По кавга, со нож го пробол брата си
Дваесет и петгодишниот Д.М. од Кавадарци со пет убодни рани во градите и во стомакот завчера, околу 17,30 часот, бил примен во кавадаречката болница. Според МВР, Д.М. бил прободен од неговиот брат В.М. (29), против кого е поднесена кривична пријава за убиство во обид. Нивната мајка го спречила постариот син да го избоде до смрт помладиот брат. Во МВР велат дека В.М. и' бил познат на полицијата како насилник и дилер. Прободеното момче е надвор од животна опасност. (Г.А.) |