Број 3090  сабота, 19 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника
Сослушани десет сведоци за убиството во Ореше

ВЕЛЕС - Девет сведоци говореа пред Основниот суд во Велес што се случувало пред четири години на почетокот на декември во велешкото село Ореше, кога беше убиен седумдесет и четиригодишниот Лазар Милошовски. Пред судот свои искази дадоа чичковците на обвинетите Ордан и Љупчо, Андон и Цветко Ѓоргиевски, кои со речиси идентични изјави објаснуваа дека на критичниот ден пристигнале во селото, биле во куќата на внуците до 23 часот за да се договорат за утрешниот лов.

Тие сведочеа дека веста оти Лазо е убиен ја слушнале додека ловеле, но, пред се', помислиле дека за време на ловот бил истепан од некого, а дури потоа убиен. Цветко кажа дека додека ловеле слушнал истрел, но не видел кој и во што пука. ,,Кога се собравме сите ловџии, дадовме извештај, кој што направил. Тогаш Љупчо кажа оти му било ладно и здодевно, па пукал во камен, а не во дивеч“, рече Цветко Ѓорѓиевски. Никола Ѓорѓиевски, поранешен претседател на црковниот одбор, објасни дека браќата доаѓале во манастирот неколку години и носеле најубави дарови, а сегашниот претседател Никола Николовски рече дека на Ѓурѓовден донеле 500 долари и кажале оти ги испратил Ѓоре Петровски од Америка за манастирот.

Лазар Милошовски беше убиен на втори декември во неговата куќа во селото Ореше. Истрели од пушка слушнале неколкумина соселани, кои живееле непосредно до неговата куќа. ,,Бев во тоалет кога слушнав истрели. Тоа беше околу 20,40 часот. На прозорецот стоеше вујна ми Ѓурѓа и зборувавме што и како се случило“, рече Сашко Петровски, кој живее на стотина метри од куќата на Лазо. Мртвото тело на Лазо е пронајдено изутрина на 3 декември во неговата куќа. Адвокатот на обвинетите, Звонко Давидовиќ, побара судот да забележи оти на Петровски двапати му бил направен полиграф и дека му биле одземени војничките алишта на кои му биле најдени барутни честички. На 28 декември во посебна судница во Основниот суд Скопје 1 во Скопје ќе биде сослушан заштитниот сведок, а по неколку дена судењето повторно ќе продолжи во Велес. Браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски се обвинети дека го убиле Лазар Милошевски во Селото Ореше за 50 илјади долари, кои од Америка им ги испратил Ѓоре Петровски. (С.Ќ.Н.)


#
Статијата е прочитана 753 пати.

Испрати коментар

Од: borce
Датум: 19.09.2009 20:30:17
ova delo e luk i voda

Најди! во Утрински
Хроника
Жена изгоре во пожар во скопско Шуто Оризари
Шапкар на слобода, продолжува вештачењето на глисерите
Нигериец шверцувал мигранти на „Александар Велики“
По кавга, со нож го пробол брата си
Ја уценувала љубовницата на мажот
Мистерија со човечки коски во „Јасен“
Повредена девојка при каменување на воз