Роџер Хејден замена за Де Пуние
Американецот Роџер Ли Хејден, помлад брат на светскиот шампион во Мото ГП од 2006 година, Ник, ќе го замени повредениот Французин Ренди де Пуние во трката за Големата награда на САД претстојниов викенд, соопшти тимот на Хонда. Де Пуние ја скрши левата нога на Германското гран-при во Заксенринг и беше опериран ноќта во неделата. Тимот соопшти дека на 29-годишниот возач му е вградена титаниумска прачка и тој вчера ја напушти болницата.
„Велат дека ми требаат шест седмици за рехабилитација, но ќе да дадам се' од себе за да се вратам за трката во Брно“, изјави Де Пуние, мислејќи на Чешкото гран-при на 15 август.
Светскиот првак од Јамаха, Валентино Роси, им се врати на трките викендот и го освои четвртото место, само шест недели по кршењето на ногата.
Хејден добро ја познава патеката во Лагуна Сека, каде што се натпреваруваше во Мото ГП за Кавасаки во 2007, кога го освои седмото место. |