04.01.2012, 16:37 Мое ќоше
Кокошките почнаа да кукуригаат
Ерол Ризаов
Господ нека ја благослови Америка
Македонските златни кокошки почнаа да кукуригаат како петли. Уште не се исуши мастилото од минатонеделното ќоше посветено на нашите најпрофитабилни компании кои носат само златни јајца стаса новогодишна честитка до сите граѓани на Македонија о�� Министерството за правда на Америка. Само што некои наши големи правни експерти ми префрлија дека без доволно докази сум напишал за односот на државата во компаниите каде што е малцински партнер, дека „во најмала рака тој однос е коруптивен и партиски“, кога американското министерство и Комисијата за хартии од вредност соопштија дека „Дојче телеком“ и неговата филијала „Маѓар телеком“ потплатиле македонски политичари и претставници во текот на 2005 и 2006 година да го одолговлекуваат отворањето на пазарот на безжични телекомуникации и да ја спречуваат конкуренцијата во Македонија. „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“, сопственици на „Македонски телекомуникации“ и „Т-мобиле“, експресно се согласија да платат 95 милиони долари казна и да избегнат судска тужба. Со тоа не мора да ја признаат вината, бидејки спогодбата и милионите долари ставаат крај на истрагата против „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“.
Убаво. Сега очекувам дека и американското Министерство за правда и Комисијата за хартии од вредност ќе се соочат со тужбата на нашите правни експерти да приложат докази за вакво празнично вознемирување на македонската јавност. Види богати, при наше Министерство за правда, при наше Јавно обвинителство, при наша високопрофесионална и непартиска полиција и независно судство, при наша самостојна Антикорупциска комисија која не работи селективно и при слободни медиуми некои таму Амери ќе ни кажуваат дека Германците и Унгарците потплатиле македонски политичари. Тоа ти е директна атака врз независноста, суверенитетот и самостојноста на криминалците кои имаат своја држава. И додека нашите независни институции на системот ѓоамити пребројуваат од која партија политичарите 2005 и 2006 година повеќе ги ограбувале своите граѓани, еве уште неколку прашања со сиот ризик повторно да се соочам со недостиг од докази:
Што мислите зошто граѓаните на Македонија и при ваква сегашна конкуренција се' уште плаќаат најскапи сметки за телекомуникациски услуги. Дали некогаш ќе ги дознаеме имињата на потплатените и корумпирани политичари и комуникациски стручњаци. Дали некој македонски граѓанин или компанија ќе поднесе кривична тужба за штета што му е нанесена со спречување на конкуренцијата. Како ќе заврши целата оваа работа. И конечно зошто Америка ни го направи ова.
Засега со сигурност делумно се знае одговорот само на последното прашање. „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ се огрешиле на американскиот закон за борба против корупцијата надвор од територијата на САД. Тој закон се применува за американските фирми, како и за странските компании што работат на подрачјето на САД. Во наведениот период 2005 и 2006 година со акциите на „Маѓар телеком“ се тргувало на Берзата во Њујорк. Доволно да се лапнат 95 милиони долари отштета за Америка оти се подмитиле македонски политичари што таму предизвикало некакви негативни последици. А, кај нас. А, ние. Има ли нешто за нас. Се разбира, директно или индиректно пак ќе ја платиме сметката и ќе си молчиме. Не е убаво да се вознемируваме и да истражуваме какви јајца несат нашите златни кокошки.
Замислете доколку рафинеријата „Окта“ направила некоја трансакција во Америка. Ако Американците и' стегнат една тужба. Колку ли таму има црно злато. Уште едно прашање пак без докази: зошто и покрај сите казни што ни ги изрекоа меѓународните судови поради „Окта“ со милионски износи и покрај најлошиот бензин далеку под европските стадарди и покрај загадувањето на човековата околина, за време на сите власти, оваа компанија трупа профити и не' труе спокојно.
