Број 3090  сабота, 19 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника
Нигериец шверцувал мигранти на „Александар Велики“

Тројца Нигеријци се фатени на скопскиот аеродром при обид со фалсификувани патни исправи да влезат во земјава. Полицијата на О.Б.И. (34), државјанин на Нигерија, му поднесе кривична пријава за шверцување мигранти, бидејќи се обидел двајцата Нигеријци, преку Македонија и Грција, да ги прошверцува во некоја западна земја.

Тројцата се фатени при пасошка контрола на аеродромот „Александар Велики“ со фалсификувани патни исправи, при што е спречено да се воспостави меѓународен канал на шверцување мигранти од Нигерија преку Турција и Македонија до Грција, а оттаму како крајна дестинација некоја западна земја. Организаторот преку посредници стапил во контакт со двајцата нигериски државјани, О.А. (26) и Н.М.Е. (30), кои сакале да ја напуштат земјата. Тој обезбедил фалсификувани покани, за учество на саемот за земјоделство што треба да се одржи во Скопје, а во овие покани биле внесени и имињата на мигрантите.

Но, при пасошката контрола во Скопје надлежните ги откриле фалсификуваните пасоши, а при проверката на нивниот багаж им ги пронашле и оригиналните патни исправи што ги поседувале. На организаторот му е одреден притвор од 30 дена, а мигрантите се депортирани од земјава. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 780 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Жена изгоре во пожар во скопско Шуто Оризари
Шапкар на слобода, продолжува вештачењето на глисерите
По кавга, со нож го пробол брата си
Сослушани десет сведоци за убиството во Ореше
Ја уценувала љубовницата на мажот
Мистерија со човечки коски во „Јасен“
Повредена девојка при каменување на воз