Ја уценувала љубовницата на мажот
Полицијата поднесе кривична пријава против В.Т. (36) од Берово, затоа што уценувала своја сограѓанка дека ќе објави нејзини компромитирачки материјали. Според МВР, В.Т. пред неколку дена и' се јавила на сограѓанката и побарала 300 евра во замена за дискетата со компромитирачки материјал. Уценуваната жена го пријавила случајот во полиција, од каде што добила обележани пари. Откако се сретнале В.Т ги добила парите, ја предала дискетата, но набрзо била уапсена. Како што признала во полиција, ја уценувала сограѓанката,
бидејќи била уверена дека таа му е љубовница на нејзиниот сопруг. (Г.А.)
|