Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Шахистите во стилот топло-ладно

Мажите изгубија со 3:1 од Италија во 4. коло на Олимпијадата, дамите со тој резултат подобри од Барбадос

Роберт Димитриевски

Најдобрите македонски шахисти загубија од Италија со 3:1, а шахистките со таков резултат славеа против Барбадос во четвртото коло на 39. Олимпијада во рускиот град Ханти Мансијск. Поразот против тимот рангиран 13 места погоре на стартната табела, на која Македонија беше 43., значително им го расипа пласманот н�� избраниците на селекторот Атанас Кизов, кои пред ова коло го делеа 23. место во конкуренција на 148 селекции. Дамите, пак, ја оправдаа фаворитската улога против 94-рангираниот Барбадос, 31 место подолу од составот на Ристо Менкиноски, кој со овој триумф се врати во средината на табелата меѓу 114 женски екипи.

Мечот со Италијанците почна со реми по само 13 одиграни потези и при симетрична позиција на првата табла, на која велемајсторот Владимир Георгиев (2573) ги водеше белите фигури против 37. на рејтинг-листата на ФИДЕ, ВМ Фабијано Каруана (2700). По нив го подели поенот и ВМ Трајко Недев (2505) со ВМ Микеле Годена (2551), откако по размената на дамите што ја прифати Италијанецот позицијата не нудеше игра на победа. Предноста на почетниот потег не само што не ја искористи ни ВМ Звонко Станојоски (2485) на третата табла, туку падна во толку тешка положба во завршницата, што немаше спас против интермајсторот Сабино Брунело (2497). Во возбудливата партија на последната табла ИМ Филип Панчевски (2410) одлично се отвори, долго градеше напад со голем потенцијал да донесе победа, но згреши со 42...х5, по што во заедничкиот цајтнот капитулира против ИМ Денис Ромбалдони (2501).

Драгана Николовска (1752) го отвори резултатот против островјанките со ефектна победа во 24 потези над Шина Ремзи на последната табла. Потоа речиси истовремено завршија партиите на првите две табли, но со поделба на пленот. ЖИМ Габриела Коскоска (2141) на првата со црни фигури го искористи тешкиот цајтнот на Натали Гриниџ (2016), а Катерина Јоноска (2012) на втората неочекувано загуби од Рашида Корбин (1718). На крајот својата офанзива во текот на целата партија Моника Стојковска (1928) со убава реализација ја претвори во цел поен против Катрина Блекмен на третата табла.

Резултати од четвртото коло: Русија 2 - Индија 3-1; Унгарија - Кина 1,5-2,5; Ерменија - Русија 3 2,5-1,5; Русија 1 - САД 3-1, Естонија - Виетнам 0,5-3,5; Украина - Словенија 2,5-1,5; Египет - Полска 1-3; Шведска - Хрватска 2,5-1,5 итн.

По третото коло 14 репрезентации имаа максимални шест бода. Водеше Русија 2, пред Кина и Ерменија.



ЗБРКА СО РЕЗУЛТАТОТ ОД 3. КОЛО



Вистинска конфузија предизвика домаќинот со резултатот од натпреварот Македонија - Доминиканска Република од третото коло. Конечните позиции на четирите табли и резултатите под нив сугерираа дека Недев загубил, Станојоски и Митков победиле, а Георгиев ремизирал и оттаму резултатот 2,5-1,5 што го објавивме. Во исто време на официјалниот веб-страницата кај резултатите стоеше 3-1, со истите позиции по табли, за кратко време потоа да ги сменат позициите на Георгиев и на Митков. На крајот испадна дека сме победиле 3,5-0,5, при што само Недев ремизирал, а другите тројца победиле, но во делот на Интернет-страницата кај партиите стојат идентични позиции од маратонката во 97 потези и кај Георгиев и кај Недев, како и резултатот реми под двете партии. Како тогаш сме победиле 3,5-0,5, а две партии завршиле нерешено, знае само организаторот.

Николовска - Ремзи



1. е4 е6 2. д4 д5 3. Сд2 Сц6 4. Сгф3 Ле7 5. Лд3 Лб4 6. ц3 Ла5 7. О-О Сф6 8. е5 Сд7 9. Сб3 Лб6 10. Те1 Се7 11. Сг5 сф8 12. Дх5 Сег6 13. Те3 Де7 14. Тф3 ф6 15. Л:г6+ С:г6 16. С:х7 Кд7 17. Д:г6 Кц6 18. е:ф6 г:ф6 19. С:ф6 Лд7 20. а4 а5 21. Дд3 Дг7 22. Дб5+ Кд6 23. Лф4+ Ке7 24. Д:д7+ 1-0


#
Статијата е прочитана 376 пати.

Испрати коментар

Од: karokan "gambit"
Датум: 25.09.2010 18:56:36
tuku sto pogglednav na internet i re4zultatot Barbados-Makedonija e 0:4,a ne 1:3,kako sto e objaveno vo vasiot vesnik. Zavrsnata pozicija na Jonoska e takva sto moze da ja realizira i pocetnik protiv svetskiot sahovski sampion. Proverete podobro!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Спорт
ФФМ ќе наградува и за неуспех
Само еден гол на Ангеловски против Загреб
Играчите на Мајнц сами избираат кој ќе игра!
Мурињо
Младинците во тешка група за СП
Палермовиот Зидан го урна Јуве
Кој тактизира со Вардар



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing