Брoj 2808  петок, 10 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ТВ фотелја

Тоше е еден

 РОБЕРТ Д. КРСТЕВСКИ

Во период од десет дена на двајца музичари им појде од рака да го кренат на нозе Балканот. Мадона на 26 септември привлече 60.000 фанови во Будва и 75.000 два дена подоцна во Атина, а за Тоше Проески на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје се собраа 45.000 обожаватели од балканските простори.

Бројките во случајов зборуваат се', иако нивното ставање во корелација е мешање баби и жаби. Бесмислено е да се споредуваат кралицата на светската поп-музика и македонската мегаѕвезда, која по „покорувањето“ на полуостровот само што тргна да го освојува и светот со својот глас. Сепак, секоја чест на Мадона, но кому му успеало на концерт да собере толку народ, а самиот да не биде физички присутен? За разликите во интензитетот на емоциите и да не зборуваме.

Една година по заминувањето во легендите, Тоше Проески покажа дека времето не лекува се'. Грчот на лицата на присутните во студената октомвриска вечер на Градски, нивните насолзени очи, воздишките, пеењето на неговите хитови, кои нема кој не ги научи наизуст, се недвосмислена потврда дека некои вредности се трајни и оти забот на времето ништо не им може. Енергијата што омилениот пејач и хуманист ја ширеше пред прерано да замине кај бога, очигледно, се' уште е силна, како што е свеж и споменот за момчето од Крушево што го красеа бисер-грло, големо срце и разоружувачка насмевка.

Без малку се' што вреди на музичката сцена во Југоисточна Европа дојде во главниот град на Македонија за да им се поклони на ликот и на делото на Тоше, а тоа, со посредство на Македонска телевизија, допре до повеќе од 30 милиони гледачи во регионот. ТВ-станиците од Белград, од Загреб, од Сараево, од Подгорица и од Софија што непотребно по два пати „гостуваа“ во директниот пренос од најпосетениот музички настан во поновата историја на Македонија се натпреваруваа кој ќе искаже повеќе комплименти за македонскиот великан. Повеќето негови соработници и пријатели меѓу естрадните ѕвезди од странство се трудеа да отпеат некоја од песните на македонски. Дури и музичкиот канал Балканика од Софија немаше предрасуди неговиот водител на течен македонски јазик да ги пренесе поздравите и чувствата од идолопоклониците на Тоше во Бугарија.

Небото, едноставно, не е никаков лимит за човекот што за помалку од една деценија придонесе за афирмацијата на Македонија повеќе отколку други за цел живот. „Вашиот и наш Тоше“, како што се изрази водителката од Подгорица, и од рајските градини со успех се (из)бори за татковината што неизмерно ја сакаше и во која секогаш со нескриено задоволство се враќаше од патувањата.






Статијата е прочитана 2001 пати.

Испрати коментар

Од: Прилепчанец
Датум: 10.10.2008 09:48:38
Велите дека водителот на Бугарскиот музички канал` Балканика`, се обратил на течен Македонски јазик! Ами како може да се обрати кога го зборува мајчиниот јазик, сигурно дека течно ќе го зборува? Па детето е од Прилеп и работи таму!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
��они Зен во провокативно издание
„Се' што сакам си ти“ - нов албум на „Ареа“
Не му се изнарадувавме на нашето дете додека беше живо
Се подготвува за влез во Белата куќа
„Браво бенд“ под закрила на Прилепска пиварница
Од првиот хонорар Тоше му купи матурски костум на Марјан Стојановски
Свежа крв на македонската музичка сцена
Скај нет плус и Наша ТВ ќе се борат за „Јади бурек“ на суд
Најдобар скопски ресторан за 2008 година