Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт
Скок со задршка на кошаркарите

Вториот круг на ЕП во Полска е успех, но останува жал за пропуштеното со Хрватска и со Русија

Наум Котевски

Македонската кошаркарска репрезентација се враќа од европското првенство во Полска веројатно како 10. селекција на Стариот континент, ако вчера не се случило нешто непредвидено во последните натпревари од групата Ф, каде Србија очекувано требаше да слави над Литванија.

На прв поглед, па и на втор и трет, голем успех, ако се има предвид дека до вчера сонот беше било какво, само да е учество на еден ваков голем турнир, на кој имаме партиципирано само уште еднаш - пред 10 години во Франција, кога бевме елиминирани во првата фаза.

Кошаркарите дадоа се' од себе, особено во натпреварите со Германија (победа) и Русија (инфаркт пораз) во новоформираната група во Бидгошч, како и на оној против Израел, преку кого заминавме меѓу 12. најдобри. Но, сепак, несвесно, по брза транзиција и експлозивен пикен-рол (најексплоатираните модерни фрази во Полска) и забија кош на македонската јавност (иако, интернет форумите се преполни со честитки до кошаркарите) оставајќи ја со подотворена уста збунето да се прашува дали врз основ на нашата геостратешка положба на ова, недвосмислено слабо европско првенство, можевме да постигнеме повисока корпорациска цена.

Ако тргнеме од една од дефинициите за тоа што е успех, во која тој се објаснува како реализирање на сопствените цели (а, среќа е кога уживаме во нив), тогаш нормално ќе кажеме дека настапот на кошаркарите е успех. Затоа што во Полска се оствари сето она што се посакуваше пред да се влезе во авионот за Познањ - победа над Израел и победа над Германија. На бранителите на оваа теза, кои нормално ќе се повикааат и на катастрофалниот спортски амбиент во државава, па на очајната флуктуација на капиталот, како и на домашните клубови кои се распаѓаат како кинескине патики од скопските продавници, тешко може да им се докаже дека на ова ЕП добивме (пред се' искуство за младите кошаркари кои треба да бидат нашата иднина (Дамјан и Војдан Стојановски, Самарџиски), но и реално пропуштивме шанса да докажеме дека и со нашиот начин на живот, барем спортски, можеме да функционираме во модернизираното европско друштво. Русија со шут од 1/15 за три на колена не молеше да ја победиме со што ќе ја искористевме големата шанса, пак ќе повториме на ова слабо ЕП, за придвижување кон европскиот врв и напуштање на нирваната предизвикана од направената историја од просечноста.

Со ваквото размислување немаме ниту грам намера да го нападнеме личниот интегритет на кошаркарите, како што по��ислија кога по долго размислување решивме да ја известиме овдешната јавност за нивната недисциплина во Познањ, туку скромно да се обидеме да влијаеме на скалата на вредности. За нивната пожртвувана игра немаме замерки. Одиграа во рамките на нивните можности, а по тажниот крај со Русите може и слободно да кажеме: Кога сме среќни секогаш сме добри, но кога сме добри, не сме секогаш среќни.

Како медиум секогаш сме се труделе и сме успевале да ги избегнеме, како што Мухамед Али своевремено умешно ги избегнуваше крошеата на Флојд Патерсон, ударите на раката на вжештениот патриотизам, кој суши мозоци, но, како и по првата фаза, така и сега на крајот тврдиме дека националниот дрес носи посебна одговорност. Проговоривме дека на полувремето со Хрватска, при водство од 14 разлика Антиќ во соблекувалната влезе непотребно во конфликт со Арсиќ, како и за доцното прибирање во хотел, бидејќи сметавме и сметаме дека туркањето под тепих на недостатоците одложно ќе го нагризат со железните заби на „џинот од Џемс Бонд“ репрезентативното ткиво.

Кошаркарите, поради тоа објективно известување, речиси на сите медиуми, им се налутија на новинарите, па решија да не даваат изјави. Дефинитивно не беа во право, затоа што кога губиш, така како што тие загубија од Грција и Франција, треба да разбереш дека медиумите мора објективно да ја известат јавноста, па жртвата да биде подготвена и за мајтап, како што секогаш е подготвена за кревање во небо.

Среќа во несреќа, беше, барем така тврди Арсиќ, што критиките раѓаа инает кај нив, па по тежок пораз доаѓаа до победа. Но, менталитетот за поголем успех на вакви натпреварувања е поинаков - потребен е континуитет.

