Менкиноски на чело во Струга
ФИДЕ-мајсторот Ристе Менкиноски (рејтинг 2322) се издвои на врвот како единствен со максимални три поени по една третина од 19. Отворено меѓународно првенство на македонија во шах што се одржува од 18 до 24 јули во Струга. Менкиноски во третото коло со црни фигури го совлада Кирил Стојановски (2125). Дербито на колото меѓу интермајсторите Филип Панчевски (2402) и Никола Васовски (2312) заврши нерешено по 58 одиграни потези.
Други резултати од третото коло: Станојоски - Коскоска 1-0, Андоновски - Д. Стојановски реми, Богдановски - Илиевски реми, Петров - Органџиев реми, Владимиров - Николов 0-1, Главинац - З. Илиќ реми, Скрчески - Темков 1-0 итн. Табела: Менкиноски 3, Панчевски, Васовски и Станојоски по 2,5 итн. (Р.Д.) |