Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Жалба до ОН поради истрагата на полот на Семенја

Јужна Африка протестира за нарушеното достоинство на светската првенка на 800 м

Јужноафриканската министерка за жени, деца и за лица со инвалидитет Нолутандо Мајенде-Сибија поднесе жалба до Обединетите нации за начинот на кој е спроведена истрагата за полот на атлетичарката Кастер Семенја. Мајенде-Сибија истакна дека меѓународната атлетска федерација ИААФ не успеала да го сочува од јавноста идентитетот на атлетичарката чијшто пол е доведен во прашање, со што го загрозила човечкото достоинство на Семенја. Министерката ја вложила жалбата до Одделението на ОН за унапредување на положбата на жените.

Гласот го крена и претседателот на државата Џејкоб Зума, кој ги осуди „инвазијата врз приватноста на Семенја и прекршувањето на нејзините права. Челниците на Атлетската федерација на Јужна Африка (АСА) ја обвинија ИААФ за понижување при проверката на полот на спортистката што го вчудовиди светот со супериорниор триумф на 800 м на неодамнешното Светско првенство во Берлин.

„Тестовите траеја речиси два часа, при што Семенја се исфрустрира, па дури и се налути поради понижувачката природа на постапката“, локалниот весник „Белд“ го цитира поранешниот селектор на ЈАР, Вилфред Даниелс. „Белд“ пишува дека Семенја била крајно вознемирена и огорчена кога при тестирањето биле фотографирани интимни делови од нејзиното тело.

„Мораше да ги крене нозете за да ја фотографираат“, вели Даниелс.

Одлуката за „случајот Семенја“ треба да биде донесена до крајот на ноември, а ИААФ во меѓувреме избегна да го потврди написот во австралискиот весник „Дејли телеграф“, во кој се вели дека таа има и машки и женски сексуални карактеристики. Семенја беше наведена да поверува дека ќе биде подложена на допинг-тестови во Јужна Африка, пишува „Белд“, додавајќи оти таа од болницата им се јавила и им испратила СМС-пораки на пријателите за да им каже за искушението.

Некои Јужноафриканци ја обвинија ИААФ и за расизам поради наредбата да се извршат тестови за полот на Семенја, велејќи дека нејзините широки рамена и впечатлива мускулатура не се необични за женската атлетика. Американската атлетска легенда Карл Луис, пак, го посочи прстот кон АСА за непријатностите на Семенја, велејќи дека не ја заштитиле.

„Многу сум разочаран во нив бидејќи нејзиното изложување пред светот на таков начин е нефер за неа“, изјави тој при својата посета на Тел Авив минатата седмица. „Отсега, па до крајот на нејзиниот живот, таа ќе биде жигосана“.

Вилфред Даниелс даде оставка минатиот месец токму порад�� начинот на кој АСА се справува со случајот.

„Мислите ли дека кој и да е може да закрепне од емотивната болка и од понижувањето низ кое помина таа? Што мислите дека ќе и' помине низ главата кога ќе излезе на патеката откако светот се запозна со сите нејзини интимни детали“, вели Даниелс. (Блиц/Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 238 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Скок со задршка на кошаркарите
Хрватска во четврт-финале, ама треба да почне да игра кошарка
Убедлив старт на „галактикос 2“, АПОЕЛ му зеде бод на Атлетико
Подобро конфузија со шест судии отколку камери
Бријаторе и Сајмондс си одат од Рено