Хоџсон среќен поради доаѓањето на Кол во Ливерпул
Новиот тренер на Ливерпул Рој Хоџсон кажа дека Стивен Џерар и Џејми Карагер одиграле главна улога во трансферот на Џо Кол од Челзи. „Клубот нема тајни, а и јас немам тајни. Дојдов тука да работам со играчи како Стивен Џерар, а не да го гледам разочаран пред да почнеме да соработуваме. Тој и Карагер го советуваа Кол за време на СП во Јужна Африка да дојде во Ливерпул. И се надевам дека не погреши. Со Џерар, Торес и Кол нападот ќе биде одличен. Го видов Торес пред една недела кога бев на Ибица. Разговаравме малку и тој ми кажа дека повредата не треба да ме загрижува и дека се ќе биде в ред. Го очекувам на 2 август во добра кондиција“, изјави Хоџсон.
Околу можниот трансфер на Маскерано во Интер, каде нов тренер е довчерашниот менаџер на Ливерпул, Рафаел Бебнитез, Хоџсон вели: „Му пратив порака на Маскерано во која му честитав за играта на СП. Се сеќавам дека му напишав дека не очекувам да се јави. Се' што сакав е само првичен контакт. Доколку се јави тоа ќе биде краток муабет. За Мундијалот, за времето во Аргентина, нормален краток муабет. Постојат шпекулации за негов трансфер во Итер, но тоа се само шпекулации“ потенцира Хоџсон. |