Хрватска во четврт-финале, ама треба да почне да игра кошарка
„Коцкестите“ низ иглени уши се провлекоа во мечот со Германија 70:68
Со ваков наслов хрватските медиуми ја опишаа трилер победата на Хрватска над Германија 70:68, која ги одведе „коцкестите“ во четврт-финалето на ЕП во Полска.
„Хрватска оди натаму, но и на овој меч ги покажа сите свои лица. Првиот дел беше добро, противникот го држеше во игра шутот за три, а потоа во вториот дел јадно и бедно. Среќа, Германците не се екипа која тоа знае да го казни“, пишува интернет порталот „Индекс“ и продолжува: „Навистина е неверојатно како екипа со играчи од најдобрите европски клубови може да промаши пет зицери по ред па потоа да зависи од надворешните шутеви на високите играчи. Додека Планиниќ, Кус и Укиќ се забавуваа со нерезонски удари, не спасуваше Ничевиќ, па потоа и Лончар за тројка за 64:57. Тоа му беше прв погоден удар во Полска. Подобро да не се прашуваме што ќе беше ако промашеше!“.
И покрај ваквите текстови селекторот на Хрватска верува во својот тим, иако против Германците мораше да ги губи нервите: „Ние сме екипа, која поради многуте ротации не се потроши физички, но ментално сме исцедени. Затоа е среќа што имаме два дена за одмор. Мора да се средиме“, изјави Репеша, кој самиот себе се обвинува за тоа што Германците во третата четвртина стигнаа десет разлика. „Во тие моменти играв со погрешен состав, затоа дадоа толку тројки“, објасни Репеша.
Резултати од 3. коло во групата Е
Русија - Македонија 71:69, Франција - Грција 71:69, Хрватска - Германија 68:70.
Конечна табела: Франција 5/0, Русија 3/2, Грција 3/2, Хрватска 2/3, Македонија 1/4, Германија 1/4.
se najdobro za nasata bratska drzava croacia. vreme e da osvojat medal posle tolku vreme od 95 g. navamu nemaat osvoeno nisto od vremeto na radja,kukoc,drazen,vrankovic,komazec.forza croazia!