Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Младинците во тешка група за СП

Исланд, Србија и Естонија ќе и' бидат противници на ракометната репрезентација на Македонија составена од играчи до 21 година во првата група од квалификациите за Светското првенство 2011 во Грција. Според вчерашната ждрепка во Копенхаген, извршена на маргините од 10. Конгрес на Европската ракометна федерација, Македонија го доби правото да биде домаќин на групата, а натпреварите ќе се одиграат од 7 до 9 јануари. Само првопласираната селекција ќе избори настап на мундијалот закажан за 17-31 јули.

Во европскиот дел од квалификациите учествуваат 31 национален тим, поделени во осум групи. Осумте победници ќе им се придружат на Данска, на Португалија и на домаќинот Грција како директни учесници на шампионатот.

Утре своите ривали во квалификациите за ЕП 2011 во Чешка ќе ги дознаат и македонските репрезентативки до 17 години, кои се наоѓаат во вториот од трите шешири. Терминот за квалификациските турнири е од 25 до 27 март, а ЕП ќе се одржи од 23 јуни до 3 јули. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 381 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шахистите во стилот топло-ладно
ФФМ ќе наградува и за неуспех
Само еден гол на Ангеловски против Загреб
Играчите на Мајнц сами избираат кој ќе игра!
Мурињо
Палермовиот Зидан го урна Јуве
Кој тактизира со Вардар



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing