Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Teтекс сoнува победа против Вентспилс

Сашко Ѓ. Димовски

Тетекс се наоѓа пред најважниот натпревар во клупската историја, со победа над Вентспилс, утре на „Филип Втори“ (16,30 ч.), ќе се пласира во третото квалификациско коло за Лига Европа, во своето деби во меѓународните купови.

Ремито без голови од првиот натпревар во Летонија ветува многу. Ситуацијата е дијаметрално спротивна од онаа што владееше во минатата недела. Скромните очекувања и амбиции на тетовци одеднаш се претворија во големи и реални. Во четвртокот пријатно ја изненадија македонската јавност, непријатно летонската која однапред вкалкулира победа на нејзиниот претставник (за волја на вистината така беше и во овдешната), за Европа беше мала сензација. За нејзино комплетирање, сега е неопходна и минимална победа. Само треба да се повтори играта од пред седум дена, да се спушти нивото на еуфорија која никако не смее да им удри во глава на момчињата на Тони Јакимовски и, секако, да се има малку спортска среќа.

„Кој само можеше да поверува дека ќе успееме да го одржиме почетниот резултат во Вентспилс по турбулентниот почеток на подготовките. Тоа што, речиси, сите не' прежалија излезе во наша корист. Меѓутоа не треба да се преокупираме со тоа. Минато е, треба да се насочиме на она што не' очекува, сериозно да му пристапиме на натпреварот, да одиграме организирано и концентрирано. Работата не е завршена. Минаа 90 минути, претстојат уште толку во Скопје. Вентспилс нема лесно да се откаже, ќе треба добро да се намачиме да го елиминираме летонскиот состав во што јас искрено верувам дека може да го сториме тоа“, изјави Тони Јакимовски, кормилар на Тетекс.

Вентспилс е лански учесник во фазата по групи во Лига Европа. Беше во Д конкуренцијата заедно со португалски Спортинг, германска Херта и холандски Херенвен и го освои последното место. Беше дури на чекор до пласман во групната фаза и во Лигата на шампионите. Во квалификациите ги мина Диделанж (Луксембург) и Бате Борисов (Белорусија), во плеј-офот го загуби двомечот со Цирих.


#
Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Контадор нов лидер на Тур де Франс
Работнички во Ереван по добре дојде за Ливерпул
Анри двојно ја зголеми продажбата на влезници на Њујорк
Матешиц негира дека има фаворизирање во Ред бул
Тадиќ и Јосиповиќ со поддршка за регионална лига
Лев доби нов договор
Џон Вол МВП на Летната лига
Хоџсон среќен поради доаѓањето на Кол во Ливерпул
Менкиноски на чело во Струга
Роџер Хејден замена за Де Пуние