Господ нека ја благослови Америка. |
|
Статијата е прочитана 3359 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 05.01.2012 00:26:55 | Toa ti e amerikanskiot praven sistem. Dojce Telekom si ja platil kaznata i istragata e zavrsena. Obicno makedonceto strada kako kolateralna steta. Ovde nekoj si dobil kolateralen profit! So zdravje neka si gi grickaat parickite! |
| Zrtva na operatorite, 05.01.2012 01:16:52 | Shto pari se iznadava na toj T-Mobile! Barem da ostanea vo drzavata. Za volja na vistinata, problemot e sepak do nas. Svesni sme i znaeme deka ne lazat i kradat, no i pokraj site lagi i siot lopovluk na prvite ludje od drzavata, povtorno gi birame. A koga vece gi izbereme, togaj e kasno, chedo bozje! Tie si ja postavat mrezata: novinari, lustratori, antikorupcioneri, obviniteli, sudii, policajci, vojnici, muzichari i naravno nie obichnite igraorci. Neka ni e Amerika na pomosh! Gospod vece dignal race od nas. |
| USA, 05.01.2012 05:23:43 | Гледаш, и ние тука имаме автентично толкување на работите, ........... Во $$$$ без имиња и информации. |
| gjoko, 05.01.2012 08:01:25 | Gi pomesa kompaniite.EVN bese tuzena za 200mil dolari neplaten dolg KON ELEM.
Ama EVN go zema timot braniteli , cel SDSM koj se zakani so tuzba vo Washigton ,i rabotata se dogovori.200 te mil gi plakjaat site vo Makedonija.Da ne sme bile primer za los primer za stranskite investitori.
Jas polnam vo LUK...... |
| godej, 05.01.2012 08:15:45 | Amerikacite ni pokazaa sto vsusnost se krie pod poimot operator vo Makedonija. |
| Скопјанец, 05.01.2012 09:10:45 | Знам дека без докази не се објавуваат сомнежи, но има 95 милиони причини да се дознае кои се тие. Велат „еден Македонски и еден Албански поитичар“. Знаеме дека во Македонија партиските лидери се апсолутна власт, дека никого за ништо не прашуваат и дека никому за ништо не одговараат. Ако се земе времето кога тоа се случило, на власт беа СДСМ и ДУИ, ergo, политичарите мора да се Бучковски и Ахмети. Ова е чисто логично размислување кое не мора да е веродостојно, но има 95 милиони причини да е така.
Тука ВМРО-ДПМНЕ е со врзани раце. Не смее против СДСМ затоа што ќе отиде и Ахмети јабана. И повторно пат позиција. Само ние ќе продолжиме да плаќаме големи сметки. |
| ZRAK, 05.01.2012 09:19:49 | Erole zosto nitu edna vlada ne go otkriva golemiot kriminal.sds sega kazuva za okta ,npk,i sl a ko bese na vlas nisto,brrrance mu se osveti samo na amdi bajram go za platnoto sto i go ukral na biljana pa ta nemala sto da beli[a site znaeme deka ta odamna ne beli] ,so ovaj humor so biljana sakam da ja opisam borbata so kriminalo vo RM. |
| od njuorska berza, 05.01.2012 10:57:01 | statijava e mnogu interesna a da go svrtime problemot obratno koj dozvolil od njuorskata berza da se trguva so akciite na dojcetelekom verojatno prvo toj bil podmiten pa sega da se opravdaat tie transakcii se bara navodno otsteta no akciite na dojcetelekom kotiraat i na drugi berzi sto so niv tuka ima mnogu za istrazuvanje vo prasanje seogromni pari |
| Angel, 05.01.2012 12:50:59 | Граѓаните во Македонија се во канџите на организираниот криминал,монополите,
банките,осигурителните друштва.Затоа имаме
највисоки камати,најскапо осигурување,мафијашка цена на станови, најскапи споменици.Никој никого не прашува
за потекло на покажаните милионски богатства.А камо ли да се изврши истрага за
скриените во странство богатства.Последна надеж за граѓаните беше ова ВМРО-ДПМНЕ, но нивното владение се претвори во втора најголема пљачка, после приватизацијата. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Најчитани текстови во 2011 |
Време
|
Скопје, 2°C
Облачно
|
Вторник
Магла
Макс: 1°C, Мин: -5°C
|
Среда
Магла
Макс: 0°C, Мин: -7°C
|
|
|
|
|
|