Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт
Убедлив старт на „галактикос 2“, АПОЕЛ му зеде бод на Атлетико

Реал Мадрид го демолира Цирих со 5:2, а Роналдо постигна два гола

Почнаа возбудувањата во најелитното фудбалско надигрување, Лигата на шампионите. Првата вечер гигантите и редовните учесници, и покрај добрите резултати, имаа многу проблеми. За изненадување на стартот се погрижија фудбалерите на Бордо и на АПОЕЛ. Французите во мечот од групата А однесоа бод од гостувањето кај Јувентус, 1:1, додека дисциплинираните Кипрани стигнаа до историско реми без голови на гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Баерн долго чекаше на гол, но не дозволи чудо против Макаби - 3:0. И Манчестер јунајтед се мачеше во Истанбол против Бешикташ и запиша само „минималец“, идентично како Челзи во интересното дерби против Порто во Лондон.

Првата вечер од новата фудбалска фешта за голови беа задолжени Графите, кој со хет-трик ја врати ЦСКА во Москва, како и Реал Мадрид, кој успешно го стартуваше походот кон титулата која ја посакува претседателот Флорентино Перез. Со 5:2 настрада швајцарскиот шампион Цирих, и тоа на сопствен тревник, а два гола, буквално заби од слободен удар, инвестицијата тешка 94 милиони евра, Кристијано Роналдо.

Јувентус на натпреварот против Бордо на торинскиот „Олимпико“ влезе со задача да го одржи максималниот скор оваа сезона и на свој терен сигурно да го отвори новиот циклус во Лигата на шампионите. Меѓутоа, солидните Французи не им дозволија многу, а на крајот беше 1:1. Јувентус стигна на чекор до целта во 63 минута. Напаѓачот на „Старата дама“, Јакинта зад себе ги остави пропуштените шанси, смешното паѓање во шеснаесетникот и себичниот удар од мртов агол, а ја собра неочекуваната асистенција на Канаваро за 1:0. Бордо израмни на 1:1 во 75 минута преку Плашил, кој со врвот на копачката ја „скина“ асистенцијата на Гуркоф.

И фудбалерите на Манчестер имаа многу работа на гостувањето кај Бешикташ, но ветеранот Пол Сколс ја сочува традицијата и донесе нова победа на островските тимови во Турција - 1:0. „Поинтересно„ беше во 63 минута кога поради дуел со домашните навивачи, сер Алекс Фергусон го замени Руни, а овој своето незадоволство го покажа на клупата, кога извадената копачка ја удри од земја. За чудо, Фергусон ја оправда реакцијата на својот напаѓач со зборовите дека нескротливиот темперамент овој пат бил испровоциран од домашните навивачи! Неочекувана реакција на сер Алекс, но тој секогаш два пати мери еднаш сече.

Волфзбург својата работа ја заврши во првото полувреме, иако на другата страна епитетот најдобар играч многу бргу го заработи голманот на ЦСКА Акинфејев. Шутови��е на Мисимовиќ и на Џеко не беа доволно добри, а тогаш во клупската книга се запиша Бразилецот Графите кој во 35 минута погоди за лудница на „Фолксваген арена“ и 1:0 за историја. Графите шест минути подоцна избори и реализира пенал за 2:0, а во 86. минута стига да реализира и хет-трик во дербито од сништата во Лигата на шампионите. Единствениот гол за ЦСКА го постига Џагоев во 76. минута.

Милан во Марсеј допатува, не само поради освојувањето на првите три бода во ЛШ, туку и поради враќањето на самодовербата по лошиот старт во Серија А. Тренерот на „росонерите“ Леонардо го исполни ветувањето, го остави на клупата Роналдињо, што се покажа како вистински потег. Милан триумфираше на „Велодром“ благодарение на головите, можеби на најталичниот напаѓач во историјата на италијанскиот фудбал, Пипо Инзаги. За Марсеј единствениот гол го постигна Габриел Хајнце.

Инаку, во оваа група во вторникот вечерта се водеше голема битка за прво место на вечната листа на стрелци во еврокуповите. Апсолутниот рекордер во Лигата на шампионите Раул неколку секунди по првиот гол на Инзаги го израмни вкупниот скор, но „Супер Пипо“, сепак, изби на чело на збирната листа со вкупно 67 гола.

Лига на шампиони, 1. коло



Група А

Јувентус - Бордо 1:1 (Јакинта 63 - Плашил 75)

Макаби Хаифа - Баерн 0:3 (Ван Бујтен 64, Милер 85 и 88)

Група Б

Бешикташ - Манчестер Ј. 0:1 (Сколс 77)

Волфзбург - ЦСКА 3:1 (Графите 36, 41п. 86 - Џагоев 76)

Група С

Марсеј - Милан 1:2 (Хајнце 49 - Инзаги 28, 74)

Цирих - Реал М. 2:5 (Маргера 64п., Егертер 65 - Роналдо 27, 89, Раул 34, Игуаин 45, Гути 90+2)

Група Д

Челзи - Порто 1:0 (Анелка 48)

Атлетико - АПОЕЛ 0:0


#
Статијата е прочитана 358 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Скок со задршка на кошаркарите
Хрватска во четврт-финале, ама треба да почне да игра кошарка
Подобро конфузија со шест судии отколку камери
Жалба до ОН поради истрагата на полот на Семенја
Бријаторе и Сајмондс си одат од Рено