Број 2808  петок, 10 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГЗАИН

Свежа крв на македонската музичка сцена

Во изминатите години бројот на музичките групи е доста голем, а македонската музичка сцена е освежена со нови бендови

АНДРИЈАНА РИСТЕСКА

Новите музички сили отсекогаш нуделе музика што се покажала како најслушана кај младите, а таков е примерот во деведесеттите, кога кај нас се појавија неколку бенда. Сите тие работеа со полна пареа, па вистинското прашање е дали квантитетот е тој што направи да опадне квалитетот, па да престанат да настапуваат.

Иако во изминатите години музичките групи не беа застапени на сцената во значителен број, сепак, во последно време тие се' почесто се враќаат, се создаваат нови или се зголемува нивниот број. Тоа укажува дека, сепак, бројот на музичарите е доста голем, а македонската музичка сцена видно е освежена со нови бендови.

Најновата музичка надеж е дуото „Некст тајм“, кое го сочинуваат близнаците Мартин и Стефан. Бендот постои само пет месеци, а веќе е омилен кај публиката. Неодамна излезе нивната нова песна „Ме остави сам“, која доби и свој видеозапис, а во декември се очекува и деби-албум.

„Својот прв јавен настап како рок-дуо го имавме на плоштадот ’Пела‘, а потоа настапувавме и на ’Охрид фест‘, каде што во вечерта на нови ѕвезди бевме добитници на првата награда од жирито и од публиката, на што бевме многу горди и среќни. Сметаме дека сме добро прифатени од публиката, па затоа со продуцентската куќа ’План Б‘ моментално го подготвуваме нашиот прв албум“, изјавуваат тие.

Нивни пандан се близначките од дуото „Гемини“, Бисера и Бојана, кои деновиве за сефте ја издадоа песната „Мојот свет си ти“ под продуцентската палка на Александар Масевски. Според процените на многумина (ако се земе предвид нивниот талент, се разбира), се нашите нови ѕвезди на музичката естрада.

„Фист“ е името на бендот кој публиката наскоро ќе има можност да го слушне. Бендот брои десет члена, а работат заедно речиси три години. Младите амбициозни момчиња имаат снимено еден неофицијален албум, а моментално под капата на „Литиум рекордс“ го подготвуваат својот прв официјален албум кој, како што откриваат, ќе биде промовиран на „Таксират“.

Постои од 2001 година, а се омилени кај публиката што преферира метал. Станува збор за бендот ДФЛ, кој досега има издадено два албума, три спота, а исто толку самостојни концерти. Тие имаат учествувано и на фестивали на метал-музика надвор од нашите граници, но, како што велат, еден од најголемите успеси им е настапот како предгрупа на „Апокалиптика“.

„Навивачка“ беше една од омилените песни кога се избираше спортската химна на Македонија, но тоа не е се' од панк-рок формацијата „Дени те чува“, која за многу кратко време ја стекна својата популарност. Навидум многу обичен, а сепак интересен, овој квартет постои од 2004 година, а зад себе има два студиски албума.

Раперите од „Токсикологија“ постојат девет месеци, а нивните песни наголемо се вртат и во етерот и на мобилните телефони кај тинејџерите. За нивно големо задоволство, бендот е при крај со подготовката на својот деби-албум што треба да биде промовиран најдоцна за три месеци.

„Мугер фугер“ е еден од најактивните рокенрол-бендови кај нас, чија музика има најразлични влијанија, но и покрај тоа таа изобилува со огромен квалитет. Бендот зад себе има три албуми и многубројна публика која ги следи на сите настапи.

„Вивид“ е македонски женски рок-бенд што постои од 2005 година, а моментално го подготвува својот прв албум. Тоа се пет девојки кои љубителите на рок-музиката ги помнат по песната „Сама“, која долго време се вртеше на нашите радиостаници.

„Беј д фиш“ е име на елктроакустичното македонско трио што создава квалитетна музика која претставува спој од ретро и прогресивни електроелементи. Во почетокот на годината бендот имаше и своја европска турнеја. „Во април ја имавме нашата прва европска турнеја, морам да признаам дека беше напорно, бидејќи за 12 дена имавме 11 настапи, ги поминавме сите земји од бивша Југославија, Австрија и на крај Германија, но судејќи според реакцијата на публиката, бевме добро прифатени, па затоа и задоволството беше огромно. Моментално сме во студио и го снимаме нашиот втор албум кој оние што ја почитуваат нашата музика наскоро ќе имаат можност да го слушнат“, раскажува Валентина Миновска, вокал во групата.

Иво, Бојан и Иван се членови на „Ај-кју“, групата која веќе одамна е омилена кај љубителите на рок-музиката. „Работиме на нашиот прв албум што го снимаме во студиото на Валентино Скендеровски, кој наедно е и продуцент. За нас тој е огромен професионалец во кого имаме доверба и се надеваме на успех. На цедето ќе има десетина песни, а неговата промоција ја очекуваме до крајот на годинава“, вели Бојан, гитарист и вокал во групата.


Статијата е прочитана 577 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Тони Зен во провокативно издание
„Се' што сакам си ти“ - нов албум на „Ареа“
Не му се изнарадувавме на нашето дете додека беше живо
Се подготвува за влез во Белата куќа
„Браво бенд“ под закрила на Прилепска пиварница
Од првиот хонорар Тоше му купи матурски костум на Марјан Стојановски
Тоше е еден
Скај нет плус и Наша ТВ ќе се борат за „Јади бурек“ на суд
Најдобар скопски ресторан за 2008 година