ПАРИС ХИЛТОН

Се подготвува за влез во Белата куќа
Парис Хилтон направила видеоснимка во која му се обраќа на американскиот претседател од серијата „Западно крило“, кој го толкува Мартин Шин, сакајќи да прикаже дека е подготвена за влез во Белата куќа.
Инаку, за потсетување, Хилтон се подготвува да се кандидира за претседател на САД откако републиканскиот кандидат Џон Мекејн се обидел во еден од своите спотови да го исмее својот противкандидат Барак Обама, споредувајќи го со контроверзните имиња како што се Парис Хилтон и Бритни Спирс.
Во своето видео, Хилтон му дава совети на Шин како да се стане лажен претседател.
Таа во ова комично видео го споменува и прашањето поврзано со Ирак и прашува дали е залудно што секој Американец ја бара победата во Ирак, кога веќе е и повеќе од очигледно дека ја има.
А, потоа скромно заклучува дека со оглед на ситуацијата, крајно време е воените трупи да се вратат назад. |