Тони Зен во провокативно издание

Завчеравечер, под режисерската палка на Дарко Антовски, заврши снимањето на најновиот видеозапис на раперот Тони Зен за песната „Ми каса ес су каса“, тема која се наоѓа на неговиот втор студиски албум. Промоцијата на спотот, кој се снимаше два дена на четири локации, меѓу кои беа една луксузна куќа, како и новиот клуб „Картел“ и за кој режисерот Антоновски вели дека е многу интересен и провокативен, се очекува за три недели. |