај нет, Тодорче Коцев (Тоше Пикон), го заштитил поимот криминалец, за кој верувам дека ги има сите авторски права. Тој поим мора да му го признаеме сите и да не му го спориме. Еве ние ќе му изработиме и бесплатно лого“, додава Гоговски.


Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Тони Зен во провокативно издание
„Се' што сакам си ти“ - нов албум на „Ареа“
Не му се изнарадувавме на нашето дете додека беше живо
Се подготвува за влез во Белата куќа
„Браво бенд“ под закрила на Прилепска пиварница
Од првиот хонорар Тоше му купи матурски костум на Марјан Стојановски
Тоше е еден
Свежа крв на македонската музичка сцена
Најдобар скопски ресторан за 2008 година