Во тој контекст најконстантно одиграа Антиќ и Мејси. Првиот беше 25 мин. во просек на паркет и постигна 75 коша (6,7 скока), а вториот имаше просек од 20 минути и реализираше 72 коша (4,8 скока). Останатите варираа од меч во меч. Врбица Стефанов не почна на своето ниво, но од натпревар во натпревар квалитативно растеше и оваа генерација кошаркари треба да му биде благодарна што го имаше крај себе. Во просекот од 30. минути Врба постигна 62 коша. Гечевски, особено во вториот дел со Русија, покажа дека може да одигра на високо ниво, но и покажа дека има проблем со белите дробови по напорната сезона во Задар. Самарџиски, нашиот 215. см висок тешкаш беше најголемиот борец на теренот, ама неговата лимитираност во шутот не му дозволува да ја преземе главната ролја. Браќата Дамјан и Војдан Стојановски, како и Дарко Соколов ја искористија својата шанса и покажаа дека може да бидат достојна замена за Врба. Тасовски беше клучниот играч во победата над Германија, а ветеранот Перо Блажевски беше навивач од клупата.

Сите нив селекторот Арсиќ делумно добро ги вклопи. Не може да ја премолчиме неговата ротациска шема. Неа ја практикуваат сите селектори во Полска, но од тим до тим постои огромна разлика, па оттаму не постои унифицирано водење на екипата. Не смееше Арсиќ на мечот со Русија да го заборави на клупа цели 15 минути Џеремаја Мејси, кој како и на претходните натпревари беше трансформиран во резерва во моментите кога играше одлично. А, од оваа перспектива гледано не смееше Арсиќ ниту да го изостави од тимот Александар Димитровски, со образложение дека не му треба шутер (а, за што му требаше Блажевски?!).

Вашиот известувач од Полска дури направи и грешка (веројатно сте ја забележиле) пишувајќи го името на Димитровски во конечниот ростер, иако сконцентрирано го слушаше Арсиќ како ги диктира имињата на кошаркарите, оддалечен од него само две стари столчиња (оставени од „Црвената армија“) во прес-собата на хотелот „Новотел“ во Познањ. Тоа тие е, што да правиш, потсвеста некогаш е посилна од реалноста. За жал, на крајот се покажа дека таа била во право, бидејќи токму тој шут на Димитровски и тоа како недостасуваше во решавачкиот натпревар со Русија, кога повредени беа Ристе Стефанов и Војдан Стојановски. Арсиќ од Полска најави дека ќе си замине, па ако веќе тој е наше минато, тогаш и доволно се бавиме со истото.

На крајот, и оние кои сметаат дека кошаркарите направиле голема работа, а и оние кои затекнати од новата ситуација во Полска, кога сонот и новата реалност бргу се прегрнаа, побараа нешто повеќе, треба да знаат дека успехот не е состојба туку е процес. Ете, ајде компромисно Полска да ја означиме како почеток на градењето на нашиот кошаркарски формат и имиџ, како спојување на локалното со глобалното, но сето тоа да добие континуитет, а не како досега да се вратиме во рикверц и да чекаме нови 10 години ��а едно големо натпреварување.


