Повредена девојка при каменување на воз
Една девојка е повредена при каменување на возот, кој сообраќал од Кичево кон Скопје. Според полицијата, непознати лица вчераутро, околу шест часот, во близина на железничката станица Гостивар, ги каменувале вагоните на патничкиот воз 6901.
Притоа, еден камен удрил во стаклото што се скршило и и' нанело повреди на патничката К.А. (23) од Кичево. По инцидентот со каменувањето, возот застанал, а машиновозачот го пријавил случајот во полиција. Повредената патничка, која имала исеченици по телото, била пренесена во гостиварската болница. Ова е втор инцидент регистриран на пругата Кичево-Гостивар од почетокот на годинава. (Х.Р.) |