Брoj 2808  петок, 10 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Од првиот хонорар Тоше му купи матурски костум на Марјан Стојановски

Вчерашната емисија „Проверено“ на хрватската ТВ Нова беше посветена на македонската поп-икона

Ексклузивна снимка од средношколските денови (трета година) на Тоше Проески вчеравечер беше емитувана во рамките на емисијата „Проверено“, која се емитува на хрватската ТВ Нова. Гледачите во Хрватска, а преку кабелските оператори и во земјава и останатите држави имаа можност да проследат емисија целосно посветена на македонската поп-икона. Екипата на „Проверено“ беше во Средното музичко училиште во Битола, кое овие денови ќе биде именувано „Тоше Проески“, каде што младиот пејач ја запозна и својата прва љубов, разговараше со негови другари од класот, како и пријатели од детството. Како македонската ѕвезда го минуваше слободното време, кои му беа најомилени места и до каде е изградбата на крушевскиот манастир беа темите на вчерашната емисија.

„За една недела Македонија повторно ќе запали свеќа. Една година од прераната смрт на младиот пејач. Тоше Проески имаше само 26 години“, се вели во воведот, чии автори напоменуваат дека македонскиот пејач половина од животот го минал во родното Крушево, а потоа се отселил во Битола каде што учел во Средното музичко училиште.

„Веста за смртта на Тоше овде сите не' потресе. Ние, професорите, во него отсекогаш гледавме пример за децата“, изјави Вилма Костовска, наставничка на Тоше по македонски јазик.

Тоше ги минал средношколските денови во ученички дом, делејќи ја собата со Марјан Стојановски. Нивниот воспитувач се потсетува на многу настани на средношколците од собата со број 11. „Тоше со своите први заработени пари од награда на локален фестивал, на крај на третата учебна година ги намири трошоците за престој на Марјан во домот. Иако и самиот потекнуваше од скромно семејство, сепак, на сиромашниот цимер му купи и костум за матурската прослава“, се вели во емисијата.

Соговорниците се потсетуваат и на приемниот испит на Тоше на Музичката академија во Скопје. „Салата беше полна со луѓе кои дојдоа да го слушаат. Секогаш уживаше во пеењето. Младиот пејач ја мина првата година во средното училиште учејќи кларинет, но со оглед на тоа дека родителите му беа сиромашни и не можеа да си дозволат да му купат инструмент, Тоше се префрли на соло-пеење во класата на Пеце Митревски. Тој почина неколку месеци по смртта на својот омилен ученик. Траге��ијата на Тоше многу го погоди.“

Со тага се потсетува и професорката Људмила Божиновска, која го придружувала Тоше на клавир од втора година средно до приемниот испит на ФМУ во Скопје. „Сакаше да пее дела на Чајковски, а изговорот му беше многу добар. Јас сум Русинка и доволно беше само еднаш да му прочитам за убаво и правилно да ги изговара стиховите. Иако беше многу популарен, не беше ни малку препотентен. Беше многу добро дете“, се сеќава професорката.


Статијата е прочитана 2687 пати.

Испрати коментар

Од: вики
Датум: 10.10.2008 00:26:36
На Тоше му беа посветени само 15 мин од цела емисија и незнам зашто стои дека цела емисија била посветена на него кога не беше воопшто така,Тошка те сакам премногу секој ден се повеќе и повеќе ми фалиш

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Тони Зен во провокативно издание
„Се' што сакам си ти“ - нов албум на „Ареа“
Не му се изнарадувавме на нашето дете додека беше живо
Се подготвува за влез во Белата куќа
„Браво бенд“ под закрила на Прилепска пиварница
Тоше е еден
Свежа крв на македонската музичка сцена
Скај нет плус и Наша ТВ ќе се борат за „Јади бурек“ на суд
Најдобар скопски ресторан за 2008 година