Шапкар на слобода, продолжува вештачењето на глисерите
Кристијан Шапкар е пуштен на слобода, откако јавниот обвинител вчера го прифати предлогот на истражната судијка за укинување на 30-дневниот притвор, кој му беше одреден поради предизвикување на глисерската несреќа во Охрид. Притворот е укинат откако судот ги сослуша сите предложени сведоци, со што повеќе нема опасност дека осомничениот би можел да влијае на нивните изјави, смета судот. Сепак, Шапкар привремено ќе остане без пасош. На предлог на јавниот обвинител патната исправа му е одземена како гаранција дека нема да ја напушти земјава. Проверките покажале дека Шапкар поседува само македонски пасош.
Во меѓувреме продолжува истрагата во охридскиот суд, каде што деновиве пристигнаа резултатите и анализите направени во Крим-техника во МВР за присуството на алкохол и на наркотици во крвта на Шапкар, кој учествуваше во глисерската несреќа во која загина 39-годишната Ирина Романова-Муцунска.
Повторените анализи потврдуваат дека Шапкар имал 0,72 промили алкохол во крвта и 1,28 промили во урината. Анализите на полицијата не покажале присуство на наркотици.
Остануваат уште резултатите од обдукцијата кои треба да бидат доставени до судот, каде што во тек се вештачењата на глисерите. Тројца вештаци од Бирото за судски вештачења во Охрид веќе извршиле проверки на глисерите, кои минатата седмица беа извадени на суво, поради опасноста да потонат во каналот Студенчишта. Како што дознаваме, можни се и подводни дополнителни вештачења, со цел да се утврди точното место каде што се случил кобниот судир на глисерите пред неколку седмици. (Д.Т.)
eee dragi moi...ova e drzava...mozes na kogo sakas sto saks da mu napravis /za zal!/ i muva da ne te lazi...se kladam deka nema da odlezi ni den.....sramota!
Од: Nabljuduvac
Датум: 19.09.2009 03:08:58
Kristijan Sapkar e pusten od bolnica, toj nitu eden den ne bese vo pritvor. Ako pritvorot go pomina vo bolnica, dali mozebi kaznata ke ja izdrzuva vo hotel. Normalno, samo ako bide osuden, bidejki mozebi ke dokazat deka ne bil vinoven. I onaka dobro se trudat da gi unistat dokazite. Bravo za Utrinski sto seuste izvestuva za gliserskata nesreka. Od nepoznati pricini, drugite mediumi zamolcea.
Од: Osogovo
Датум: 19.09.2009 09:36:02
Se ceka samo da se dobie vo vreme pa ke go "snema" i nego kako Zelenko (Konartis), kako Ibraimi (Bacilo) ..... Vokolku ne bide taka toa ne bi bila stvarnata slika za naseto pravosudstvo i a nasata ni drzava.Sto vo slucaj koga Sapkar ke go "snema" od MKD.E togas toj sto go potpisal negovoto pustanje treba vo "bajbuk", pa neka toj si ja odlezi kaznata.Dve decinja ostanaa siracinja, bidejki majkata im ja UBI nekoj malogragjanski-mesen "SILEDJIJA so pedigre", sin na eden poznat "novopecen biznismen".E da mi izvinete ama vakvo nesto nemalo ni vo "tursko" ni vo "kaursko", pa ni koga bea onie so petokrakata.Do kade li samo odi samobendisanosta, kriminalot, arogantnosta, a voopsto imaat li nekoi lugje cest, svest i SOVEST??? MKD i se e mozno!
Од: marija
Датум: 19.09.2009 10:13:53
ako covekot ne bil kriv dobro sto go pustile.Od kade vie podolu znaete sto se slucilo pa sto sudite ako vo nesreka zagine nekoj ne znaci drugite id sprotivnata strana se vinovni .sramota
Од: Пинг
Датум: 19.09.2009 10:23:35
Како им е на сопругот и децата на трагично починатата? Дали ним им е многу важно како младиот господин и` го одзел животот-ја убил? А работата почнува да мириса дека се` ќе се сведе на осуда од некоја година, па заради добро однесување на половина, и тоа е тоа. И се` заради статусот на семејството, неговите врски со власта.....А правдата? Каде е правдата? Ма ајде, и онака таа е слепа, па лесно е да се загуби низ правните лавиринти. Поздрав до сите Ваши и наши, посебно до оние кои пишуваат кирилица. Оние кои не знаат, време е да научат, како беше “Знаењето е.....“
Од: aleksandar
Датум: 19.09.2009 20:40:32
kakov e ovoj apsurd.kakvi dokazi uste treba i kakvi istrazuvanja.toj e kriv i treba da odgovara.go pustaat na sloboda i mu go zemaat pasosot,golema rabota.ce se slusne posle nekoe vreme zaminal vo nepoznat pravec.SRAMOTA ZA OVAA VLAST A I ZA PRETHODNITE.
Од: Linda
Датум: 19.09.2009 23:21:49
Mislam deka preovladuva Makedonstinata. Na Sapkar dovolna kazna mu e samiot nastan koj sigurno ke go progonuva se do krajot na negoviot zivot. Na nikogo i ne treba da mu e gajle za toa dali ke lezi ili ne vo zatvor. I on e covecko sustestvo i nego mu e tesko.
Од: od mene
Датум: 20.09.2009 01:54:14
za marija da nedade gospod da nastradas od nekoj takov ludak sto od bes neznael kako se vozi i deka i na voda postojat pravila pa bez razlika koj e kriv nikogas netreba da se dozvoli da se sluci takvo nesto ako fraerot barem malku vnimaval nemalo da pomine vrz drugiot gliser kako i dae stom ima zrtva odgovornosta e negova i da go osudat kako sto zasluzil a zivotot na mladata zena nema da se vrati i zatoa nekoj treba toa da go plati