Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Бријаторе и Сајмондс си одат од Рено

Рено вчера се раздели со својот огнен тимски шеф Флавио Бријаторе и соопшти дека нема да ги оспори обвинувањата дека ја лажирале минатогодишната трка во Сингапур со наредбата за свој возач да се удри.

„ИНГ Рено Ф1-тим нема да полемизира со последните обвинувања од ФИА во врска со гран-прито во Сингапур 2008“, се вели во соопштението на тимот. „Сакаме да објавиме и дека извршниот директор Флавио Бријаторе и шефот на инженерите Пит Сајмондс си заминаа го напуштија тимот. До сослушувањето пред Светскиот совет за мотоспорт на ФИА на 21 септември тимот нема да дава дополнителни коментари“.

Бријаторе и Сајмондс требаше да излезат пред Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА) со одговор на обвинувањата дека пред една година во Сингапур му наредиле на својот тогашен возач Нелсон Пике да се удри и на тој начин да му помогне на тимскиот колега Фернандо Алонсо за да победи. ФИА има на располагање различни казни за измамничко однесување, вклучувајќи и исфрлање на екипата од шампионатот.

Пике (24) доби отказ од Рено во август, по што и' се обрати на ФИА, тврдејќи дека му било кажано кога и каде да се удри во текот на првата ноќна трка во Формула 1. Рено и Бријаторе возвратија со тужба за Бразилецот и за неговиот татко, трикратен светски првак и имењак, за лажно обвинување и за обид за уцена.

Италијанецот Бријаторе ја водеше екипата до две конструкторски и возачки титули со Фернандо Алонсо во 2005 и во 2006, а има титули и со Бенетон и Михаел Шумахер во 1994 и во 1995 година. Бизнис-партнерот на сопственикот на комерцијалните права за Формула 1, Берни Еклстоун, со кого се косопственици на англискиот фудбалски второлигаш Квинс Парк Ренџерс, Бријаторе е и водечка фигура во Асоцијацијата на тимовите во Формула 1 (ФОТА).


#
Статијата е прочитана 202 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Скок со задршка на кошаркарите
Хрватска во четврт-финале, ама треба да почне да игра кошарка
Убедлив старт на „галактикос 2“, АПОЕЛ му зеде бод на Атлетико
Подобро конфузија со шест судии отколку камери
Жалба до ОН поради истрагата на полот на Семенја