#
Статијата е прочитана 653 пати.

Испрати коментар

Од: Koljo
Датум: 17.09.2009 03:14:34
Novinarot na ovoj tekst e opsolutno vo pravo za dadenite komentari:zosto Dimitrovski bese izostaven od spisokot za Polska ,zosto Blazevski bese vo Polska ,uste ednas jas se prasuvam,zosto Mejsi dobi mala minutaza i zosto...zosto ? Ne moze da ne go nareceme uspeh osvoenoto 10to mesto vo Evropa,ne moze da se zamizi na cesnata igra na Makedonskite kosarkari,no istovremeno treba i mora od ovde da pocne da se gradi imidjot i igrata na nasata reprezentacija so sto ke se stvori uslov za eden kontinueten nastap na golemite kosarkarski natprevaruvanja a za toa nie imame "materijal",samo sto ni treba dobar "krojac" da skroji edna silna Makedonska kosarkarska reprezentacija.Vo sekoj slucaj uste ednas sakam da im cestitam na nasite reprezentativci za igrite sto gi pokazaa i za osvoenoto deseto mesto.Iskreno,BRAVO MOMCI !
Од: Dime
Датум: 17.09.2009 06:44:57
Neznam kolku pati vo statijata gi spomna pobedite nad Germanija i Izrael,a nitu so edna recenica ne gi spomena teskite porazi od Francija i pred se od nasite najgolemi rivali Grcija!So sto ke gi lecime i pokrivame tie dve katastrofalni utakmici kade sto vo tie momenti bese podobro covek i MAGARE da bidi samo Makedonec da ne bidi!Grcite veke pocnaja da ne bombardirat i da ne stramat so videa na YOU TUBE od toj ponizuvacki poraz od niv!
Од: Realen
Датум: 17.09.2009 07:28:03
Navistina e zalosno sto ja propustivme ovaa prekrasna sansa za uste podobar uspeh na ova Evropsko prvenstvo.Imavme kvalitet,imavme publika,za zal nemavme trener(kormilar dobar)mislam na Arsic.So negovoto katastrofalno vodenje na timot i so negovite nelogicni greski,dobro sto stignavme i do ovdeka.Za mene licno ne mozam da kazam deka ova e uspeh.So takvi kvalitetni kosarkari sto gi imame,ova e neuspeh.I dosta veke so tie malodusni zadovoluvanja vo stilot:dobro e sto se kavlifikuvavme da ucetsvuvame na ovoj Evropski turnir i i kraj.Toa e odlika na malite timovi.Makedonija vo sportot ne e mala sila.imame dobri fudbaleri,rakometari,kosarkari,bokseri i taka nataka,i mora celta da ni bide povisoki plasmani,kade sto ni e realno mestoto.Treba nesto radikalno da se menuva vo nasiot mentalen sklop i vo podobra organizacija,za da imame pogolemi uspesi.A za Arsic,najdobro da si odi od Makedonija,ne mu e mestoto ovdeka...
Од: nikola
Датум: 17.09.2009 09:37:38
Ljuge dosta so komentari uspeh ili neuspeh.Vo sekoj slucaj mora da se kaze deka postignavme ogromen uspeh i ne treba da ima nikakvi zabeleski zosto ovoj a ne onoj.Sega e mnogu bitno da se odrzi visok stepen na motivacija kaj kosarkarite,vo federacijata vednas da rascostat so statusot na selektorot (dali ostanuva ili ne) i od sega da zapocneme da se pripremame za narednite kvalifikacii za EP zosto sme vo grupa na nositeli.Ova se so cel da ne ne snajde sudbinata na rakometnata reprezentacija - posle uspeh na SP da ne nema nigde.
Од: doktor
Датум: 17.09.2009 11:06:48
Statijava i komentarite se uste edna potvrda deka oko covecko e nenasitno.Pa dobro bre lugje,pred sampionatot,ili uste podobro pred pocetokot na kvalifikaciite da go prasaa sekoj od nas dali e zadovolen so 10 mesto-sto ke recese? Vaka ispagja, i vtori da bevme-ke bese neuspeh zosto mozevme i prvi.Lugje bre, koi sme nie,shaka narod,nikakvi izdvojuvanja za sport,katastrofalni ligi-pa trenerot bil kriv,site se popametni od nego.Zosto ne uspea nekoj nas trener da napravi bilo kakov uspeh?Ili kriv e zosto e Srbin,bez nikakva zastita,pa mora da pokuti koga mu se catalat Antic i kompanija ili nekoj od KFM?
Од: ромео
Датум: 17.09.2009 13:10:06
никој не негира дека ова е успех, но однесувањет на натпреварот со Хрватска остава едно лошо чувство кај навивачите и кај целиот наш народ дека не ја чувствуваме доволно државата и кон неа се однесуваме неодговорно. Инаку поразот од Русија не боли толку, пред се' бидејќи дадоа се од себе и беа конкурентни буквално до последната стотинка.
Од: sofija
Датум: 17.09.2009 14:21:04
Konacno novinarot se resi da napise nesto, sto za celo vreme dodeka traese EP ne se spomna ZOSTO Dimitrovski ostana nadvor od nacionalniot tim, a na site nas sto ja sledime kosarkata, dobro ni se poznati negovite kvaliteti.I bas negovite sutevi falea vo timot na nasata reprezentacija.Arsic, odi si, ti ja prokocka sansata na Makedonija za pogolem uspeh.Ne se zadovoluvam so dve pobedi, znaejki gi kvalitetite na nasite kosarkari......
Од: Vlatko
Датум: 17.09.2009 14:37:31
Nashata kosharka se bazira na shit za 3 poeni. So Germanija ni trgna i tepavme. No isto taka vo minatoto izgubivme dosta vazzni utakmici koga shutot za 3 ne ni odeshe. Ne mozze da se gradi eden kontinuiran uspeh sano na shut za 3 poeni. Poln Respekt za nashite kosharkari, no jas ne vidov nekoja uigrana shema ili taktika na bilo koja utaknica. Nekako dobivam chuvstvo deka sekaj utakmica e debela improvizacija, kade sto trenerot Antic nemashe ama bash nikakvo vlijanie na tekot na nastanite. Mora da sme iskreni i da kazzeme deka imavme golema srekja na ova prvenstvo - skoro site ekipi se bleda senka na ona sto bea pred godina-dve. Kaj sekoja ekipa gledm promena na generacija i golem haos vo organizacijata na igra. Steta sto ne go iskoristivme ova. Posle ova prvenstvo, jasno mi e deka ne ceka epten golema rabota za da se povtori ovoj uspeh ushte ednash.

Најди! во Утрински
Спорт
Хрватска во четврт-финале, ама треба да почне да игра кошарка
Убедлив старт на „галактикос 2“, АПОЕЛ му зеде бод на Атлетико
Подобро конфузија со шест судии отколку камери
Жалба до ОН поради истрагата на полот на Семенја
Бријаторе и Сајмондс си одат од Рено